1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да го купам,па ми треба совет

Дискусија во 'Канта' започната од Elena-123, 27 ноември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    *ако има ваква тема-аут!!Јас побарав ама немаше а стварно сметам дека е потребна и една ваква*

    Значи вака..Кога планирате да си купите некаква облека ,некаква козметика,накит,ташни,и сл.,а не сте баш многу информирани за производот или се двоумите,или пак не сте баш сигурни..тогаш прашајте овде,со надеж дека ќе добиете добар совет од искусни..;)
    Пример:
    -што мислите за пудрава од Орифлеим?(и си ставате слика од пудрата)потоа очекувате да се најди некој добродушен и да ви помогне..а сигурно има такви,и тоа во голем број ^_^..
    **кога некој поставува прашање,односно бара совет..Вие треба да му помогнте,да му одговорите,секако доколку знаете и дури после тоа да прашате и вие.Темата нема да ја постигне целта ако се редат само прашања..;)
    Сметам дека не е убаво да се трупаат само прашања,а никој да не помага.Затоа трудетесе да биде редоследот:прашање-одговор,прашање-одговор,итн,**:$

    Па ајде на кој му е потребна помош,ние сме тука!:D:l:
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.651
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека на форумов има милион теми за облека,козметика и сл работи и во сите се вртат едните исти совети темава е малце сувишна. Особено во темите за Козметика и за пудри толку е се разјаснето со рецензии со мислења и искуства веке сите се поголеми професионалци него самите тие кои ги напраиле пудрите.

    Исто и во темите за облека има многу мислеа за продавниците и за квалитетот на робата што ја нудат така да се што е потребно само малце време да се одвои и да се прочепка за да се дојде до посакуваниот одговор.
     
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Концептот на форумот е создаден на принцип на прашања, совети, одговори и споделување искуства на членовите.Во секоја категорија има доволно теми за различни области и потреби така што не верувам дека би нашла посоодветна интернет-локација со изоболство од информации како што е Фемина.
    Од тие причини, темава претставува слепа улица меѓу патоказите.
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.591
    Пол:
    Женски
    Демек ко игра ти прашуваш јас одговарам.
    Ако веке се отвори ваква тема мора правило да биде сите прво да одговориме па да прашаме?Ако знам ке ти одговорам ако не здравје.Безвезе вака искрено.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.