Вежбите се само стимуланс на мускулно ткиво а храната е таја која е одлучна дали ќе зголемувате или намалувате тежина. Како и сите останати мускулни партии така и стомачните мускули треба да мируваат цели 72часа за да се опорават. Ако тренираме секој ден една иста мускулна партиа, влегуваме во плато на стагнација и нема добивки а и со то иди до претренираност. Волуменот значи бројот на серии треба да биди мах 30 серии на неделно ниво. Стомачни се прават со избалансирана исхрана.
Сè топ, само не претвараш сало во мускул, 2 различни работи се. Мускул зголемуваш/зацврстуваш претежно со вежби со тежина, а сало топиш со сè, ама најбрзо најефикасно со кардио вежби.
Супер опрема имаш. За топење на мастите ќе ти помогне најмногу Орбитрек. Два пати неделно на Орбитрек и два пати неделно вежбање на стомачните мускули. На почеток вежбите за стомачните мускули прави ги со телесна тежина, а понатаму ќе си додадеш и тегови во рутината. Пред и по вежбањето задолжително вежби за истегнување по 10 минути. Почни со 30-40 минутни тренинзи (вкупно со истегнување) и фокусирај се на правилна изведба на вежбите со помалку повторувања. Кога ќе ги усовршиш движењата ќе почнеш да зголемуваш број на повторувања. Еве ти предлог видео со вежби: Има интересни видеа на овој канал. Разгледај што најмногу ќе ти одговара. Многу е важен калорискиот дефицит, ти кажаа и погоре. Освен тоа, ако имаш финансиски средства, можеш да вклучиш и кал за топење на мастите на стомакот од Гуам како помошно средство. Некаде околу 3000 ден. е калта. П.С. Можеби најлесно ќе ти биде да пуштиш некоја серија да гледаш додека вежбаш на Орбитрек, брзо ќе ти помине времето.
Богами се кардио. Иначе у право си, не знам зашо упорно ми е врзано тоа во глава али нема везе.. ја дека не сум праела нишо за слабеење, само вежбање (шо не ми се ни потел стомакот нешо да кажеш) Фала на исправка
Види, ти доколу си во калориски дефицит, во секој случај ќе ослабнеш дали со или без вежбање тоа прво да разјасниме, само нормално многу потешко и побавно, а во твојот случај доколку ги вежбаш само стомачните можеби на почеток и да имаш некој минимален резултат, по кратко време фиксно стагнираш и не си постигнала ништо. Особено за слабеење ти требаат и кардио тренинзи како и вежби за секоја мускулна група на телото. И секако да не заборавиме одмор по мое најдобро 2 дена во неделата, без форсирање со вежби 7 дена неделно. И друга работа, многу е битна и количината на храната, а не само да гледаме да е здрава, бидејќи и со здрава исхрана можеме да бидеме во суфицит и да имаме потполно спротивен ефект од тоа што го сакаме. @swwetyyy
И да тренира само стомачни можи да има добра форма на стомак доколку ги тренира правилно и избалансирана исхрана. Немора да тренира грб, трапез или рамена за да има стомачни. Тие се одделена мускулна партиа. Битно е да се тренират со доволен волумен стомачните и ќе има резултат. Со кардиото и со калориски дефицит слабееш низ цело тело а со тежински тренинг само стимулираш една мускулна партиа. Доколку му дадеш доволно волумен и интензитет на одредена мускулна партиа, ќе има напредок. Доколку западни во плато, постој процес кој се вика шокирање на мускулот, се заменува исхраната и начинот на тренинг на пример се додава гиган сетови или супер сетови или периодизациа. Периодизациа ти е најдобар метод во секое време.
Не беше муабетот за добра форма на стомачни мускули туку за целокупно слабеење на телото. Барем јас така сфатив. Зошто така кога може на многу полесен начин? И сепак мислам дека во секој случај е подобро добра форма на целото тело одколку само добра форма на стомачни, реално тоа е целосна слика на телото, не се само стомачните битни за да бидеш фит што би се рекло. Сепак тоа е само мое мислење, секој за себе си знае. Јас доста време талкав така, вежбај само едно, секој ден истото, резултати никаде, секогаш завршував разочарана. Мислев дека доколку вежбам само стомачни ќе ослабнам во стомакот, или доколку вежбам само нозе ќе ми ослабнат само нозете, ама како што можеш да претпоставиш не било така. За мене тој начин не функционира и не е практичен. Многу работи научив и сфатив со тек на време што и како функционира и си викам камо и мене да имаше некој да ми каже па да не поминам низ истото разочарување секој пат кога ќе почнам. Барем за мене знам што функционира и тоа го давам како совет затоа што сакам да помогнам да не талка некој исто како мене порано . Не мора секој да ме слуша повторно ќе напоменам дека секој за себе си знае. Јас кажувам од мое лично искуство и тоа што сум постигнала и научила низ годините па се досега. Не сум фитнес тренер, не сум нутриционист, само некој кој имал секакви искуства со фитнесот и си го пронашол својот пат.
Потполно си во право, но јас немам никаков проблем со мојата тежина , јас само сакам да го средам стомакот , т.е салото и пред се здрава исхрана но и тоа во нормални количини.
Во ред е тоа душо, ама работата е што не можеш да бираш кој дел сакаш да го "средиш" доколку си во калориски дефицит како што кажа ти, туку губиш на телесна тежина на целото тело. Доколку немаш проблем со тежината немаш потреба од калориски дефицит. Храни се здраво, во нормални количини како и досега, одржувај си ја тежината и зацврсти си го целото тело со вежби зошто повторно ќе кажам за да некој изгледа "фит" не е само стомакот битен како ќе изгледа, туку целосната слика на целото тело. Во секој случај си плус, тонирани нозе и др., намалување на целулит доколку го имаш, и секако кондиција што само со вежбите за стомак не можеш да постигнеш. Мислам дека нема да штети и по некој кардио тренинг тука. И секако тука да го спомнеме и здравјето, зошто цело време муабетот се врти околу изгледот, а здравјето секогаш го забораваме кога станува збор за вежбање бидејќи од вежбањето имаме и многу здравствени придобивки. Мислам дека избегав од темата малце хаха. Сепак, уште еден мој совет и мислење кој не мора да го примениш доколку не мислиш исто. ❤️
Сакам да вежбам, од чиста причина што мислам дека моето тело може да изгледа по тонирано од сега, плус бидејќи е здраво. Но кога и да почнам, нешто ми се случува. Ме фаќа некое тешко јадосување дека изгледам грдо и дека причината зашто се мачам е бидејќи сум грда и не знам што. Кога мислам на вежбање, го немам. Одам со другарка и само што ќе поминат 5-6 минутки, ете го пак. Сите велат дека после вежбање психички се чувствуваат многу поубаво. Кај мене не е така, баш спротивно, нервозна сум и не сакам со никого да зборувам едно саат време. Дали имате некои совети за како да изградам подобар ментал кога станува збор за вежвање? Сигурно овие цел живот што се со фитнес, имаат некој посебен начин на размислување?
Не верувам дека имаат некој посебен начин на размислување туку имаат страст кон тоа, и ги исполнува како што на некој друг на пример го исполнува читањето книги да речеме, индивидуална работа е тоа според мене бидејќи сме сите различни. Јас би ти кажала дека навистина вежбањето нема врска со тоа дека изгледаш грдо, и мислам дека треба да се потрудиш да се сакаш себе, во секоја ситуација, со шминка или без, при вежбање или не, дотерана или по пижамки бидејќи тоа си ти истата во било која ситуација без разлика дали ќе лежиш дома и нема да правиш ништо или ќе одиш да извежбаш и ќе постигнеш нешто што си замислила. И вежбањето нема потреба воопшто да ти предизвикува несигурност бидејќи со него можеш да имаш само бенефит и физички и психички и здравствено, и утре, задутре и за неколку месеци да станеш подобра верзија од тоа што си денес, а не можеш да изгубиш ништо. Тоа си ти истата во секој случај. Се надевам дека барем малце ти помогнав. ❤️
Толку прекрасно зборуваш се ти е на место , браво . Може препорака видео за кардио вежби , бидејќи на интернет има стварно премногу видеа ,но не е работата тоа најбитно е на пример и да не се толку многу но да бидат како што треба и објаснето и демонстрирано.
Велиш кога и да почнеш... Значи изгледа се откажуваш често? Немој... Баш коа се осеќаш вака продолжи да вежбаш уште повеќе и уште поредовно. Измори се убаво на тренинг. Малку по малку хормоните ќе ти кикнат во глава, и ќе осеќаш поголемо задоволство после тренинг, или барем мир и релаксираност. Мајндсетот на тие што издржале да вежбаат долго време е - денес морам да идам и да вежбам и неам друг избор. Дури и крш да е тренингот, малку активност е бољи од неактивност. Сконцентрирај се на тоа дека стануваш посилна. А не на изгледот. Со тек на време вежбањето ќе ти прерасне во навика. А изгледот ќе ти е гратис.
Моја препорака повторно ќе кажам е Lilly Sabri, кај неа имаш секаков вид на вежби вклучувајќи и кардио тренинзи, сите се предобри така што не би можела да издвојам. Види си што тебе ти одговара јас сум сигурна дека нешто ќе пронајдеш.
Дали со зацврстување на мускулите (обични вежби без користење на значително голема тежина како тегови) за лица кои немаат вишок масни наслаги, визуелно телото ќе изгледа послабо? Знам дека само со тежина мускулите се зголемуваат.
На вакво нешто мислиш? Спојлер https://www.boredpanda.com/same-wei...oogle&utm_medium=organic&utm_campaign=organic
Да, еве како оваа девојка На втората слика многу послабо изгледа а верувам мускулите и се поцврсти отколку на првата и тежи повеќе. Но толку визуелно тенко тело мене не ми се допаѓа