Ако одам во теретана, дали е препорачливо да правам и нешто како ова што го има ставено @Carolin. во темата за мотивации: Смислата ми е, да не е претерано? Вежбам програма за слабеење, каде имам многу кардио, а и работа на справи кружна програма каде одам од справа на справа, а не работа во серии. Дур вежбам се уморувам, ама по пет минутна пауза пак можам да почнам наново. Ете ако има и тоа врска со тоа дали можам вакви плус вежби да правам.
Доколку сметаш дека можеш да ги направиш овие нколку вежби плус, гледам 4 од типот на склекови и слични се, и да ги вметнеш во рапоредот без да ти претставуваат поголем терет, слободно. Пробај, и ако не се чуствуваш преоптоварено, продолжи. Ако е точно она што го кажа со вежбањето во теретана и режимот на исхрана, мое мислење е дека телото веќе е навикнато и можеш да пробаш нешто плус. Секако без претерување, секој е свесен за својот максимум.
@Snow-Star ќе пробам веројатно од утре, или од Понеделник, фала ти. Веќе два месеци ја имам новата програма и искрено почна да ми здосадува по малку. Одморот помеѓу еден круг ми е помалку од минута, а после пет минути сум скроз одморена, а помалку од минута навистина се уморувам, вода се цеди од мене. Ако не седнам на кревет кога ќе си дојдам дома мислам дека ќе можам да го истерам и ова. Баш ќе пробам па ќе видам како ќе е. А, штом седнам на кревет и веднаш она мрзливото ме фаќа.
prvo se namaluvaat kalorite pa posle se pocnuva so treninzi najdobro e da pravis kardio i da nosis termo pojas po 1 sat sekoj den. site vezbi za stomak ti se efikasni.
Сакам стомачни. Затоа мо требаат совети за вежби по колку пати да ги правам и какви. Каква исхрана и колку?
Зависи од кое ниво почнуваш. Дали телото ти е веќе во тонус или имаш и килограми за симнување? Дали стомакот ти е веќе рамен и сакаш да оформиш 6 pack или имаш и вишок?
Подуен ми е не многу инаку сало немам. 6пацк сакам да. Не сум вежбала може пола година кардио вежбав. Масти како да симнам т.е. салце
Штом ти е подуен стомакот, внесувај многу вода и зелен чај, избегнувај колку можеш сол. Според мене, до 6 pack ( кои за жал ги немам сеуште ) се доаѓа со комбинација на кардио+стомачни+plank. Ако вежбаш во домашни услови ти го препорачувам видеово: https://m.ok.ru/video/1963394342 Ова е првиот левел, има уште 2. И многу важно, постави си реална цел. Не верувам дека за 6 недели ќе имаш стомачни, но со секојдневно вежбање за 3-4 месеци- да
3 pati nedelno stomacni se dovolni za da se izvadat na povrsina. mastite smaligi,jaglenogidratite isto smaligi a proteinite zgolemigi. vnesuvaj po 2 - 2,5 grama protein na 1 kg, telesna masa,masti 0,5 a jgh 2grama. Rezultati ocekuvaj posle vtoriot mesec. sekoj den stomacni ne se pravat posto i stomacnite muskuli kako i ostanatite muskulni grupi si baraat odmor.
Сакам да го намалам стомкот но не и никако да ја намалам килажата на нозете ( бидејки ми се слаби) кога вежбам носам термо појас но на колку дена треба да ги одмарам мускулите обично правам стомачни и какви плус вежби треба да правам ? :// ... Вежбам само нози( со тежина за да ми се зголемат мускулите ) и стомак ..
nozete trenirajgi 2 pati nedelno so odredena tezina vo serija primer prva serija pravis od 12 do max 15 povtoruvanja a vtora i treta serija zgolemuvas tezina i krevas od 8 do 10 max. stomakot trenirajgo 3 pati nedelno. ako pravis sekoj den nemaat vreme da odmorat muskulite i da se obnovat. proteinskiot vnes zgolemigo na 2.5 grama protein na 1 kg telesna masa jaglenohidratite namaligi na 2 grama na 1 kg telesna tezina a mastite snizigi na 0,5.
Вака .. Почнав да одам на фитнес.. Сакам да ослабам 15 кг можи и повеќе...15кг се мојата цел засега. Почнав да внимавам и на исхрана.. Но сега сакам да ве прашам друго.. Дали да вежбам само кардио додека ослабам или и на справите за раце/нозе? И со што се слабее побрзо, на лента или орбитрек?
Вежбај и со тежини. Со поголема мускулна маса телото согорува многу повеќе калории. Повеќе се слабее со тоа што ќе потрошиш повеќе калории. На траката се активира цело тело и се согоруваат повеќе калории, ама зависи и од тебе колку и како ќе извежбаш.
prvo treba da ja sredis hranata so znaci treba da gi namalis jaglenohidratite i mastite a proteinite da gi zgolemis. prvite 6 kg mnogu brzo ke gi simnis no ponatamu e malce potesko no ako tie celta da oslabnis togas mora da bidis trpeliva i da bidis uporna. 4 pati nedelno kardio po 30-45 min se dovolni. znaci prvo vezbas so mala tezina so povejke povtoruvanja od 12 do 15 znaci so tezina so koja od 15 pati povejke ne ke mozes da dignes. ke si odredis tezina sama so koja ke mozis da gi zavrsis seriite. 20 min trening za muskulna masa i odkako ke gi zavrsis vezbite odis na kardio i se zadrzuvas povejke na kardioto, mozes i samo kardio da pravis no podobro e i na spravi za da go izvadis muskulot na vidik. od salo muskul ne se pravi i od muskul salo ne se pravi. ishranata ti e najbitna znaci na prvo mesto pa posle idi treningot pa na kraj odmorot, i orbitrek i elite masinite ti se dobri za topenje na salo. bi ti preporacal L carnitin za topenje na masti i e mnogu mnogu efikasen i ne e steten. isto taka mozes da pies i MCT oil isto gi topi mastite vo teloto.
Pocnav da vezbam imam visok kilogrami vezbam so njamala tezina na kraj stomacni I kardio e sega sakav da zemam L karnitin no trenerot go preporaca ultra ripped nekoj dali ima iskustvo ?
Јас ги пиев, во комбинација со L-Carnitine и неколку денови неделно вежбање во теретана (со тоа што оние денови кога не одев во теретана - не пиев L-Carnitine). Резултатите се одлични, забележителни после првата испиена доза и веќе намалив едно конфекциско бројче, што беше моја цел.
И претходно пиша и праша за истото, и сега. Пишаното изгледа е игнорирано. А и Mr.Awesome тогаш ти пиша. Посочени ти беа вежби, и имаше совети околу исхраната. И пишав и тогаш, колку пати и кога да вежбаш, и за колку време ќе имаш резултатио зависи само од тебе. Можеш и сега да игнорираш ако не ти одговара или сметаш дека мислењето е некоректно. И ленатата за трчање и орбитрекот се справи за кардио вежби. Повеќе калории се согоруваат со трчање. Можеш да вежбаш и дома без никаква опрема, има доста видеа и за кардио, и за одделни делови од телото. Мој совет е да не почнуваш веднаш со справи со тегови, или пак не со голема тежина. Имаш 15 килограми кои сакаш да ги стопиш и ако не внимаваш можеш да оформиш мускули кои не ти се поклопуваат со замислата на посакуваното тело.
Ги пиев според упатството на опаковката. Првата недела пиев по една капсула 1 час пред доручек и една пред ручек. Значи две капсули дневно, со по 250мл вода. После првата недела земав две таблетки пред доручек и две пред ручек, со 250 мл вода. Исто така, многу важно е да се пие доста вода во текот на денот.