1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да вежбам, ми требаат совети!

Дискусија во 'Фитнес' започната од Blondince, 13 јуни 2015.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    19.828
    Пол:
    Женски
    Цело тело ако вежбаш, преку еден ден
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.187
    Пол:
    Женски
    Јас пак, вежбав 3 дена, па паузирав еден ден и пак 3 дена. Изглеа не е во ред ама па си терав, немав проблеми.
     
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    19.828
    Пол:
    Женски
    Па правило е за еден мускул или мускулна група измеѓу да имаш барем ден пауза. Сеа зависи и колку напорно вежбаш ама сепак, секој ден не мора.
    Или пример можеш наизменично тежински со јога/истегање по денови
     
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.187
    Пол:
    Женски
    Абе напорно, па домашен тренинг е, не креваме сериозни тежини или користиме машини како по теретаните па затоа може не ми сметало толку, инаку да, не треба секој ден, у право си.
    Убаво е јога ама јас не можам тоа,:Dнемам трпение, сакам подинамични вежби.

    Да им потенцираме на @elenaklasik и @Mrs.Precious дека битно е пред тренинг да се загреат и после тренинг да практиктикуваат cooldown истегнување.
    Мене ме караа у темава дека не се загревав и истегнував туку одма почињав со вежбите и во право се, не истегнав мускул или нешто ама битни се тие вежби и те како, не се туку така стаени.
     
    На Mrs.Precious и elenaklasik им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    19.828
    Пол:
    Женски
    Абе јас и од дома вежбање сум се тетеравела после, особено после подолга пауза. Ако го форсираш мускулот константно, без разлика која ти е целта, дали маса да ставиш, дали сила, издржливост или чисто така да си активен, само лошо си правиш

    Да дополнам и дека
    ✓ Загревањето треба да е динамично - рацете во круг, нозете мавтање напред назад и вртење на колковите во круг. Пред вежбање битно е да ги размрдаш зглобовите за да имаш поголем опсег на движење (range of motion). Јас паталец за трунка еднаш одамна ќе исчашев рамо :tmi:. Така да особено ако вежбаш насабајле коа си лежел 8 саати во иста поза или има некој поригидни зглобови ко мене.
    Исто и cat-cows за грбот, и кратко кардио.
    √ Истегањето статично или во пози што го "тегнат" мускулот, без да се претера нормално :D
     
    На Mrs.Precious, elenaklasik и Mrs. right им се допаѓа ова.
  6. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Зависи што ти е целта...
    За здравје, да.
    Некакво вежбање е подобро од никакво вежбање.

    Ако тебе целта ти е само да се поправиш, т.е. да видиш поголема килажа на вагата, тогаш да - доволно ти е. Бидејќи килажата ќе ти зависи од исхраната.

    Ако целта ти е да поткачиш мускулна маса и обликуваш дел или цело тело - тогаш не, најверојатно не е доволно.
     
    На Mrs.Precious и _Naumche_ им се допаѓа ова.
  7. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.354
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Ау 6 пати во неделата е многу, мислам дека 4-5 би биле доволно.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    10.949
    Пол:
    Женски
    Јас денес вежбав скоро 1 час се собра. :muscle:

    10 мин загревање, пола час вежби, прво следам едни зс дијастаз, си имам 3 прсти, од бременоста :whew:, и потоа се префрлам на вежби за задник па мешам повеќе, како ми текне.
    Пола час по вежбање, јадев едно јајце варено, крем сир, маслинки и патлиџан. Ок е?
    Споделете вежби ефектни за половина. За убав задник и колкови, визуелно придонесува и струкот. Навистина додајте некоја вежбичка за тенко струкче. Сакам 2 3 цм да го стеснам.

    Стомакот ми се собра, остана кожа да виси, собрана, па ќе се обидам да прашам дали и за неа има вежби, иако одговорот го знам :tmi: уф две бремености истерав, ми сменија скроз изглед на стомак и папок. Да ми беа скоро во иста форма, ќе бев како да немам родено, бидејќи и онака сум тенка, ко да немам родено. Ама на плажа си го покривам стомакот :(
    Затоа ќе работам на другиве делови, тука да се зајакнам. Решив сред лето да се правам мини бомба ;) со мои нецели 160.
     
    На karak и Mrs. right им се допаѓа ова.
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    Kako da se najdov vo postot na @elenaklasik isto dve bremenosti vtorata carski i dijastaz. Kako testo mi e stomakot. Zatoa pocnav vo teretana iskreno gledam napredok ova leto go isterav taka sramezlivo na plaza ama dogodina ako sum vaka uporna pred se za zdravje pa se za ostanato neka bide podobro.
    Treto ne planiram pa da se sredam malku

    Edno prashanje dali koga imate mesecen ciklus prviot den idete vo teretana i sto vezbate
     
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.187
    Пол:
    Женски
    Бравооо, одлично, само напред.:muscle:
    Гледам доста си мотивирана и тоа е супер.

    Па нема некои конкретни вежби за половина, ако сакаш да изгубиш некој сантим во обем, треба да ослабеш и сегде ќе ослабеш, не само кај струкот.
    Што знам, вежбај си ги вежбите за цело тело па со текот на времето ќе ти се оформи и струкот, ќе биде така поизразен, моеш и хулахоп да вртиш, :D викаат као демек помагал.
    Не знам каква градба си, ако не си песочен часовник па и круша до некаде нема да ти е изразена до толку, пример мене не ми е, е малку ама не може како на песочен часовник, колку и да вежбам, генетика е тоа, не се менува иако да, ако ослабам секако дека ќе изгубам некој сантим ама и колкови ќе стопам и све друго.:D
    Ех, да беше така лесно, да слабееме само кај што сакаме ама не е можно такво нешто.
    Не се замарај толку со тоа, вежбај си, ќе се зацврстиш, тонираш може па и форма ќе смениш, не се знае тоа, у секој случај подобро ќе изгледаш.

    За јадењето, мислам дека е во ред ама пак ќе кажам ти треба малце покалорично нешто, пробај грчки јогурт, протеински шејк, протеински пудинг и пилешко јади, јајца јас никад под две не сум. Па и пржени со пиперки и варени, во секоја комбинација, овие денови само на јајца сум.:D
    Земи и веј протеин, пробај и со суплемент зашто мислам малку внесуваш протеини.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    10.949
    Пол:
    Женски
    Фала ти друшка!
    Оваа ми е четврта недела откако почнав, ама секогаш не вежбам исто. Кога веќе почнав, сакам да терам да видам резултати, се предизвикувам.

    Форма на телото ми е маалку сменета, порано бев апла крушка сега сум малку порамна кај колковите. Еве слика
    Body-Type-Chart.jpg
    Сега сум измеѓу rectangle and triangle. Ама слаби нозе имам. Природно сум породена двапати и мислам дека тоа има удел во промената на колкови и задник, секако карлицата се менува. Кај некои се шири, кај мене се стесна :wasntme:
    Сепак за струк мислам може со вежби да се намали. Ајде да се обидеме!
    А слабеење доста е, сега малку некое килце плус. :D
    Велиш повеќе калории а? Некако си терам на некоја мера како што ми е научен организмот, ама изгледа треба дупло да јадам.
    Вчера за ручек јадев риба лосос печен зеленчук, авокадо, леб две парчиња. И по 3 часа вежбав.

    Денес треба тегчиња да ми дојдат па за почеток од две и пол кила и четири ќе бидат таман за раце тонирање
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    10.949
    Пол:
    Женски
    Прикачувам видео за задник и нозе. Мислам дека е супер добро



    Try It :)
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Не можеш со вежби да го стесниш струкот.
    Кога се прави било каква вежба, се активираат мускулите и во доволен временски период почнуваш да се "затегнуваш", т.е има хипертрофија.
    Ако правиш вежби за стомачните мускули се случува токму тоа, ги зацврстуваш исто како секој друг мускул на телото, ама не го смалуваш струкот бидејќи колкав ќе биде се должи чисто на твојата анатомија и распределба на салото.
    Ако го израмниш стомакот тој ќе си ја има повторно истата природна форма, вештачки не можеш да ја добиеш таа кривина и песочен часовник.
    Ти го пишувам ова чисто за да имаш реални очекувања.
     
    На elenaklasik и Ajronmen им се допаѓа ова.
  14. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    10.949
    Пол:
    Женски
    А бе така е. Јас тргнувам од мислата дека може колку толку да се изваја со по некоја вежба, онаа во страна наведнување. Знам женски кои со вежби ја постигнаа таа форма на песочен часовник ама со вежби во теретана, :angel: со тежини за да може да се потенцира колк задник и струк.

    Значи јас да си ги вратам старите колкови, всушност да ставам килажа и да ги подигнам.

    П.с би ставила и слика каква сум сега, знам имаше таква тема со фитнес постигнувања, не знам која е. Ама поарно да не ставам, шо папок имам :(
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Бела Луна

    Бела Луна Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Девојки каде да најдам ролер за кичма гледав на интернет ми изгледа како да е многу корисно.
     
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.713
    Пол:
    Женски
    Воспалени мускулуи, вчера ми беше прв ден.

    Се напив парацетамол сношти, ама некако уште ме болат и преуморна се осеќам.
    Фактички, се ме боли, цело тело.
    :sweat:
    Напната сум, немом да станаа на раат.
     
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.498
    Пол:
    Женски
    Пиј магнезиум и не се форсирај толку нареден пат.
     
    На karak и GirlLove им се допаѓа ова.
  18. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.353
    Непијај ништо,парацетамол,бруфен ништо од то. Внесувај доволно протеин и ќе нема гајле. Ќе се опоравиш за 72часа,не е страшно.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.713
    Пол:
    Женски
    ж

    @Bezimenka90 ви благодарам

    Јас сега аналгин се напив и магнезан б6
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TMNT

    TMNT Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2023
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Машки
    Toa e dobro, štom te bolat muskulite znači si gi izvežbala i "pogodila" dobro muskulite.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.