Ако сакаш убаво обликувано и поцврсто тело дефинитивно пилатес. Трчање е само за слабеење. Со трчање убаво тело не се прави. Секако ако можеш да го убациш како кардио барем еднаш, два пати неделно би било убаво.
Тоа зависи од тебе што повеќе сакаш да вежбаш и повеќе ти лежи.Сите сакаме различни спортови.Мене на пример трчање ми е многу досадно нешто.
Пробај на сабајле на празен стомак брзо оденје. Фати еден ритам и неколку км брзо одење. Слушалките, музиче и крцкајси. Ко ке си дојдиш дома еден туш и за доручек 5 варени белки и овесна каша. За 3 недели разликата ќе биди голема.
Фала ви на сите за одговорите.. Пред година и пол почнав да вежбам пилеатес..супер е, многу ми се допаѓа. Последниве два месеца не бев редовна но сега пак почнав! Незнам колку сум спремна за трчање онака затоа прашав, ама ќе комбинирам дефинитивно...
Ги барам вежбите на јутјуб од џулијан мајкл ама не можам да ги најдам,... имаше едни вежби каде што за брзо се обликуваше телото
Ок, не ми беше поентата, поентата ми е дека вежбите беа многу добри па и резултатите беа чудо колку брзо идеа, сепак било каков совет или препорака за други вежби(за слабеење и за обликување) секако дека се добредојдени
На нејзиниот канал мислам дека има видеа од цели workouts види.Ако стари програми се тргнати, ти секако можеш да си комбинираш видеа од по 10-20 мин.
Како бе со трчање не се обликува убаво тело. Не си ги видела атлетичарките какво убаво дефинирано тело имаат. Со трчањето секој можен мускул на телото го активираш.
Убаво тело не е под дифолт само набилдано до степен секое мускулче да се познава како на атлетичарка. Пример јас под убаво женско тело подразбирам тенок струк, рамен стомак без мускули и атрибути според висината, уствари нема врска атрубутите до толку. Има девојки што се препреубави и без атрибути.
Изгубив килажа во последниве година ипол-две и телово ми се измени. Задникот ми е non existent. Кое вежби се наменети за тоа, освен чучњеви?
Исчекори, сите верзии на исчекори, чучњеви, оние подигнување на задник во вис од лежечка позиција како мост и стегање на задник, планк на ѕид во чучањ, не знам како да го објаснам, ама од него задник и нозе горат...
Glute bridge, single leg glute bridge, fire hydrant, donkey kicks, backward lunges, deadlift, leg pulses, cross over extension...
Како ли ги заборавив овие Fire Hydrant, омилени ми се. Ваљда дека ме боли дупе од вчера што ги оптеретив дупло Иначе вежбање со ластици е нова димензија, се преродив. Многу повеќе осеќам терет и поубаво ми е.
Мое искуство е дека не е лошо да комбинираш. Секој тип вежби си има свои придобивки. Кога вежбав само пилатес имав супер резултат во јакнење на мускулите, ама многу ми фалеше да се истрчам, да ми се убрза работата на срцето уште повеќе и да осетам дека се препотувам. Не трчам надвор, во далечина. Преферирам трчање во место бар 10-15 мин, во комбинација со други вежби.