При кардио тренинг (аеробен) телото ќе потроши повеќе калории. По тренингот, за кратко време телото се враќа во нормална функција и престанува да троши дополнителни калории. НО, кај тежинскиот тренинг (анаеробен) калориите не престануваат да се трошат кратко по завршувањето на тренингот, туку телото продолжува да согорува калории со часови па дури и денови (бидејќи троши енергија за да ги обнови оштетените мускулни влакна и да изгради нови). Фактите велат дека дигањето тегови троши вкупно повеќе калории отколку кардио тренингот, и долгорочно се постигнуваат подобри резултати. Додека аеробниот тренинг долгорочно го подобрува кардиоваскуларното здравје. Се зависи од целите и способностите на секој како индивидуа. Идеалната програма за вежбање вклучува и тежински и кардио тренинг.
Стално се труби едно исто дека тренингот е само стимуланс на мускулно ткиво а храната е таја која што прави промена на телото. Можиш да правиш кардио секој ден но ако пред кардио тренингот внесиш 100гр хидрати, џабе правиш кардио. Секој почетник треба да започни со full body 2 недели,следна фаза upper lower па тек после push, pull, legs a не одма кардио. Кардио се прави наутро на празен стомак или после завршувањето на тежинскиот тренинг кога гликогенот во крвта е намален и кога желудникот е полу празен.
Баш така, долго време вежбав само тежински ама се чувствував како да ми фали нешто, како да не е тоа тоа за најдобри резултати. Претходно сум одела и на аеробик и тогаш увидов дека всушност е ефективен за слабеење. Вметнав кардио и HIIT чисто заради експериментација иако не ги сакав, некако се чувствував како да немам сила да го вежбам тоа. Дури кога почнав да ги комбинирам сфатив дека кондицијата што сум ја имала стекнато не е ни малку слична со таа што се стекнува со кардио вежби, а за пулсот после вежбање кардио да не коментирам, чувството е незаменливо. Слично и јас како тебе сега, најчесто почнувам со кардио/HIIT а завршувам со вежби во кои полека вметнувам и ластици и тегчиња (се уште во форма на шишиња со вода , уште кратко де).
Нема стриктно правило дека мораш кардио да правиш само наутро или само после тренинг, сепак нешто зависи и од резултатите што сакаш да ги постигнеш, од тоа што ти одговара лично тебе, така со добра рутина може да постигнеш супер резултати. Еве јас вежбам навечер, не можам сабајле да вежбам кардио ниту пак после тренинг, едноставно немам сила, не можам телото да го мрднам и не ми одговара. А во врска со храната пребитна е да, ама и да не пазиш на тоа нон стоп со малку физичка активност сепак ќе видиш резултати. И тоа е тоа.
Јас секогаш после тежинските тренинзи вметнував кардио. Без кардио не ми е потполн тренингот, и точно многу е потребен за кондиција, при изведување на тежински тренинзи. Не знам дали е погрешно и колку е погрешно да се прави кардио пред тренинзи, но доколку се прави пред тежинскиот тренинг трошиш енергија, мускулите се заморуваат и не можеш да го изведеш тежинскиот тренинг како што треба. Затоа ако ти е целта да ставиш мускулна маса и да го обликуваш телото не треба да се прави кардио пред тренингот.
Кога се спремам за маратон јаглехидрати внесувам многу повеќе од 100 грама. Всушност, можеби и над 1200-300 калории ми се од јаглехидрати, особено една недела пред трката. Во текот на трката внесувам околу 30-40 грама јаглехидрати по час трчање. Значи за два часа трка 1 грам јаглехидрати на телесна тежина. И тоа, ова е минимум, некои земаат тоа на само еден час. И покрај толку многу јаглехидрати, за 2-3 месеци подготовки ослабувам, 4-5 кила. Јаглехидратите се најважен извор на енергија за време на вежбањето. За кратки и интензивни тренинзи може да се дури и единствениот извор на енергија, кој може да биде исклучиво од гликогенот во самите мускулни влакна. Конзумирањето јаглехидрати пред кардио тренинг е од големо значење кај подолгите кардио тренинзи каде што е потребна издржливост. За зголемено трошење на телесни масти од страна на мускулите, се препорачува да не се јаде 1 час после кардио тренинг. Eat your carbs, people...
Фала ти што сподели. Ми потврди тоа што си мислев за јаглехидратите. Многу лоша репутација имаат моментално ама никој не зборува за што ни се потребни, а особено не се зборува дека има разлика од едни до други јаглехидрати, зависно од која храна ги добиваш. Не е исто бомбони или парче овошје. А второво во многу диети е забрането. @SexyDarling и јас како тебе вежбам навечер. Поточно помеѓу ручекот и вечерата. Тогаш и најмногу имам потреба од движење, за да се релаксирам. Насабајле кога сум вежбала напорен тренинг не сум можела да бидам толку силна и ефективна. И после цел ден сум наопаку некако како изморена. Наутро евентуално може јога или истегнување само, ама не нешто интезивно. И никогаш ама никогаш неможам гладна да вежбам, односно пред доручек. Немам енергија ич ако не сум јадела. Идеално ми е да сум јадена и после 2-3 часа од јадењето да вежбам. Никогаш со полн стомак не почнувам. И после вежбање вечерам ама после еден час од тоа.
Искрено мислам треба секој да гледа што најмногу му одговара на сопственото тело. Почнувајќи од исхраната и тренингот. Секој е различен и нема универзално решение за сите нас. Јас на пример вежбам во 7 саат сабајле, би вежбал во 5 да беше отворено... За исхраната... Да не спомнувам колку јаглехидрати внесувам. Ама тие воопшто не држат ситост, одма ги трошам. Вежбам секој ден и пак имам прогрес. Сето ова никој не би го препорачал ама ете за мене "упали". Така да според мене најбитно е човек да се испитува самиот себе си и да си открие што најмногу му одговара.
Имам прашање, дали некои знае каде можам да најдам Arm Blaster. Оноа менталното што го изолира бицепсот. Најдов еден само на Рузвелтова за 1600 денари. Планирам утре да го земам. Има ли некаде на друго место ??
Сум видел во пбц, во полео мислам исто, и во ранерс. Дома вежбаш? Зашо трошиш пари на arm blaster? Немаш некои огромни придобивки освен што е потешко да мамиш (cheating) кога вежбаш бицепс. А ако веќе имаш cheat повторувања едноставно намали ја тежината, голема ти е... Во теретана немаш preacher bench?
Ауууу брат не...... Има preacher bench.... Света работа е ова арм бластеров. Така бицепсот ми се напумпа.... и десет пати поскапо да го платев немаше да зажалам!! Барем мене ми одговара ептен.
Arm blaster e буквално preacher само во стоење. Да се потпреш со грб на ѕид, буквално истиот ефект го имаш. Башка бицепсот колку и да го пумпаш е само 30% од раката пошо е најмал. Али ок, шом ти е мерак, со здравје да си го користиш и голем да растеш (бицепсот де).
А за делот со раката се согласувам. Затоа се фокусирам на трицепсот. Многу МНОГУ поголема разлика има и во големина, обем и сила на раката врз целата рака отколку бицепсот.
10ти ден сум со ковид но се осеќам топ веќе сум оздравена. Паметно ли е да се вежба во ваква состојба ? Ја и кога бев болна знаев да направам по 1 серија од одредена вежба. Да не има последици некакви или е во ред со послаб интензитет?
Фала ти.Јас деновиве правев од тие потешки вежби но правам 1 серија макс. повторувања ништо повеќе од тоа и само една вежба ,секогаш различна вежба за секоја мускулна група за да не излезам целосно од форма.
И да се осеќаш топ, не се брзај. Јас до пред неколку ден од одење се заморував иако релативно лесно поминав, енергијата ми ја исцеди апла, тек сега почнав по малце со лесни вежби. Последици не значи дека ќе има ама сепак прво вежбај нешто пилатес без тежини ако веќе ти се вежба, потешкото одложи барем уште за две недели. Ако претходно си вежбала, секако после брзо ќе се вратиш во форма кога ќе почнеш.
Јас се килавев иако имав ковид со слаби симптоми, ме мрзеше да чекам... Имав температура две недели иако бев негативен...Сега на секои 5 минути не можам воздух да земам....