Не е проблем, јас ќе споделам вежби. Ама, како што ти рече и @Angie1432 немој да очекуваш резултати преку ноќ со овие вежби. Редовното вежбање мора да се дополни со правилна и избалансирана исхрана. Без правилен режим на исхрана нема да ги имаш резултатите кои ги посакуваш. Спојлер: Вежби Да, многу е лесно затоа што повеќе е видео за почетници како што имам приметено дека е самиот канал на April Han. Инаку како што кажа и ти, сигурно дека со комбинација од повеќе вежби за цело тело, редовна физичка активност и исхрана ќе имаш резултати. Таргетирање на еден дел од телото е мит, не можеш да таргетираш специфични делови од телото за да ослабиш.
Абе можеш и дома да направиш барем некое тело (набилдано нешо не) ама онака пак убава визуелна промена да. Е само проблемот е што луѓе што првпат сами вежбаат дома многу често немаат резултати зашто немаат едукација. При вежбање мораш да пазиш на техниката, mind-muscle connection, каде смееш моментум, каде не, core stability, range of motion итн. Џабе ќе гледаш видео и некако ќе го измитираш движењето ако елементиве не се запазени.
Мислам дека разбирам зошто не сакаш да изгубиш повеќе масти. Сепак би одбрал тежински тренинг, значи со тегови. Со не многу голема килажа, и со послаб интензитет. Вежбите со сопствена тежина се ефикасни, но сметам дека со теговите ќе имаш подобри резултати. Со физичка активност секако се трошат калории, односно масти. За да го намалиш тој ефект, без разлика дали ќе вежбаш со сопствена тежина или тегови, би требало да го качиш калорискиот внес за да бидеш на maintenance calories + она што го трошиш при вежбање. Значи вежбај, но јади мааааалку повеќе, едно 200-300 калории повеќе од обично, особено деновите кога вежбаш.
Знаете ли некоја фитнес инструкторка за поубаво обкикувано тело (задник, стомак...) која прави и режим на исхрана во Прилеп?
Вежбав подолго време во теретана но сега овој период вежбам дома. Вежби што навистина покажаа резултати кај мене се овие на Chloe https://www.chloeting.com/program/2020/hourglass-program.html
Вежби и исхрана за топење сало околу стомак? Немам кондиција затоа ми треба нешто за почетник или план/мении ?
Не постојат такви. Мора да запазиш калориски дефицит, доволно вода и сон, тежински и кардио тренинг, или па зависи што сакаш да вежбаш. Вежбањето нема да ти помогне да слабееш ако исхраната не е ко што треба, што не значи дека не треба да вежбаш. Значи прво исхраната, ама ниедна исхрана не слабее само одреден дел од телото. А за план ќе отстапам на некој друг да ти предложи
За топење сало само кардио вежби. Ако не си била воопшто активна би ти препорачала да почнеш со трчање (исто и аеробик), а ако немаш услови за тоа вежби од јутјуб, има доста, од лично искуство ти ставам линк од два профили каде можеш да пребараш кардио вежби за почетници. https://youtube.com/c/PamelaRf1 https://youtube.com/c/HangTightwMarcie
И тежинските тренинзи топат сало, (не буквално ама да, помагаат у тој процес) на поинаков начин само. Не знам зашто кога некој сака да слабее, секогаш му се дава како опција само кардио.
Вежбањето само кардио не е решение. Со тоа се губи и мускулна маса. Треба особено да се внимава да се внесуваат што е можно повеќе протеини и пак да се биде во калоричен дефицит. Најубаво е да се избалансира со тренинзи а не само кардио. Резултатот може да биде skinny fat, како во мојот случај пред 4 години. Иако гледав колку толку да внесувам протеини. Самото вежбање и дефицитот на калории ќе си го направат своето со тек на време.
Да, точно е сето тоа, ама ако почетник сака да слабее и топи сало е најдобро да почне со тоа па постепено да вметнува и тежински вежби, затоа што обратно само ќе билда мускули а салцето потешко ќе се топи (во пределот на стомакот најмногу се познаваат мускули набиени а покриени со сало). Затоа и го дадов тој предлог. За исхраната не коментирав затоа што не сум компетентна да советувам други, за себе знам што ми одговара.
Мускули не се "билдаат" туку така. Да, кај почетник како некој што никогаш не бил активен ќе види резултати зашто тој напор е нов и голем за дотогаш мрзлив мускул. Ама некое посебно билдање нема да види, особено ако е во калориски дефицит, а и таа мала дефиниција што ќе ја види баш ќе ја зачува формата на телото при слабеење. Кардио топи сало моментално, тежински на подолг рок.
Почетниците почнуваат секогаш со кардио и некои вежби. Најчесто справи за различни мускулни групи. Секој почетник и да е во калоричен дефицит ке "накачи" малку мускулна маса. Се работи за многу мала и незначителна количина. Реалноста е дека кревањето на маса е исто така тешко колку и слабеењето. За кревање на маса треба да се ЈАДЕ поштено... Така да да речеме 10 минути кардио на почеток, 40 минутен тренинг за сите мускулни групи по малку па 10 минути пак кардио. Тоа е се што му треба на почетник. Да се запознае со движењата а не да се набилда. Ако прави само кардио ќе се зезне а тоа поправање е многу тешко после, од лично искуство зборам. Она што мене ми се има случено бидејќи никој не ме насочи тогаш.
И јас кажувам од искуство кога прв пат почнав да вежбам, стомакот ми се набилда и линии од страна се познаваа од стомачните, а салцето се тресеше над нив. Како и да е, да, најдобро е комбинација на вежби, и со тек на време да си види секој што му одговара најдобро на неговото тело. Лично јас најдобри резултати остварив сега со комбинација на HIIT и тежина,откако ослабев 4 кг што ми ја даде потребната дефиниција.
Морам да се надоврзам. Имам долгогодишно искуство со аеробик и можам да потврдам дека навистина помага да се намали салото. Во едночасовен тренинг мин 20 минути на почетокот ми се кардио вежби, убаво да се препотам, пулсот турбо. А останатите 30-40 минути вежби за дефинирање на секоја посебна група мускули и за тоа време продолжувам да се потам, не престанувам. Кога вежбав пилатес или фитнес со справи, не се потев ни приближно толку, мускулите ми растеа многу поборзо, а имав чуство дека имам непотрошена енергија и желба да се истрчам и испотам. Сега комбинирам со кардио обавезно кога вежбам а исто вежбам и HIIT и тегчиња и ластици за отпор користам. Ама без кардио вежби, се осеќам како да не било тоа тоа вистинското.