1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да вежбам, ми требаат совети!

Дискусија во 'Фитнес' започната од Blondince, 13 јуни 2015.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    Jas pocnav vo teretana veke 2 mesec simnav 3 -4 kg po eden saat vo hrom i sum zadovolna teram nataka. Ima dobri spravi i super vezbi se pravat. Vo teretana ima i mashki i zenski ne mi smeta mirna tivka bez mnogu guzva
     
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    10.949
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да се поправам пет шест кила. Имав облини на задник и колкови порано..со породувања доење сѐ замина јабана, буквално.
    Сега вежбам дома ама сѐ уште резултат немам. Маж ми ми вели го погоди моментот, во лето се слабее, тешко за дебелеење
    Не знам...

    Ти да пробаш комбинација храна протеинска, вежбање зс мускули и суплементи.

    @_Naumche_ за задник колку време му треба да се обликува?
    И која храна за да го зголемам, т.е да го вратам стариот сакам
    Од вежби чучњеви и исчекор се најефектни?
    Ако имаш и плус други, би те замолила да ставиш слика. :)
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.187
    Пол:
    Женски
    Не сум Наумче ама ќе се вмешам, само чучњеви и исчекори праиш?
    Ако само тоа, затоа немаш резултати.
    Мора да се вежба задник посериозно и не само задник, цело тело и ти требаат и тегчиња па и ластици. Ако сакаш убаво да го оформиш па и зголемиш мора да следиш одредена програма да ја наречам ама и да си во калориски суфицит дека викаш треба да качиш мускулна маса.
    Не знам што вежбаш и како, види ја Хедер https://heatherrobertson.com/ пробај некое видео, доста се ефикасни вежбиве, за цело тело не само за задник исто и Клои Тинг има добри видеа.
    Овие ги предложив зашто имам искуство со нив и да, се зголемува задник и доста се оформува ама мораш и да јадеш повеќе протеини или да зимаш веј протеин ако не внесуваш доволно.
     
    На _Naumche_ и elenaklasik им се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    10.949
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам пре пре премногу!

    Ти вежбаш? Што јадеш сега со жешѕиниве?
    Тоа ми е проблем, многу трошам а не јадам доволно многу.
    По вежбање јадам вафла со путер од кикирики, и смути измешано со урми овошје. Којзнае дали е доволно... :?:
     
  5. kobe

    kobe Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Jadi se i shesto moze ke se popravish
     
  6. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.187
    Пол:
    Женски
    Да, после подолга пауза, а претходно околу 2 години, или поточно 1 година и негде 10 месеци да речеме, не се баш 2 години ама редовно.
    Сега се вратив еве една недела, после 4 месеци пауза па продолжувам од кај што прекинав, секако има работа, во меѓувреме и стаив неколку кила ама не праам нишо посебно во поглед на исхраната за да ги симнам..
    Па све јадам хаха:D и шо треба и шо не треба, да, има денови коа не ми се јаде од топлото и гладувам, а има и коа се набутувам со се, катастрофа сум знам. А протеини јадам доста, месо, јајца највеќе и тоа количински.
    Не, после вежбање треба протеини, најдобро јајца, цезар салата, пилешко со ориз. И земи пресметај од прилика колку калории внесуваш дневно, изгледа премалку. Ова шо го јадеш после вежбањр поарно доручек нека ти биде или пред вежбање.
    Погрешно ја советуваш.
    Значи нека бута џанк фуд и што не за да се попраи?
    Треба со здрава исхрана да зголеми мускулна маса, вака ко шо викаш сало ќе стаи и нишо не постигнала. Пак нема да е задоволна.
     
  7. kobe

    kobe Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    teshki da stavi salo ama izgleda ne moze da se popravi do genot e
     
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.187
    Пол:
    Женски
    Па порано вика имала задник поголем, после ослабела.
     
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    19.828
    Пол:
    Женски
    Треба да вметнуваш вежби за задник од различни агли.
    Чучњеви и нивни варијации (bulgarian split squat ти е стварно тешкичка)
    Варијации на исчекор (преден, заден, страничен, cross, pulses)
    Deadlift и good mornings (романиан дедлифт баш го таргетира задникот и задна ложа)
    Table top вежби - donkey kicks, fire hydrants.
    Bridge и hip trust вежби. - овие се поизолациони за задник, помалку ги таргетираат нозете, исто и овие во table top.
    Чучњеви и исчекор се повеќе compound вежби, вежбаат и задник и нозе.
    Во еден ден за долен дел да имаш и compound вежби и изолациони, од повеќе агли, некаде 4-6 вкупно.
     
    На _Naumche_, Ajronmen и elenaklasik им се допаѓа ова.
  10. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.354
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Јас лани вежбав за задник околу два месеци ама немаше никакви резултати. Можеби затоа што не внимавав на исхраната, не знам до што беше. И изгубив мотивација и престанав.
     
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.187
    Пол:
    Женски
    Епа клучна ти е исхраната за било што, дали за слабеење, дали за поправање.
    Ако не се пази нема резултати, може да има ама тие се скоро незабележителни.
    Затоа ако се решиш исхраната обавезно да ја средиш поготово па кај вас е битно дека имате проблем да качите килограми и мора и тежински тренинг, да не биде фокусот само на кардио, не да не вежбаш воопшто но највеќе со тежини, теретана најдобро е ама јас верувам дека и дома се постигаат резултати, послаби секако ама ги има. Со среќа.
     
    На Ajronmen и Mrs.Precious им се допаѓа ова.
  12. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.354
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Знам дека теретана е најдобро, но немам услови за да одам па ќе морам домашен тренинг. И значи вежби за цело тело?
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    10.949
    Пол:
    Женски
    А тегови имаш?
    Инаку кога велите тежински, тегови доволно се? Која тежина?
    Јас нарачав од 2 и пол и четири кила.
    @Mrs. right
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Од една страна вежбањето е едноставно, од друга страна и не толку.

    Треба да седнеш и сама да разгледаш, прочиташ, научиш и одлучиш што и како ќе вежбаш.

    Тежински тренинг да, се мисли на движења со дополнителни тежини - тегови.

    Тежина, за почеток да, доволни ќе ти се 2 кг и 4 кг.
    Но тие тежини брзо ќе ги надминеш, односно ќе ти станат лесни.
    Значи ќе имаш напредок до одреден степен и потоа ќе стагнираш.

    За да имаш постојан напредок, потребно е и постепено покачување на тежините со кои вежбаш.

    Така да, сѐ зависи од тоа што и колку сакаш да постигнеш.
     
    На _Naumche_, joy1, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.354
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Имам да, ама тогаш не ги користев.
     
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.187
    Пол:
    Женски
    Ти одговори све шо треба Ајронмен.
    Инаку ја исто од 4 кг имам ама не се доволни више, ми треба потешки и ќе земам. Сакам од 10 кг или 15 подoбро, а штом сега почињаш и тие од 4 добри ќе ти се, после зголемувај тежина ако си во можност.
    Е затоа теретаната си има бројни предности но ако целта не ти е многу голема може и да ти океј ова темпо на напредок и да си задоволна.
    Верувам дека ако правиш се по план и си истрајна, ќе ја постигнеш целта.
    Секако дека за цело тело. Зарем само задник вежбате? :?: Знам дека тој дел ти е најбитен и сакаш да го оформиш ама треба цело тело да се затегне не една мускулна група само да форсираш. Што се плашите да вежбате нозе, раце, грб, стомачни, гради, нема да се набилдате у никој случај.:D И ја така си мислев ама не е така, иако да, јас ставам мускул и на раце и малце се приметува тоа ама не е лошо, баш убаво изгледа.
    Ти бар слаба си, неколку месеци да праиш вежби за стомачни, полесно би ти дошле до израз стомачните мускули, сигурно нема да речеш дека не сакаш таков изглед. И полесно ќе го оформиш цело тело, колку и да викате дека тешко зголемувате мускулна маса, сепак не е исто како некој што треба да слабее, да топи сало па дури после да се тонира телото.
    Ја така бар мислам не знам, може грешам.
    Почни и ти, ајде, ќе се мотивираме тука, подобро е кога има поише луѓе.
     
    Последна измена: 29 јули 2023
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно ова вежбам само еден дел од телото. Мускулите прават една целина и сите функционираат заедно, нема поента ова повторување на две-три вежби до бесконечност, нема да добиете резултат на тој начин.
     
    На _Naumche_, Mrs. right и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  18. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Машки
    Чучњеви и исчекор ги дадов како пример некои вежби, треба повеќе да вежбаш за резултати. За резултати зависи од интезите, градба на тело, би требало за 1-2 месеци да забележуваш подобрување. Ама вежбај цело тело немој само задник и за подобар изглед и за побрзи резултати.

    Едит: Вежбајте цело тело обично мажите не вежбаат нозе, а вежбаат горен дел, жените обратно, само погледнете слика колку лошо изгледа ќе ви стане јасно зошто е подобро цело тело да се вежба.
     
    Последна измена: 29 јули 2023
    На Mrs.Precious, elenaklasik, Iris-1234 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.354
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    За почеток доволно е 15мин full body workout? Сега разгледував некои видеа на yt. И секој ден или преку ден?
     
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.187
    Пол:
    Женски
    Па да, за почеток е ок, не треба ни да се форсираш уште од прв ден, со помалку повторувања ама гледај правилно да ги изведуваш вежбите. После една недела можеш да зголемуваш и да издржуваш подолго време и секако со повеќе повторувања.
    Може и преку два дена, можеш и преку еден ден, зависи како ќе се осеќаш, биди спремна дека ќе ти се воспалат мускулите првите денови ама не запирај, продолжи си.
    Колку пати неделно планираш да вежбаш?
    Ја претходно по 6 пати неделно и само еден ден одмарав ама мислам дека е премногу тоа, идеално е 4-5 пати во неделата, треба нели и мускулите да се одморат и опорават.