1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да вежбам, ми требаат совети!

Дискусија во 'Фитнес' започната од Blondince, 13 јуни 2015.

  1. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Пак ќе кажам, ако и само ако калорискиот внес е регулиран, исто ќе биди и твојата тежина. Ако слабееш значи не јадиш доволно, не слабееш од конкретна вежба. И ќе се сложам со коментарите над мене дека вежбањето само една мускулна група не е добра идеа.
     
    На Cosmic Girl, Mrs.Precious и DarkStormm им се допаѓа ова.
  2. skinnylove

    skinnylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    463
    Не најдов соодветна тема за теретани па ќе пишам овде.
    Бара ли некој gym buddy? 8-|
     
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Прв совет е да одиш на лекар нормално, ќе те советуваат, дали да се снимаш или веќе што. Во врска со вежбањето, постојат премногу начини да се одржува кондиција, дури и во седечка и лежечка положба, за сите постои начин. Овој човек ми е ок, можеш да погледнеш, на Јутуб имаш милион вакви слични вежби, може ќе ти бидат од помош за да не го оптеретуваш уште толку коленото.
    Ова е рандом линк, прочепкај и нешто ќе најдеш сигурно

     
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Уште ли го имаш истиов проблем или се оправи?
    Познато ми е чуството што го опишуваш во коленото.
    Јас имав проблем со оток и болка во коленото, па направив рендген и магнетна резонанца. Ми дадоа неколку дијагнози, како артритични промени и оштетување на менискусот.
    Ништо чудно да е некој менискус во прашање, тоа само со снимка може да видиш.
    Ми препорачаа што повеќе движење на коленото, возење точак (на рамни површини, без отпор за почеток), пливање и сл. вежби кои прават кружни движења со ногата.
    На почетокот почнав од најпрости вежби. Најобични некои движења уствари го активираат и менискусот и затоа бев внимателна. Кога возев точак носев трака под коленото за секој случај, да се заштитам од повреди. Некои вежби како glute bridge, lateral squats, па и обично клекнување и седнување на стапалата со задникот не можев од болка да направам. Постепено го вежбав тоа колено и постепено ме отпушташе.
    Еве пример за едни почетни вежби:


    Ама точакот ја прави целата разлика, морам да признаам.

    Мене таквата затегнатост и болка ми се влошуваат само кога не вежбам, не го раздвижувам коленото. Колку повеќе вежбам толку постабилно го осеќам коленото.
     
  5. indy5

    indy5 Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е соодветна темата, ама разгледував на полео подлоги за вежбање, планирав да дадам околу 1000 денари за поквалитетна подлога бидејќи таа што ја имам моментално се распаѓа буквално, но не знам колку се добри и тие од 1000, ако има и кај нив flaking подобро да си земам поевтина. Може некој да ми препорача квалитетна подлога од која нема да паѓаат мали парченца после 1 месец користење? Се мислев за оваа од полео ама искрено не ми се трошат толку пари ако се исти како поевтините.
    upload_2022-9-14_16-45-46.png
     
  6. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Во теретана идев пред 3-4 години. И сега сакам пак да почнам. Ама некако ми е многу срам.. совет некој да ме охрабрите? :D
     
  7. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Не разбирам зошто би ти било срам...
    Не размислувај многу и само започни штом имаш вежбано брзо ќе се "вратиш".
    Јас немам никогаш вежбано освен дома нешто. Започнав пред една недела ама најмив личен тренер оти сум скроз неука у поле фитнес.
    Мислам самодовербата што ми ја пренесе тренерот и чувството што го имам после тренинг ми се водилка никогаш да не се откажам.
    Така да сети се како си се осеќала кога си вежбала и како си изгледала поголем мотив нема.
    Башка верувај никој таму не го интересира ни како изгледаш ни што правиш сите си бркаат своја работа и затоа се таму кај што се и се такви какви што се.
    Среќно
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.279
    Допаѓања:
    19.844
    Пол:
    Женски
    Видов дека одговори и заборавив да вратам:|
    Инаку да уште ама некако приметив дека баш и нема правило кога се појавува. Може по скали, рандом при седење или вежбање.
    Инаку јас имам навика секогаш кога седам и лежам да ми се свиткани колената скроз. Не под прав агол значи него до крај. И знам често да се заседам така и да почне да ме боли и си велам да не има врска. А до сега месециве општо имав често болка во колк исто и многу како "зарѓани" ги осеќав повеќето зглобови па може да е стварно што запоставив вежбање.
    Прееска што вежбав еве не осетив болка ич. А вчера првпат по долго време испешачив долга дистанца и не осетив ни замор ни болка во нозе.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Има врска циркулацијата и тоа голема. И јас ја имам истата навика, нозете ми одат под стол, а тоа не дозволува циркулација во коленото. И јас сум забележала дека ми смета, пошто имам проблем со проширени вени, па си купив потпирач за нозе, малку да ми се поддигнати кога седам. Исто и кога лежам или спијам, ставам перница под нозе или ги подигам ако можам над висина на главата. Така ми имаат совет дадено од трансфузиологија за вените. Кај мене проблемите со циркулацијата ги влошуваат проблемите со коленото, односно лошо се обскрбува со крв коленото (и целата нога под него). Затоа се трудам и да сум толку физички активна, возам точак, вежбам дома редовно. Така и ми објаснија на ортопед имам артритични промени на зглобот, тоа ми прави оштетување/кинење на менискусот. Артитичните промени прогресираат заради лоша циркулација. Така да се што ќе правиш за подобра циркулација, ми рекоа, ќе ти помогне на ортопедскиот проблем. Нема да го излечи, но ќе ја успори прогресијата. Истото важи и општо - се што намалува инфламации во телото, и на зглобовите ќе ти годи: да постигнеш оптимална телесна тежина, да јадеш храна што е антиинфламаторна и здрава, да се движиш, да пиеш течности итн.
    Абе а нешто забушавам со вежбање или се оптеретам со стоење низ дома, со пролонгирано седење и недвижење и одма коленото почнува да сигнализира..
    Кога редовно вежбам/возам точак абе ништо не ме боли :D
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Денес при вежбање нозе
    8AA45146-7F42-43C0-99A1-9422A33BFD7E.jpeg после оваа вежба(deadlift)ме фатиа страшни грчеви од под задникот до под колената некаде како струја да ми помина и во двете нозе истовремено потоа неможев да се наведнам дури ни да ја кренам шипката да ја вратам на место…Пред 1 недела на работа исто при наведнување од слична позиција добив грч во левата нога..Незнам што ми се случува не ми е прв пат да вежбам со тежини…Совет?
     
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки


    Може да се многу причини.

    Прва, која мислам е многу веројатна е дека формата не ти е како што треба, особено ако никој никогаш не ти покажал/гледал од страна.
    Замоли ги инструкторите во теретана да те видат дали држиш исправна форма. (Ми звучи како нозете да ти се премногу исправени и имаш постојана тензија во задната ложа).

    Втора работа, пречесто тренирање на нозе, претежок тренинг за нозе, или предолг.

    Трета работи, недостаток на магнезиум.

    Совет... Види дали е некоја од овие три грешки и исправи ја.
    Одмори една недела од движења кои ти го предизвикуваат грчот. Или прилично намали ги тежините неколку тренинзи.
     
    Последна измена: 21 септември 2022
    На BarbaraMorii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Можно е да е делумно од првата причина ама ме чуди и тоа што и на работно место исто ме фати грч од слична позиција шо значи треба да пробам магнезиум да попијам.Фала за советот
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Почнав со вежбање кон средина на април, со цел да ослабнам, ама негледам резултати како што очекував, немам вага и се немам мерено меќутоа имам смалено во обем на стомак, раце... 20cm помал обем на стомак имам, се познава разлика и на слики ама не е кој знае колку разликата.. Меѓутоа немав диета јадев се што си јадам и обично само во помали количини и во јуни невежбав константно, вежбав 1-2 пати неделно (во јуни) инаку вежбам 5-6 пат неделно. До пред крај на јули вежбав вежби за цело тело, после почнав да скокам јаже. Прашањето ми е за колку време од прилика да очекувам резултати?
    Или некој со слично искуство за колку време успеал да смали 15-20кг?
     
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Зависи од тебе. Т.е. какви ти се тренинзите, колку долго ти траат кардио вежбите, и колку внимаваш на храна.
    Како за сама, 20 сантиметри во обем за 5-6 месеци не се малку, тоа е резултат.
    Здравото губење на тежина е 0,5 до макс. 1 кг неделно.
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.279
    Допаѓања:
    19.844
    Пол:
    Женски
    Јас некои проблеми со циркулација и зглобови не сум имала, освен евентуално повремена болка од разно разни причини.
    Последниве месеци ти викам ужасно ми крцаа зглобовите при движење и многу мал опсег на движење имав.
    Е сеа дали беше и уште е само од недвижење или има некој проблем, не знам.
    Денес пак што вежбав исто не осетив болка ич. Ама уште не се форсирам со тежини и повеќе повторувања зашо гледам дека им треба уште работа на зглобовите.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Сама ќе осетиш до кај ти се границите и постепено ќе ги поместуваш.
    Ќе биде се ок само полека :sun:
     
  17. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20220924_160048.jpg Screenshot_20220924_155857.jpg
    Што мислите за протеинов и л-карнитинов? Јас веќе ги земав па барам мислење (facepalm)
    И дали би сметале бидејќи сеуште дојам? За протеинот знам дека не,за л-карнитинов не сум сигурна.
    Фала
     
  18. Ане Анче

    Ане Анче Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    На орбитрек како се мери distance, во км или чекори? Не ми е јасно бидејќи за 25 минути на орбитрек поминувам далечина од 10,00 а денес телефонот го ставив намерно на струкот кај хеланки и ми помала 25 минути 1,6км само, и само 2000 чекори
     
  19. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    Зошто си земала изолат? Тој ти е пред сварен протеин фсктички пред да се претвори во аминокиселини. Екстра брзо се вари и претежно е за професионалци. Земајси концетрат.
    Иначе несмееш да пиеш веј се додека доеш. И на самото паковање пишува не е дозволено користење на производот за доилки и лица кој се алергични или имаат други проблеми со варење на храната.
    Секој веј содржи филери,лактоза,стевиа...Избегавај секаков додаток додека доеш. Карнитин додека доеш во никој случај.
     
  20. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Не знам за протеинот најверојатно затоа ми рече да го пијам само после тренинг,инаку немам потреба дополнително имам избалансирана исхрана со доста протеини. А за л-карнитинот па педијатарот ми рече слободно да го земам. И тоа само деновите кога вежбам исклучиво пред тренинг.
    Фала ти