Јас дома вежбав видеа од Памела Реиф на yt. Има различни видеа за upper body and arms. Некои се со сопствена тежина, некои со тегчиња. Само ти препорачувам да го вежбаш цело тело. Пример еден ден раце и грб, друг стомак, трет нозе и задник. Не да се фокусираш само на еден дел од телото. Разгледај го нејзиниот канал, има плеј листи по категории и има баш за раце и грб.
Вежби посебни за дефиниција и за маса нема. Исхраната е таја која игра улога во дефинирање на мускулите.
Нозе и задник не ми се тешки на доведување во форма. Додуша сега веќе кај задникот после децава и не знам дали може нешто таму... Нозе брзо ми слабеат, немам проблем со нив. Плус купив точак и ролери. За стомак имам вежби за дијастазата, ама грбот ме убива од детево што го држам но стоп во раце, а е буци. Мислам се искривив и дека се подгрбавив. Затоа сакам малку да исфорсирам таму.
Скроз те разбирам, ама пак треба цело тело да го вежбаш за цела мускулатура да се зацврстува подеднакво. Може некој постручно може да објасни од мене, јас само вака лаички. @Ajronmen
Здраво, ми треба мала помош. Сакам да почнам да вежбам дома затоа што сакам на намалам 10/12 кила и да го затегнам телото, ама немам појма кој вежби да ги правам или по кој план и програма да се водам?
Точно дека не може само од исхраната но дека е најбитна и те како е, мора да се признае сакале или не.Дали за слабеење, дали за качување мускулна маса игра најбитна улога, се подразбира дека и во комбинација со асален тежински тренинг и аеробен тренинг во зависност од тоа која ти е целта. Ај да видам дали ќе има ист резултат ако човек има средена исхрана и ако си јаде што сака и колку сака и не пази ич, па дали и тогаш ќе го добие посакуваниот резултат? Секако, сите сме различни, некој става мускулна маса полесно, некој многу потешко или пак обратно кога слабееме и топиме масти. Така да резултати и тело не се праат само у теретана туку и у кујна, за жал така е. И јас пример еве сакам да си бутам све и свашта и ќе вежбам не е проблем тоа и да очекувам даска рамен стомак со six pack и без грам салце на ниту еден дел од телото. Можно ли е тоа? Не најсериозно ги прашувам тие кое се многу поискусни и стручни, еве да речеме и дека ќе се убивам и од кардио, а паралелно ќе дигам солидни тежини.
Леле тупење. Ако прочита реков дека мускул не се става САМО од јадење. Да битна е, знаеме. Ама членката праша за вежби. Ваљда исхраната си ја запазила веќе.
Тупење нека е, штом така викаш.Значи само твоето мислење е точно и во право си, а се друго тупење е. Неам штом понатака да дискутирам со луѓе што не знаат да го почитуваат туѓото мислење, нит те нападнав туку се надоврзав, можеше понормален одговор да ми дадеш ама ти си знаеш.
https://youtube.com/@Heatherrobertsoncom https://youtube.com/@ChloeTing https://youtube.com/@CarolineGirvan Види ги каналиве има топ вежби кај сите, Хедер и Гирван се професионални тренери ама и Клои не е лоша, супер е, мислам дека ќе си најдеш нешто што ти одговара. https://youtube.com/@PamelaRf1 И Памела исто така e океј.
Најдов на Јутуб канал на кој има доста видеа на кои убаво е објаснето како правилно да се прават различни вежби. Ќе го споделам тука, во случај некој да му требаат упатства. Истите совети сум ги слушала од моите инструктори низ годините наназад, така да знам дека советите се исправни. Пред да почнете да вежбате сами дома, по нечии видеа, погледнете ги прво овие совети. Многу популарни фитнес инструктори не објаснуваат додека вежбаат, што не е соодветно за некој што е почетник и што вежба без надзор. Погледнете ги за да не се доведете до ситуација да вежбате без ефект или недајбоже да се повредите. Еве едно од неа за пример:
Здраво. Сакам да прашам нешто за апликација што ги мери тренинзите и ги кажува потрошените калории. Која апликација ја користите за тоа? Дали ја имате оваа апликација фитнес или може да ми кажете некоја друга што може да користи за тоа ?
Јас вчера почнав на теретана, само трчам, степер и точак додека намалам кила после тегови. Меѓутоа имам страшна болка во колено, не знам дали се исфорсирав многу вчера ама денес умрев. И ми пука... Дали да го стегам треба?
Зошто, што е погрешно? Овде каде што живеам, во најдобрата теретана одам но оние кои се вработени се самоуки луѓе кои вежбаат, персонални тренери нема вработено
Не знам за запишување тренинзи, ако сакаш и тоа, ама би ти препорачала да не се замараш со апликации/часовници итн што мерат потрошени калории затоа што е покажано дека многу грешат и често преценуваат. Разликите можат да варираат од 20% до 90% наспроти реалноста. Подобра претстава за тоа колку трошиш вкупно од сѐ би ти била детално следење на внесени калории и следење (не)промена на тежина.
Зависи колку килограми имаш вишок. Кардиото што го правиш целосно ги вклучува нозете па така и притисокот врз зглобовите е огромен (особено при трчање). Дури и да немаш голема тежина за намалување, сепак голема е веројатноста дека зглобовите не ти се навикнати на долготрајноста и интензитетот на напорот што си го вложила. Дали си сигурна дека вработените во теретаната немаат искуство со клиенти и персонални тренинзи и дека не држат часови?