Па природно ваљда пошто тој протеин хемиски е ист ко протеини во пилешко, само механички е издвоен и нема штетен ефект во телото. Патем сурутка се одвојува при производство на сирење. А за земање витамини како суплементи што мислиш? Никој не кажа дека е полошо, лол. Само со веј дополнуваш. Исто како што кај спортисти се препорачува и магнезиум да земаат. (ваљда со тие 10 години искуство знаеш и зашто)
U teretana li odes da vežbaš? Kolku si cm i kg? Koja ti e celta na vezbanjeto, Za kacuvanje/namaluvanje kilaža? Rekreativno? Priprema za nekoe takmičenje?
Za vitamini može da se zema ali umereno, ne možes da kažes deka e podobro primer da primas vitamin D preku apčinja, od kolku u priroda na sonce. Treba vnimavanje so zemanjeto vitaminski apcinja i magnezijum poradi možnost za formiranje kamencinja u bubreg, za toa vreme so sum pominal po teretanite videl sum kup Bez potrebni razni povredi, koristenje hemii bez efekt ili negativen efekt i slično. Ako ne si profesionalen sportist ne e preporačlivo zemanje premnogu dodatoci hemii i slični raboti mislam ke se složeš
Фала богу дека прво преку исхрана внесуваш сѐ што треба, па дополнително со суплементи. Ама не знам како вејот го нарекуваш хемија. Прашај некоја баба на село ќе ти каже што е сурутка
Ако вежбам цело тело треба секој втор ден да одмарам? Од скоро дознав дека ако вежбам цело тело треба секој втор ден да одмарам (денес вежбам утре одмарам), јас вежбам секој еден ден одмарам, евентуално два, но требало да се одмараат мускулите. Неразбрав баш за што, дали за подобри резултати или незнам...Бидејќи ако вежбаш пример денес едни мускули утре други уствари ги одмараш едните мускули на преку ден/два, а кога вежбаш цело тело не.
Зависи што и колку вежбаш. Ако вежбаш по дома 15-20 минути тогаш вежбај колку сакаш... Ако вежбаш со тежини, тогаш да, подобро е да правиш одмор... на извежбаната мускулна група и треба 48-72 часа за регенерација.
Jas vezbam sekoj den osven nedela i ako nesto izleze obvrska so decava da ne nozam. Vezbam eden den race eden den noze
Здраво, би сакала повеќе да се зацврстам и да обрнам внимание на моето тело. Дали има некој кој држи индивидуални часови по пливање или јога? Фала однапред!
Ве читав претходниве страници и сега сум збунета. Ова фитнесов баш ми е енигма. За колку време газ се подига, формира или зголемува? Вежбам од јули средина, е сега не баш онака иста јачина секој ден, ама се трудам. Од пред еден месец воведов и тегови од 2 и пол кг. Забележувам можеби минимално оформување, задникот може малку, а можеби и се залажувам. Што знам... Јас и порано имав добро дефиниран задник, ама со бремености и седечки живот, без вежбање, спадна, плус и ослабев и ја изгуби полнотата. Го сакам назад. А со теговите, повеќе забележав кај рамениците како да се ојачани, имам повеќе кондиција, не ме боли ништо по вежбање. Што значи тоа, немам ефект? мислам имам онака чувство на навежбаност ама не е болно. Значи јас вежбам за да се дефинирам, тонирам, и задникот да го разубавам. Патем имам и дијастаз, тешко се спојува пустиот. Дајте совети, предлози. @TMNT може да ми посочиш? Рече си работел во теретана.
Знаете ли колку време ми треба следново да го напишам. Си велам срам не срам ќе пишам Значи вака- Висока сум 1,74 а тешка околу 65-66 кг. Но, имам меше. Значи не меше - мешиште ( да споредам со трудна жена околу 4ти месец трудна ). За вежбање не вежбам оноа теретана и сл, но активно трчам од секогаш и возам велосипед. Скокам на јаже секој ден ако се смета Е сеа бидејќи вака имам нозе слаби раце исто а меше големо и сакам да работам на тоа да го немам. Да речам дека ми е од деца што родив не ми е, после втроиот пораѓај поминаа скоро 5,5 год. Значи не знам од кај да почнам да се намали. Внимам на исхрана се, ама тоа си стои. Нозе ќе ми ослабат или раце ама тоа пустото стои. Ве молам ако имате да ми препорачате може и он лајн да посетувам некоја активност од дома. Исто така од теретана не се нафаќам да одам , ама можам фитнес , аеробик било што ќе ми помогне. За теретана имам срам затоа.
Во скоро сите продавници за спортска опрема, облека или суплементи. После одредено време телото се навикнува на активностите кои ги правиме доколку се секогаш исти (пример иста дистанца и исто време при трчање, иста тежина, ист интензитет на вежбање и тн.) и потребно е нешто да се смени во пристапот на вежбањето. Затоа на пример ќе сретнеш велосипедисти кои имаат кондиција да се качат на планина а имаат стомак. Ако не сакаш ете друго да вежбаш, внеси некоја промена во трчањето, поголема дистанца пример... на телото му треба нов предизвик за да почне да прави нови промени. Теретана и фитнес клуб/центар е исто иначе... Ако ти е незгодно од машки, можеш да одиш во некоја од неколкуте теретани шо се само за женски. Или ете пробај аеробик, пилатес или нешто слично неколку месеци... За онлајн активност од дома не сум чул после короната некој да прави такви групи. Можеби некој тренер би се нафатил да прави онлајн тренинзи, ама искрено реткост е бидејќи секогаш е неисплатливо или за клиентот или за тренерот.
Јас едно ќе ти кажам,немаш никаква потреба од срам во теретана.Секој си оди таму за да вежба и да се усоврши.Јас ќе ти кажам дека никој со никој не се замара во теретана.Стави си слушалки и право на вежбање без никаков срам.Затоа служат теретаните.Таму има справи што дома ги немаме,и ефектот воопшто не е ист.
Не, немам срам бидејќи има машки. Не знам ништо околу справите. Освен трчање на лента друго не сум користела. Не знам како се користат, од Велес сум не сум чула до сега дека има личен тренер да земеш. Обично газдите се се во теретана, а колку може внимание да се посвети не знам. А и мислам подобро би се вклопила во групна вежба. Би пробала аеробик. Фала ти што одвои време да ми одговориш.
Немам поим околу справите, затоа ми е проблем да одам во теретана. Не би се снашла така едноставно. Групни вежби мислам по мое повеќе ми одговараат Фала ти и тебе што одвои време да ми одговориш.