Не знам дали на вистинско место прашувам. Ако има тема за моето прашање, кажете. Пред некоја година имав сила, мислам на физичка сила, и кога ќе ги стегнев мускулите се познаваше малечок мускул. Сега како кашеста сум во цело тело, како да немам месо. Кога сакам некој склек да направам, не можам никако. Ниту еден не можам. Слабост во мускулите е ова ми се чини. Како можам да ја искоренам таа слабост? Што ја предизвикува слабоста во мускулите?
Па ако не си вежбала долго, од тоа е. Неактивен мускул е по "млитав", без тонус, секако и кондиција и сила се губи со неактивност.
Благодарам. Вежбав, но пак ништо. Сега кога вежбам се тресам. И така на сред вежбање застанувам. Со ова да не знаеш како да се справам? Каква храна да јадам?
Нема шо да се чудиш. Мускулите ако не се користат или одржуваат, просто речено се губат. Позитивното е што имаш мускулна меморија и брзо можеш да се вратиш во старата форма. Почни од полесни вежби или помали тежини. Не очекувај на почетокот да можеш да ги вежбаш истите вежби или со истиот интензитет како порано. Затоа и се тресеш после вежбање. Почни полесно. Со тек на време ќе зајакнеш. За раст на мускулните влакна потребно ти е да јадеш повеќе протеини. Пиј магнезиум за побрзо да ги опоравуваш после вежбање, и да не добиваш грчеви.
Јади доволно, ама многу доволно, пошто ако добро се сеќавам од што те имам читано, тек ќе идеш во средно школо? Тука највеќе се развиваш и многу е битно да јадеш и никако да не се преоптеретуваш со слабеење, не си го пореметувај организмот.
Не промовирајте вежбање дома, не правете ништо без да се консултирате со стручњак па ни тогаш. Јас си направив белја од тоа вежбање 2 месеци, имав совршени гради и после кревање тегови сум проширена а градите се поголеми и раздвоени. Сакав рацете да ги ослабам до коски ама само ги тонирав мускулите, вишокот остана. Дали има назад до старата форма на гради кажете чаре.
Па и со тренер да вежбаш, не може да те изваја тренерот. Такво ти е телото. Од вежбање дома лошо е што може да настанат повреди ако не си под надзор ама ова што збориш е индивидуално, башка од мали тежини никој Хулк не станал. Веројатно со повеќе тежина вежбаш, ете можеш да намалиш тежината за почеток. Мускул не стои сам ако не го вежбаш постојано со голем напор
Какво е твоето тело дај да го видам? Моето тело е сигурно поубаво од твоето, него од вежби го проширив пекторалниот дел што не ми се свиѓа ама ич.
За да го рашириш ти пекторалисот со вежбање од дома треба три циклуси на стероиди да поминеш. У главата ти е. Веројатно нешто си ослабела па во огледало си изгледаш пошироко. Ако сакаше раце до коска зашо дигаше тегови? Иди трчај.
Лол, его мач? Најмалку е битно какво е моето во моментов. Ете помалку вежбај гради или со намалена тежина. Општо некои луѓе имаат повеќе тенденција да качат мускулна маса на едно место отколку на друго. Јас имам широки рамена и без вежбање јер такво ми е телото, со вежбање уште толку се познава ама не може тренер да ми го смени магично физикусот. А и додуша не верувам дека нешто мноогу си го проширила освен ако вежбаш со 20 кг+ дома и јадеш по цело пиле на ден.. Од рекреативно вежбање дома, ако знаеш како и си внимателен, штета нема.
Ауу каде со ова? Туку и мене не ми е јасно како толку си се проширила од два месеци вежбање дома, јас три години вежбам нешто што 90% вклучува горен дел, па немам некое апла толку приметливо проширување. Мислам, точно е дека сме различни сите ама до толку брзо и лесно да ги развиеш пекторалните мускули хмм не ми е верно. Ти најверојатно си сакала да си коска и кожа па мала дефиниција си ја толкуваш како нешто страшно. Вежбај го газот сега, не користи тегови, вежбај пилатес, вежбај кардио, ете тоа ти е чарето. Имаш милион опции.
Не ја проширив многу таа регија него делумно, што воопшто не ми беше целта ама се заебав. Кога вежбаш прво покачуваш мускул, салото се троши после повеќе месеци. Јас до таа етапа не стигнав и не знам до кога ќе пазам на калориите сега е топло и не ми се јаде. Имам сантим или два за симнување во обем и пробав полесен начин, надвор можеш ти да трчаш мене ми е жешко и ме нервираат пешаци. Дигав тежини од што сакав мускули на рацете и тоа дотука е ок навистина има резултати ама обемот не е намален.
Aко помалку го вежбаш, мускулот сам ќе си спласне, ако воопшто стварно си ставила толку мускул. Малце ми е смешно она најгоре што пиша да не препорачуваме вежбање дома Плус коа пиша беља помислив некоја повреда, оно накачување мускул да ти било
Како качувате мускулна маса за 2 месеци свака час. Замислете да свежбате 2 години. Мистер олимпија ќе можи награди да дели без да се појавите на бина.
Да прашам искуство за Наде Василева фитнес тренер, гледам многу реклами има, има програма за 4 месеци со вежби и исхрана, скапичко е малку дали знаете некој што ја има земено програмата. Може да видите инстаграм vasilevskafitness?
Не ја знам женава и не сум стручна ама некако некои постови и се чудни. Како главен фокус да и е само слабеење и губење сало околу стомак во програмите и тоа одреден број кг за одредено време, што знаеме дека е индивидуално тоа, не е за сите исто. Веројатно од скоро почнала да се бави со ова, ете може уште учи ама мој совет да земеш програма од некој поискусен.
Dobra ishrana Dobar trening Odmor Suplementacia Mnogu mnogu vreme i trud. Znaci ne 4 meseci tuku godina dena dur ne se sredi kako sto treba.