Дечки мн ослабев ама сега целата сум лабава растресе а со вишок кожа на некои места поготово кај рацете, дајте ми некои вежби кои за брзо ќе се стегнам
Исхраната треба да ја смениш, со калориски дефицит и балансирана исхрана ќе го средиш стомакот и вишокот масно ткиво што ти пречи. Секако ќе си продолжиш со вежбање. За ова би ти препорачала професионален тренер, дома сама тешко дека ќе направиш нешто, да не влошиш ситуација. Во принцип при нагло губење на килажа, вишокот кожа тешко се средува со вежбање, особено ако е голем затоа што тогаш најчесто решение е оперативен зафат. Ако немаш толку многу кожа можеби и може да се среди со вежбање, ама пак ќе кажам да биде под водство на некој што се разбира во тоа. За да се избегне создавање на вишок кожа, најдобро е соодветен режим на исхрана со вежбање, при што губитокот на кг може нема да оди толку брзо ко што сакаш, ама па добиваш дефинирано тело.
Што мислете за Emi Wong? Прочитав многу позитивни коментари и резултати и дека вежбите и се доста интензивни. * Препорачајте ми yt канал со брзи интензивни вежби за брз резултат (имам кондиција).
Еmy Wong e супер, можеш и Chloe Thing. A лани јас вежбав од CelaMarr и доста беа интензивни вежбите и имав резултат.
За брзо нема ништо...мора да има константност и дисциплина...не знам како изгледа тоа „растресено„ ама ако не е толку страшно и да кажам се пополни со мускулна маса ќе изгледа подобро. Ако има доста кожа, тогаш тоа само хирушки може да се среди. И покрај што ќе се зацврсти под него, кожата пак ќе си виси. За тој дел кај рацете може да си правиш вежби за трицепс, склекови...не знам колкава е твојата физичка подготвеност да ти препорачам нешто конкретно
Гледам доста овие две (Еmy Wong и Chloe Thing) ги фалат по форумов...јас прв пат ги слушам и со право можам да кажам... две видеа погледнав и беа ужасни јас би ти ја препорачала Caroline Girvan. Женава е next level, многу добро осмислени тренинзи и добро знае што прави. После тренингот ќе се запрашаш пак дали имаш кондиција
Имав напоменато оти ради здравствени проблеми некое време не вежбав. Е пробувам летово да се вратам ама не иде. Приметувам при било каква вежба за нозе и глутс каде се витка коленото, ужасно ме боли после само неколку повторувања. Онака осеќам болка како да ми се "тегнат" лигаментите помеѓу коските ама болно тегнење, не знам како да опишам. Истово се случува и при вежби како glute bridge значи и такви што немаат некој напор на колена. Ова дури и без тежини и без некој голем напор. Инаку максимално пазам на форма и сите елементи. Савет?
Јас вежбам секој ден, повеќе од месец ипол, но уште не приметувам некакви резултати. Ги правам вежбите од апликацијата 30 days butt и еден левел веќе истерав и веднаш преминав на друг. Вежбите се добри, но има некои што си немаат никаква допирна точка со вежби за задник па место нив си правам чучневи и слично. На почетокот ми беше тешко, но сега веќе ми стана навика и не ми е воопшто. Во секој случај ќе си продолжам, рутина ми стана ова, само да има барем некакви резултати.
https://youtube.com/playlist?list=PLPYEagU956f-TZnoTnxZUn_0I34gcifOp Можеш и од тука, има резултати и баш се intense.
Еден месец е релативно краток период за некој позначителен резултат... Не знам точно каков резултат би сакала да видиш, слабеење, мускулна маса? Прво треба да видиш дали останати клучни фактори кои влијаат на резултатот ги правиш како треба, па после вежбањето. Пред се, дали се храниш доволно и дали внесуваш доволно протеин, колку си изложена на стрес, дали спиеш доволно, колку пати неделно вежбаш, дали вежбите ги правиш правилно, дали прогресираш вежби со тек на време... Значи не е само вежбање... тие апликации најчесто не се доволно предизвикувачки според мене и се многу basic.
Правам исклучиво вежби за зацврстување на задникот. За слабеење ни под никој случај не правам, и онака сум преслаба. Си јадам нормално како што си јадев и пред да започнам да вежбам.
Можеби тоа тоа значи дека ти треба повеќе храна...не знам, ми треба многу повеќе инфо за да знам каде ти е грешката. Вака пак можам да повторам само да ги преиспиташ сите фактори кои ти ги наброив претходно.
Тие 30 days challenge се можда добри онака за размрдување ама дефинитивно не би дале некој резултат. Не знам конкретно твоиве со кој интензитет се ама за еден мускул, имај најмалку еден празен ден пауза меѓу тренинзите, секој ден не. Плус, битно е и дали при тренинг го таргетираш задникот или само нозете. Мене лично долго време ми требаше да стекнам добра mind muscle конекција за глут, све само у нозе осеќав
Резултати дури после 5 месеци. 2 месеци тренинг е премногу мал период за резултати. За нозе мора тежини пошто со тие чњленџ вежби само губиш време. Пола од тие на јутуб видеата шо ги снимат се жени кој тренират во теретани и се кажуват дека постигнале резултати со домашен челенџ. Не верувај во тие видеа. Започни со чучњеви али со тежина и тренирајги мах 2 пати неделно.
Значи да не вежбам секој ден? Инаку да, и јас како се да осеќам во нозете. Па не знам, овде позитивни резултати имаше од членови кои ги правеле тие вежби. Мене не ми е изводливо во теретана да одам, и онака немам време толку, сакам со домашен тренинг малку да го зголемам и зацврстам задникот ако е возможно, ама изгледа од дома е потешко да постигнеш некакви резултати.
Да, треба да имаш ден пауза после два последователни тренинзи АМА и тие да се за различен дел од телото, а не за иста мускулна група. Не е невозможно дома да постигнеш значителен резултат, ама сепак треба да знаеш што правиш. Консултирај некој тренер кој работи онлајн ако имаш услови.
На пример за која друга мускулна група можам да правам вежби? Само да не ослабнам уште толку од нив хаха.
Нозе да вежбаш ? Квадрицепс, задна ложа, грб да оформиш. Некако мене ми делува некомплетно изглед само со задник или задник и нозе. Јас го вежбам цело тело.
Малку погрешно приоѓаш кон вежбањето. Најпрво, од вежби не можеш да ослабеш специфичен дел од телото, затоа што логично, мускулите ти вршат повеќе работа и се' што можеш да добиеш е (мала) хипертрофија и поголема сила. Ако доволно јадеш нема да ослабеш, уствари ќе треба и повеќе да јадеш од сега. Друго, мораш да вежбаш вежби за цело тело, не е правилно да си фокусирана само на два три мускули, ниту пак ќе имаш бенефит од тоа. Сите луѓе кои вежбаат во теретана или пак спортуваат и имаат прекрасни тела прават многу различни движења кои таргетираат различни мускулни групи. Плус, малку се тие вежби кои се изолирани само за глутеусот, ако гледаш така ќе треба да повторуваш само три вежби што нема да ти донесе некој посебен резултат во контекст на целокупниот изглед. Значи најди си нешто - програма, спорт, било што, што ќе ти го опфати цело тело.