За вежбање по дома која справа ќе ми ја препорачате како најдобра. Само немојте со предлог по фитнес сали, јас и претходно не сакав а сега со вирусот па ич. Мрза сум да земам некои вежби, може со справа да ја имам полесно ќе ми оди. Да напоменам не ми е за слабеење
Ми стаса за неполни месец од алиекспрес... Постојано си викам да станувам рано кај 6 да вежбам па на работа да одам ама преморена сум
Зошто да инвестираш во скапи справи, за кои не си ни сигурна колку ќе те мотивираат да вежбаш?! Не еднаш овде, на форум сум прочитала дека Орбитрекот си го користат ко скапа закачалка. Почни од youtube видеа за почетници, кратки и лесни. Има многу избор. Разгледај што ти одговара. Ако ништо друго можеш да почнеш со ова, па постепено покачувај на време и тежина. Сè зависи од тоа која ти е целта, колку си мотивирана и на кое (фитнес) ниво си.
Сум пробала со вежби така ама бргу се откажувам, се мислам дека ако купам справа поради парите ќе вежбам
Каква справа за какво вежбање по дома? Не сфаќам. Тегови нема да сакаш оти се вежби ко од Јутуб.... Справи.... Секоја справа таргетира одредена група на мускули. Сигурно нема да вежбаш само еден дел од телото. Каква справа очекуваш да најдеш? Ако не ти е за слабеење, за што ти е? Ленти за трчање и статични точаци се кардио вежби, слабееш. Ако сакаш да вежбаш као у теретана ама да не си во теретана, треба да купиш multi station home gym што е преголемо и прескапо и веројатно не мислиш на такво нешто. Или да си напрајш теретана у подрум со сите справи
Ако немаш прво мотивација, а после (многу битно) дисциплина, верувај...нема ни тогаш. Ако справата ти е за да се "натераш" да вежбаш а инаку те мрзи, не давај пари за џабе. И ако некој стварно има желба, ќе почне да вежба и ништо да нема дома, само bodyweight, па после би земал рецимо тегови, а не справата да го натера магично.
Мислам дека многу мал процент во МК вежба од помладите женски генерации за разлика од западните и Скандинавските земји. Тешко се наоѓа другарка за вежбање не можеш да ги натераш
Нема потреба некого да тераш или разубедуваш за вежбање. Превземи сама иницијатива да ја разбудиш енергијата во себе и да почниш да вежбаш. Само ти можеш да си се мотивираш никој друг.
Здраво Сакам да почнам да вежбам да го променам моето тело бидејки веќе со моето тело се чуствувам катастрофално и никакво чуство имам. Секој совет е добредојден.
Наутро кардио вежби па на крајот 15 женски склекови, чучњеви по 5 серии. Пладне исто како наутро па после 5 километри трчање. Ама мора да се внимава и на исхраната. Мораш пред и после секој тренинг да се истегнеш убаво и да се истушираш со топла вода за да не ти се воспалат мускулите.
Е што вака монотоно секој ден.. @Limpan ако воопшто не си вежбала до сега, а сакаш да почнеш сама, мој топол совет е да почнеш со пилатес. Со бавни и концентрирани движења најубаво се учи техниката и mind- muscle конекцијата. Оти на почеток секоја вежба ќе ти се чини тешка па пилатесот е одличен за почетници Paola Pilates (кај оваа се убави и лесни вежбите) и Blogilates на инстаграм се одлични (ќе ти пишам и други ако ми текнат добри). Можеш да поделиш за почеток трипати неделно full body па кога ќе ти се навикне телото, да поделиш на upper/lower, да вметнеш тежини ако имаш и да преминеш на потешки тренинзи.
Па само склекови и чучњеви секој ден по двапати е монотоно. Има преку 50тина вежби и за bodyweight, не се само тие.
Запиши се в теретана. Јас така почнав, на почеток ми беше претешко, се чувствував многу несигурно во секој чекор, но секогаш има некој што сака да ти помогне и да те мотивира. Јас со месеци работев погрешно оти вежбав каде што знаев никој нема да ме гледа и осудува Значи почнав од 0, да не речам од минус. Многу ми помогнаа бодибилдинг јутубери што ги следам, па излегов некако на прав пат. Како и да е, многу ми се промени самодовербата и начинот на кој што се гледам себеси до ден денес. Целта ми беше да накачам килограми, бидејќи со исхрана не успевав(или па не сум била доволно упатена). Почнав со 53 килограми, сега сум на 63, идеме кон 68 идеална тежина, иако дома вежбам со тегови поради студентска криза и банкрот, не можам да се пожалам. Најбитно е да имаш дисциплина редовно да се појавуваш и кога не ти се мрда од креветот, бидејќи мотивацијата ќе се појавува и на периоди ќе ја снемува, да се потсетуваш зошто си решила да почнеш да вежбаш на прво место.
Прво, не сум стручна за ова, така што ќе пишам од скромни познавања и лично искуство, па некој што знае повеќе нека ме дополни. Имам приметено и на форумов и општо од луѓе што си вежбаат рекреативно дека кога се работи за регионот на стомакот, највеќе применуваат crunches и sit ups и нивни наријации, некогаш и голем број повторувања. Океј, да, ги вежба тоа стомачните. Ама...ако мене ме прашувате, како многу побитни би вклучила core stabilization exercises . И овие се многу битни оти јадротo (стомачниот регион, долниот дел од грбот) е оној дел што го држи телото стабилно у место при вежби кои се изведуваат стоечки, без разлика дали раце или нозе вежбате. Или пак кај вежби со една нога, во table top или plank позиција исто така јадрото е она шо треба се движи координирано или да мирува (зависно од вежбата)а не да се придвижува и ниша неконтролирано и со тоа да ја наруши техниката на самата вежба, што мене ми се случуваше додека учев техники. Баш овие што ги спомнав, вежби во table top или plank позиција, додека ги изведувате, обрнете внимание како се движи јадрото и колковите, дали можете да одржувате рамнотежа, дали мора некако да модифицирате со нозете и рацете за да не паднете итн. Оти лично еднаш открив дека на една вежба несвесно ја кривам многу ногата оти не можам да се додржам инаку, па ја утнувам и самата техника. Па малку по малку, со бавни и концентрирани движења пробувајте да го исправате тоа. То ест, да го држите торзото во место или повеќе контрола да заземете во тоа како се движи наместо само нестабилно да го следи другиот дел од телото. Вежби што ја предизвикуваат рамнотежата, и нивно постепено подобрување, ќе помогне и во останатите вежби за нозе и раце да се изведуваат со подобра техника Ова беше голем проблем кај мене, 90% од вежбите ги грешев, затоа повеќе од лично искуство кажувам.
Колку отприлика се цените во теретана со личен тренер?Или не мора класична теретана, може и некој друг фитнес центар. Најмногу би сакала да ми препорачате некој, прашувам за личност што нема вежбано со години и има проблеми со зглобови, артритис и слично, значи да има искуство.
И двете. Јас првпат кога почнав со вежбање практикував пилатес поради проблеми со 'рбетот, ама потоа почнав и трчање. Зависи кон што повеќе се стремиш ти. Трчањето повеќе се практикува за слабеење како кардио активност, затегнување на телото и повеќе издржливост. Пилатесот помага повеќе за подобрување на флексибилноста, циркулацијата и рамнотежата на телото кои сепак ќе ти бидат потребни и за трчање. Од двете активности ќе имаш придобивки за тонирање на телото и подобрување на целокупното здравје.