1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да вежбам, ми требаат совети!

Дискусија во 'Фитнес' започната од Blondince, 13 јуни 2015.

  1. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Да ми пише ако може некој/а што е повеќе упатена во вежбање, сакам да прашам нешто :)

    и дали има овде некоја што си вежба дома? Гледам горе многу негативни мислења. Какви се тие повреди ако дома вежбаш? :^)
     
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.283
    Допаѓања:
    19.886
    Пол:
    Женски
    Погоре чисто посочив дека ако вежбаш сам и нема некој да те гледа и коригира техника дека е можно од лоша техника дома да крцнеш некој зглоб или да те боли кичмата (а не треба). Ама со мали тежини не би требало, ваљда ептен ако не пазиш.
    Ама еве вежбав година ипол сама дома, сега после мала пауза пак почнав и освен повремени болки во зглобови додека да научам техника, нешто посериозно не сум се повредила.
    А на членкана мислењето ѝ беше демек многу се билдаш ако вежбаш без тренер дома:D па затоа не чинело вежбање дома
     
  3. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Дали доколку дома вежбам со тегови од 2, 3 и 4 кг можат да настанат проблеми? И исто така правење стомачни и склекови на јога мат?
     
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.283
    Допаѓања:
    19.886
    Пол:
    Женски
    Ко шо кажав, ако пазиш техника не. Ако не пазиш, и без тегови ќе се повредиш. Мој совет почни со најмалите и за секоја вежба барај техника, како се изведува, кои се можни грешки, како треба да се поставени рацете, трупот, кичмата итн оти од погрешна техника може нема да се повредиш ама па само за џабе ќе биде вежбањето
     
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    16.155
    Пол:
    Женски
    Што се нема човек на форумов да прочита :D, туку не верувајте во се што ќе прочитате :D.
    Не можеш да се повредиш со тегови од 2, 3, 4 кила, без гајле, слободно вежбај си. Затоа прво се почнува со body weight вежби, па се продолжува со најмали тежини и постепено се зголемува како ќе напредуваш. Ако одиш одма со тежини од 10кг и над, а претходно не си научил техника, движења, дишење, може да завршиш на ортопедија.
     
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.645
    Пол:
    Женски
    Најверојатно не, ама треба убаво да научиш како се прават вежбите зашто да не биде дека ги правиш за џабе. Склекови и стомачни се рачунаат како нешто што "се знае" по дифолт а уствари голем број луѓе погрешно ги прават. Разгледај видеа за техники и фокусирај се на квалитетот а не квантитетот.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Колку време да правам body weight пред да почнам со тег од 2 кг?
    Може да комбинирам од овие?
    DE01D09D-C7C3-40BB-9259-114DA36CBCC1.jpeg
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    9
    Секогаш можи да дојди до повреди.
    Без разлика дали тренираш со сопствена тежина или со тегови, машини.
    4недели full body додека ги научиш вежбите па после почнуваш сплит тренинг.
    Тежината (интензитетот) немора да е со 2,3 5кг,можиш и со поголема тежина во зависност од волуменот(број на серии и повторувања).
    За големите мускулни партии повторувањата во серија се движат од 8 до 12повторувања. Значи со тежина со која што не ќе можеш да направиш повеќе од 12 повторувања.
    За малите мускулни партии од 10 до 15 повторувања.
    Над 15 повторувања правиш само пумпање на мускулите и нема хипертрофија.
     
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    1.422
    Пол:
    Машки
    Мене ми треба мотивација за вежбање.
    Низ животот сум вежбал се и сешто, одев во различни теретани, на Водно, трчав, возев точак, вежбав и дома, вежбав и со личен тренер, и некако се по месец-два и после тоа ме нема.
    Вежбањето, како и повеќето работи што не ми се интересни, брзо ми здосадуваат, и не сакам да ги продолжам. Чаре?
     
  10. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    1.626
    Друг некој да сподели искуство со неа или некој познаник што вежбал?
    Ми треба навистина помош, многу се здебелив за време на карантин и не можам никако да се вратам?
    Бев и во теретана, ама ништо немав резултати, а и порано вежбав тогаш многу ослабнав сега слабо и ми треба помош сама не бива не знам што да правам?
     
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    16.155
    Пол:
    Женски
    За секој е различно, јас кога почнав на почеток да вежбам можеби 1 - 2 месеци вежбав без тежини. Имаше период кога имав подолга пауза од вежбање, кога почнав повторно со тренинг почнав full body без тежини. Ќе почнеш со тежни тогаш кога веќе тие вежби ќе ти станат прелесни, самата ќе сакаш да се предизикуваш со потешки вежби т.е ќе се чувствуваш дека можеш повеќе.
     
  12. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    Заследиго The Gym Hell милош стојанович на јутуб и следиги истите вежби, исхрана и ќе имаш далеку подобри перформанси, снага, форма, напредок. Трчање, џогирање батали, посвети се само на теретаната, среди исхрана, земај суплементи и гледај цело време да бидиш се помасивен и помасивен.
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.645
    Пол:
    Женски
    Некои од овие вежби ти се потешки отколку основни вежби со мал тег. Отвори видеа за баш почетници и води се според нив, не комбинирај одма сама.
     
  14. yahoo123

    yahoo123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    40
    За Наде немам слушнато, ако ти од корист нешто моето искуство со програми, имам земано од Софија Манчева. Задоволна сум, има резултати, мада ја вежбам оддамна сама дома и не ми беа напорни. Има опција и за во теретана секако, си бираш.
     
  15. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.358
    Допаѓања:
    20.589
    Пол:
    Женски
    Ги правел некој вежбите од апликацијата 30 days butt challenge да сподели дали имаше некакви резултати? Јас денес започнав, сакам да го зацврстам и обликувам задникот. Како за почеток мислам дека не се толку тешки вежбите.
     
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.283
    Допаѓања:
    19.886
    Пол:
    Женски
    Одамна вежбав вакви, ептен кога бев лаик за вежбање. Не може да има некакви резултати прво зашто 30 дена се малку, второ една мускулна група/мускул не се вежба секој ден, баш тогаш нема да имаш резултати. Башка општо погрешно е да се фокусираш на еден дел од телото. Вежбај си сите делови и плус два три дена од неделата за долен дел.
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    1.626
    Јас не знам како да си помогнам, не можам веќе да се носам со килажата. Ми треба помош јадам што стигнам никаква организаија немам, на теретана одев не успеав да ослабеам
    . Пред неколку години исто така одев и драстично намалив 10 кг, а сега не успеав. Но тогаш не работев и имав време да си посветам готвев имав секогаш храна којашто беше поздрава. Тешко ми е да ја балансирам исхраната, кога нема ништо зготвено јадам грицки, благо да се заситам. Очајна сум ја изгубив самодовербата и здравјето од нефизичка активност и нездрава исхрана, се мислам шеќер ќе добијам од нездрава исхрана.
     
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Подлога за вежбање од кај има да се купи? И шо цена се отприлика?
     
  19. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Плати си лице шо ќе те води низ процесот.
    Ако ништо друго, тоа што ќе дадеш пари ќе те мотивира да се држиш за плановите.
    Освен тоа, и тренерот би требало да ти е добар мотиватор.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Има во џамбо евтино беше ама мене некако брзо ми се скина. Да видиш по оние што се за спортска опрема. Не верувам да е повеќе од 1000 ден.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.