1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да вежбам, ми требаат совети!

Дискусија во 'Фитнес' започната од Blondince, 13 јуни 2015.

  1. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Девојки сакам полека да си се вратам во форма, од како почна короната јас корени пуштив на стол и кревет. Порано вежбав колку-толку редовни и си имав најнормална тонирана фигура.

    Кардио не сакам, еднаш неделно ми беше доволно, а и немам многу масти за симнување, ми треба само тонирање.

    Дали некоја феминка има искуство со некоја програма, а да е задоволна, само со body weight, или минимална тежина како за почеток, додека се вратам во форма и малце да се тонирам. Сакам да накачам и на маса, ама првин неколку месеци ќе ми треба да се вратам во форма, вака залегната во живот не сум била. Да тргнам директ теретана, ќе треба само за траката да одам.

    А вака планот ми е да си ја вратам полека формата, без да се форсирам на почеток, за да не се откажам, туку навика да си створам, па после тоа да качам малце тежина. Порано имав супер маса на долните екстремитети, ама од седење по цел ден, буквално почнав да се сушам.

    Вака немам проблем со килограми, ама тонусот на мускулите ептен ми опадна, формата ми се изгуби.

    А со програма, додека си ја вратам навиката, ќе успеам да се вратам и во форма за 3-4 месеци. Па после ќе почнам да качувам и на тежина. Без програма кога сум вежбала, најтешко ми било да се организирам кој ден што да вежбам. Мене целта сега ми е навиката да си ја вратам. После тоа само те тера да си активен секој ден, не ти е толку тешко да отпочнеш.

    Секоја препорака е топло добредојдена, и онака немам претерано знаење на темава, баш сакам да ги слушнам вашите мислења и совети :)
     
  2. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Whey е дозволено да пиеш за време на доење, ама само доколку е чист и нема дополнително други состојки во него. Конкретно за овој, не знам, треба да видам состав.
     
    На Razvigorec му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    7.741
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш бесплатна програма можеш да пробаш со програмите на Chloe Ting. А како платформи со добри програми со претплата јас сум задоволна од србинката Милана Делиќ, исто и платформата на Елена Бубало наскоро ќе се менува во модел на месечна претплата, јас имам две програми купени во промотивниот период кога беа со неограничен пристап и задоволна сум. Од програмите што се ограничени на неколку месеци со отворање на група и затворање многу се задоволни од Ана Стојанова.
    Јас лично повеќе преферирам платформи на претплата во кои имаш различни видови на тренизни и рецепти и се додаваат и нови тренинзи и сето тоа ти е достапно секогаш, како првите две.
     
  4. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Па за Ана баш ми кажаа дека не е ништо посебно, за оваа Милана можам да ја погледнам, па ако ме бендиса да си почнам со нејзе. Имаш право дека вака со програма мотивацијата е многу поголема. Тоа и ми треба во моментов. Ти благодарам за одговорот.
     
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    7.741
    Пол:
    Женски
    Ана е добра за оние што имаат голем вишок и се почетници во вежбање и во балансирана исхрана, делува мотивирачки и затоа има многу задоволни, јас лично не сум била на нејзина програма и не би, мислам тренинзите не и се за некој што има искуство во вежбање и се многу кратки.
    Милана е супер, професионален тренер е, на платформата има различни тренинзи, за почетници, за намалување тежина, со тежини, плус пилатес и јога, јас сум ептен задоволна, мене ми одговара ваков начин затоа што не одам во теретана.
    Ти за враќање во форма можеш нешто вакво или слично да пробаш, па да си продолжиш со тертана.
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    vo nitu eden whey protein nevozmozno e da nema fileri i laktoza. I samata firma na dymatize deklarira da ne koristat doilki. Ali sekoj si znaj za sebe.
     
    На Razvigorec му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Фала ти, ептен ми помогна ова мислење. И мене истото ми треба, барем пола година, за после ќе видам, може и ќе си продолжам со исто темпо. Па се надевам да се читаме во некоја слична тема за тоа како сум задоволна и каков напредок имам :D
     
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    IMG_20220927_200404_HDR~2.jpg
     
  9. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    7.741
    Пол:
    Женски
    И јас сум во слична ситуација, со пауза од вежбање и плус килограми вишок, се претплатив пак и се обидувам да си ја вратам навиката за редовно вежбање, само не е лесно после подолга пауза :D
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Ќјути овие карантиниве што ни сторија. Ваква размекната во живот не сум била, со стомаче, со целулитче, со тенки ноџиња, абе со се :rofl:

    Не дека ми е лошо, ама да си се вратам што поскоро во форма, оти после уште потешко ќе ми биде од сега. На почеток ќе има скокање денови, и правење пауза на сред видео, ама ајде, лека полека, ќе се вратам кај и да е. :muscle:
     
    На Касија му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Згуснувачите и засладувачот наводно не се за доилки и тоа секаде се потенцира, а ги има скоро во сите продукти в продавница, но колку што сум запозната нема цврсти научни докази кои тврдат дека наведените состојки се штетни за бебето и мајката. Секако дека има и подобри опции од ова, но јас лично би го пиела.
     
    На Razvigorec му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Возможно е, али ок не знам кај нас дали има таков продукт со толкава чистота, не сум обрнала внимание. Пак ќе повторам тоа што го напишав и кај неа како одговор, нема цврсти научни докази дека тие состојки се штетни за бебето или мајката, ги има скоро во сите продукти во маркет, никој не обрнува внимание на декларации, а не дека се најидеални за конзумирање.... но сакам да кажам дека и онака нешто од тоа сигурно веќе внесувала претходно...што е до мене, јас би да има што помалку такви работи во составот, али би го пиела, секако ако има подобра опција, би ја избрала неа. Е сега може да јави некоја алергиска реакција, подуеност, интолеранција итн. но ако пиела претходно веројатно ќе знае што и смета. Мое лично искуство сум немала проблем, јас пиев протеин и во бременост и кога доев, не кузнај каква количина пошто многу јадам :D и внесувам доволно протеин преку храна и знам дека шејкот е безбеден (без други додатоци како стимуланси) па го пиев кога имав потреба. Не налагам ниту терам некој да го пие, баш како што кажа, секој си одлучува за себе, ќе си се консултира и со доктор итн
     
    На Razvigorec и AAKG им се допаѓа ова.
  13. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Додека бев бремена а и еве добри 10месеци после тоа се "убив" од јадење се и сешто. На прво место торти и колачи па идеме на сендвичи,хамбургери па секакви пити... Списокот е долг.
    Бар некој да ми течеше чекај што јадеш, не е добро за млеко,да видам состав дали има хемија... Не дури и кој како иде ми носи нешто да си каснам дека нели дојам па треба да јадам ко стока.

    После 10месеци решавам да земам протеин и л-карнитин и сите наеднаш експерти. Ми гуглаат,ми кажуваат не чинело,па да сум издржала уште малце бебето немало да цица па тогаш... Ма уште еден ден не се поднесувам ваква растресена а не па уште некој месец. Цел живот си вежбав по нешто,возев точак,ролери... Никогаш претходно не сум имала проблем со килажа.
    Дојдов до степен да не се трпам во сопствена кожа.
    Бебето е 10.5 месеци 80% е на цврста исхрана па искрено време е да почнам да се грижам за мојот изглед а богами и здравје.
    Фала ти на објаснувањето и поддршката.
    Се консултирав со педијатар ми даде зелено светло дури и за л-карнитинот со тоа да не земам големи количини и тоа само во деновите кога вежбам.
     
    На NoOrdinaryMama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Јас како пред и постпородилен тренер ги препорачувам суплементите. Секако доколку некој може целото тоа во храна да го изеде уште подобро, ама од „хемија“ не можиме тотално да се заштитиме. Многу работи денес се вештачки, но тоа не значи дека се сите лоши. некои од нив се креирани со причина. Исто и што се однесува до вежбањето, ги охрабрувам мајките да не се плашат и да вежбаат и додека се бремени и после породување. Рекла казала, на дедо ми сестра му не се слуша...дека таа не правела така не значи дека не мораш и ти, посебно оние кои претходно си биле активни, нема причина зошто не би продолжиле, секако со модификација на вежби и интензитет. Истото го слушав секој ден, немој ова да го пиеш, немој тешко да креваш, дрн дрн...Воошто не обрнав внимание на никој, тоа ми е работа веројатно знам што правам, ама ете душа нивна да си кажат... Најважно е ти како се чувствуваш, не мора заради нечие мислење да не се чувствуваш удобно во своја кожа. Ако не ти се допаѓа како изгледаш, само наред и прави тоа што тебе најмногу ти одговара оти ако зависиме од нечие мислење, ништо нема да промениме, секогаш некој ќе има нешто да каже, најблиските знам дека мислат најдобро, ама не значи дека нивните совети се меродавни и дека треба да ги прифатиме.
     
    На Razvigorec и AAKG им се допаѓа ова.
  15. ^mila^.m

    ^mila^.m Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2022
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Zdravo moze da mi preporacate fitnes sprava samo za zadnik i noze
     
  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    the-top-4-leg-day-machine-exercises-v2-MUSCLETECH-2b-700xh.jpg
     
  17. ^mila^.m

    ^mila^.m Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2022
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.279
    Допаѓања:
    19.841
    Пол:
    Женски
    Се вратив на нормално вежбање дома со тежини и од скоро почнав и со трчање. Трчам со програмче,а почетници, со кратки интервали. Е сеа прашањето ми е како е најпаметно да усогласам трчање и тежински тренинг? Дали во ист ден оти секој ден да ми се активни нозете ќе ми биде многу или сепак во различен ден треба да е тежини/ трчање.
    Пример ако трчам трипати неделно, и тежини вежбам трипати неделно, како да ги распоредам во една недела?
    Инаку и за двете не трчам/вежбам пренапорно ама сепак
     
  19. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Ако вежбаш 3 пати неделно преку еден ден со пауза измеѓу, ок е да се во ист ден. Трчањето може да го правиш после тежинскиот тренинг, или наутро трчаш, попладне тежински.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Girlyly

    Girlyly Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2018
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.
    Сакам да почнам пак да вежбам меѓутоа немам некоја идеја каде точно. Дали може да ми препорачате некое место каде што сте биле задоволни без разлика дали е теретана или групни тренинзи :)
     
    На Kristall му/ѝ се допаѓа ова.