1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да знам (интересни слики и факти)

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Divinebutterfly, 15 мај 2012.

  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Темава ја отворам бидејќи не најдов слична,сакав да споделам едни работи како од илјада зошто илјада затоа,кои се интересни и несекојдневни,а и поучни исто така,па секој кој ќе дојди до такви работи и сака да ги сподели можи да е тоа овде.
    Незнаев точно ни каде да ја сместам,ама пошто е научна и со факти ја сместив овде,ако има потреба,слободно преместете ја :)

    Па вака,ова сакав да споделам :) Нешто што ме фасцинира :)
    Во Данска,на местото каде што се спојуваат Северно и Балтиско Море има граница бидејќи тие се со различна густина и не можат да се спојат ^_^ Жителите на Данска местото го нарекувале "Крајот на светот"

    И уште нешто: Овие морски видри спиеле фатени за рачиња за да не ги однеси морската струја :)
    P.S.Превземени се од Facebook :) Пишете и вие извори :)
     

    Прикачени фајлови:

    На CameliaMiller, QueenElena, Whitecloud95 и 33 други им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Поларна светлина во Исланд
    Северната поларна светлина се нарекува „аурора бореалис“, а името го добила по римската божица на светлината Аурора и грчкото име за северен ветер, Бореас.
    Поларната светлина ја предизвикува Сончевиот ветер, односно струја од топла плазма која ја исфрла сонцето.

    Оваа појава ме фасцинира. Прекрасно.
    :)

    извор: Кирилица
     
    На QueenElena, mileystar, mims-89 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    На QueenElena, Whitecloud95 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Хахахахха се изнасмеав за желката :rofl:
    Трендафилка и мене иначе тие ми се ептен интересни!

    Еве уште едно од мене :)
    Два пати во годината одливот на океанот кај корејскиот остров Чиндо е толку голем што откривал пат до соседниот остров Модо и затоа се одржува и традиционален фестивал посветен на "Чудото на Мојсеј" како што го нарекувале и тоа давало можност да се помини по дното на океанот меѓу двата острови :)
     

    Прикачени фајлови:

    На CameliaMiller, QueenElena, Whitecloud95 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Lake Gippsland (actually a network of lakes) in Australia teems with microorganisms that produce a ghostly blue glow thanks to their natural luminescence. This makes this body of water a beautiful and unique tourist attraction.

    Научниците претпоставуваат дека пепелот од пожарите кои ги имаше во тоа подрачје проследени со поплавите, па мешање на езерската вода со морската создала нови алги наречени Noctiluca scintillans кои светаат во темница.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На QueenElena, Hipster, mileystar и 12 други им се допаѓа ова.
  6. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    -Просечно 12 новороденчиња дневно се даваат на погрешни родители.
    -Хавајската азбука има само 12 букви.
    -Со удирање на главата во ѕид, за еден час се трошат околу 150 калории. :D
    -Постојат и црвени банани. Кога ќе узреат достигнуваат црвено - виолетова боја.
    [​IMG]
     
    На QueenElena, Hipster, mileystar и 10 други им се допаѓа ова.
  7. shushu

    shushu Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Интересни факти за прекрасната земја Јапонија
    1.Јапонците имаат четири различни системи за пишување. :o
    2.24 случаи на смрт или сериозни повреди додека се наведнувале еден кон друг во знак на традиционалниот јапоски поздрав
    3.првите гејши биле мажи (неможам никако да ги замислам машките гејши) |(
    преземено од http://www.divianarts.com/?p=35919
     
    На QueenElena, mileystar, kate21 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Ова е реката која е наречена Синиот змеј :) Се наоѓа до Фаро, Португалија :)
     

    Прикачени фајлови:

    На QueenElena, Hipster, mileystar и 11 други им се допаѓа ова.
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    ..7% од Американците мислат дека Елвис Присли е сеуште жив.
    [​IMG]
     
    На QueenElena, Hipster и mileystar им се допаѓа ова.
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    За денес еве ви еден бел прекрасен лав! Можно е да е албинос,така барем јас мислам :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Angelceto, QueenElena, mileystar и 3 други им се допаѓа ова.
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    [​IMG]

    :lol:.

    Тешко и опасно е кога жирафите пијат вода. Тие ги шират нозете и речиси легнуваат во незгодна позиција што ги прави особено ранливи за големите мачки. Олеснителна околност е тоа што пијат вода на неколку дена, поголемиот дел од водата го добиваат од сочните листови!
    [​IMG]

    извор: facebook.
     
    На QueenElena, mileystar и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Граница помеѓу Аргентина,Парагвај и Бразил

    [​IMG]
     
    На blosson, kate21, Buttterfly и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Во Јужна Дакота (САД) ,река Мисури :) :l:
     
    На kate21, simon4etooo, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Дали знаевте дека скорпиите светат флуоресцентно на ултравиолетова светлина? Еве една,тоа е египетската смртоносна скорпија.
    Интересно :)
    [​IMG]
     
    На nela.oh, Miss.Ricci, Buttterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  15. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Прекрасни и мистериозни езера кои се формирале во кратери

    Овие необични езера се формираат во вулкански кратери, кои биле предизвикани од метероити или пак во огромни дупки настанати по вештачки пат од големи експлозии. Езерата кои се наоѓаат над активни вулкани се нарекуваат и вуклански езера и водата во нив најчесто е киселинска, сатурирана со вулкански гасови и матна, а се одликува со силна зелена боја. Но, голем број од езерата кои се наоѓаат во неактивни или изумрени вулкани имаат свежа вода и многу често нејзината провидност е неверојатна бидејќи има недостаток од доводни извори и седименти. Погледнете ги наредниве неколку фотографии од најпрекрасните кратерски езера во светот. Фактот дека сите тие настанале од вулкани, само придонесува за нивната убавина и мистериозност…
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Извор:Кафепауза :)
     
    На QueenElena, mileystar, kate21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Чао, отидов јас да си ја лупам главата. :D

    • Должината на вашата подлактница е еднаква со должината на вашето стапало.
    • Хипокрит, таткото на медицината, препорачал дека на жената може да и се зголеми обемот на градите, со често и гласно пеење.
    • Мускулите кои управуваат со очите се најсилни во целото тело.
    • Потребни се 17 мускули да се насмееш, 43 да се намрштиш.
    • Сините очи се последица на генетска мутација – нашите дамнешни претци имале исклучиво кафени очи.
    • Сонуваме 4 до 7 различни соништа во текот на една ноќ.
    • Чест пијалок на Тибетјаните е чајот од путер, кој се прави од путер, сол и циглен чај.
    • За да се направи пола килограм путер, се потребни 29 чаши млеко.
    • Доколку не и бидат додадени обојувачи, кока колата би имала зелена боја.
    • Во 1830 година, кечапот бил продаван како лек.
    • Јаболкото, компирот и кромидот, имаат ист слаткаст вкус, ако ги јадете со затнат нос.
    • Вкусот на храната, може да се одреди само ако таа е измешана со плунка.
    • Секој крал од картите, претставува некој голем крал од историјата. Лист- Кралот Давид, Детелина- Александар Велики, Срце- Чарламајн, Каро- Јулиј Цезар.
    • Малечкото од кенгур, се вика џои.
    • Пол Хун, го држи рекордот за најгласно ждригање- 118.1 децибели. Што е гласно колку и моторна пила.
    • Во светот, има 2 пати повеќе велосипеди, од автомобили.
    • Доматот и краставицата се овошја.
    • Зборот Шпанија, значи земја на зајаци.

    Среќни гробишта во Романија
    Гробиштата се тажни места, но тие можат да бидат интересни и забавни. Селото Сапанта на северот на Романија, е познато во светот по своите Среќни гробишта кои се заштитени од УНЕСКО како светско културно наследство. Сапанта е голема туристичка атракција. Но, што е толку необично во врска со него? Надгробните споменици на гробиштата во ова село се во форма на големи крстови изрезбани од дабово дрво. Фарбани се рачно во живи бои како што се црвена, сина, зелена, жолта и украсени се со смешни и интересни епитафи кои го опишуваат животот и околностите под кои покојниот заминал на другиот свет.
    [​IMG]

    Статуата на слободата е направена во Франција
    Познатата Статуа на слободата, гордоста на Њујорк и на САД, ја дизајнирал Фредерик Бартолди. Малку Американци знаат дека неокласичната скулптура е направена во Франција и дадена на САД како пријателски подарок.
    Александар Густав Ајфел, брилијантен француски инжинер кој стои зад Ајфеловата кула, ја направил челичната рамка околу Статуата на слободата. Статуата е висока околу 93 метри, а седумте краци на круната ги претставуваат континентите во светот.
    [​IMG]

    Најдолги имиња
    Подгответе се за најдолгите официјално запишани имиња. Тешко дека некој може да се натпреварува со Taumatawhakatangihangakoauaotamateaturipukakapikimaungahoronukupokaiwhenuakitanatahu: маорски назив за рид во Нов Зеланд.
    Името на едно село во Велс во Обединетото кралство содржи 58 букви и е најдолго официјално име на место од еден збор. Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch значи “Црква на Дева Марија во празнина на бел лешник близу брзата вода и Црква на свети Тисилија од црвена карпа“. Пократката верзија на името е Llanfairpvllgvyngyll.
    Постојат уште неколку необични имиња Äteritsiputeritisipuolilautatsijänkä – место во Финска, Siemieniakowszyzna во Полска и Newtownmountkenneds во Ирска.
    [​IMG]

    Грците никогаш не мафтаат со отворена дланка
    Всушност, во Грција се смета за навреда ако некому намерно му ја покажете дланката со испружени прсти. Затоа, Грците се поздравуваат со затворена дланка.

    Прилеп, најквалитетно наоѓалиште на бел мермер
    Околината на Прилеп, посебно кај Сивец, претставува најголемо и најквалитетно наоѓалиште на бел мермер во Светот! Дневно од овде се извезува меѓу две и три илјади квадратни метри мермерни финални производи во Грција, во Саудиска Арабија, Африка, Австралија, САД, Јапонија и во други континенти и земји. Секој ден од Прилеп за светот патуваат најмалку три шлепери со непреработени грамадни мермерни блокови, а секој блок е тежок меѓу дваесет и триесет тони.
    [​IMG]

    Кафето некогаш се јадело
    Оригинално, кафето се јадело. Африканските племиња ги мешале зрната кафе со масло и притоа добивале енергетски топчиња, кои можат да се јадат.
    [​IMG]

    Сини дупки - чуда на природата
    Сините дупки се вертикални потопени пештери кои можат да се пронајдат во море или на копно, а последните години станаа туристички дестинации. Ги има многу низ светот, а најчесто се во ниски крајбрежни области. Најпознатите се наоѓаат на Бахамите, во Гуама, Австралија и Египет.
    Името го добиле поради темно сината боја на водата, која е различна од останатиот дел од водената површина. Темно сината бојата ја создаваат високата проѕирност на водата и белиот јаглероден песок на дното. Сината боја е најиздржлива боја во спектарот, и за разлика од другите, успева да стигне до белото дно и да се рефлектира назад. Најдлабоката сина дупка се наоѓа на Бахамите, а длабока е 202 метри.
    [​IMG]

    Tsingy de bemaraha – Мадагаскар
    Шума од варовнички карпи која досега никој не успеал да ја помине пеш.
    [​IMG]

    Grand Prismatic Spring – Америка
    Трет по големина термален извор во светот. Неговите неверојатни бои се создани од алгите и бактериите кои опстојуваат на ова прекрасно место.
    [​IMG]

    Eye of Sahara - Мауританија
    Мистериозна геолошка структура во пустината Сахара, широка 50 километри и позната во светот како „Окото на Сахара“. Се претпоставува дека е кратер создаден од удар на метеор.
    [​IMG]
     
    На QueenElena, MeSofija, mileystar и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ајде уште нешто од мене. :)


    Дрво 116 години лебди исправено
    „Старецот од езерото“ е називот на трупецот долг девет метри кој вертикално плови во орегонското езеро Крејтер уште најверојатно од 1896 година.
    [​IMG]

    Затвор на вода
    Вернон Ц. Бејн е 800-креветен затвор во кој се сместуваат затворениците од Њујорк. Овој затвор е дел од њујоршкиот затвор кој е дел од огромниот Rikers Island затворски комлекс. Дизајниран е за да може да прими затвореници кои бараат средна и максимална сигурност, во 16 заеднички соби и 100 келии.
    [​IMG]

    Телефонска линија за пцуење
    Германците отворија иновативна телефонска линија која е наменета за сите лути, фрустрирани луѓе кои сакаат да се „издуваат“ пцуејќи. Работата да биде поинтересна, кога ќе се јавите на линијата, операторот ве провоцира со цел од вас да го извлече „најдоброто“. Телефонската линија е наречена Schimpf-los, а наменета за луѓе кои сакаат својот бес вербално да го истурат, но не сакаат тоа да го направат пред луѓето од својата околина.
    [​IMG]

    Згради во 666 форма.
    [​IMG]

    Вратата на пеколот гори 40 години
    Руски геолози во потрага по природен плин, наишле на оваа пештера при пробно бушење. На почетокот личела на мала пештера, за на крај да се појави огромен кратер кој до денес не е истражен. При бушењето пропаднала целата геолошка опрема. Заради огромната концентрација на плин никој не се осмелил да влезе во неа, па геолозите едноставно ја запалиле за да спречат истекување на опасниот плин. Од тогаш пештерата е постојано во пламен, а никој не може да претпостави колкава количина на плин изгорела во последните 35 години и кога воопшто ќе престане оганот.
    [​IMG]

    Крвавиот водопад
    Во уникатниот екосистем на Антарктик, може да се види крваво-црвен водопад. Овој водопад е откриен во 1911 година. Тогаш се мислело дека црвената боја доаѓа од алгите, но таму постои нешто многу поспектакуларно. Причината за чудната вода е тоа што во водата живеат антички микроби. Скриени зад дебел слој од лед, овие микроби продолжиле да живеат и тоа на најчудниот и најневеројатен начин. Тие живеат без воздух, без светлина, со само малку топлина. Во комбинација на сол и железо од езерото, водата тече во црвена боја.
    [​IMG]

    Камени печурки
    Овие необични камени печурки се во Бели Пласт, Бугарија. Најголемата камена печурка е три метри висока, а има десетина вакви камења во форма на печурки. Овие камења се создадени од ерозија на вода, така што за овој феномен му се заблагодаруваме на природниот елемент, водата, што илјадници години ги еродирала камењата за да добијат форма на печурки.
    [​IMG]

    Минијатурна пустина во сибирските планини
    Сепак, научниците тврдат дека Chara изгледа како пустина, но тоа всушност не е така од многу причини, на пример како што е количината на влагата. Се проценува како во периодот на глацијацијата пред 55 до 100 милиони години таа прво била делта на езеро пред глечерот.
    [​IMG]
     
    На QueenElena, mileystar, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Интересна ми е темава. :wasntme:

    Pamukkale Турција
    Едно од најинтересните места што ги создала природата, не само во Турција туку и во светски рамки е Памуккале. Самото име на местото, потекнува од турските зборови pamuk и kale или тврдина од памук. Белината која оддалеку наликува на густо распоредени облачиња, со приближување се оформува во вистински свет на бели фигури, столбчиња, басенчиња и др. Карактеристичниот физичко-хемиски состав, на водата и дава лековити својства. Тоа било познато многу одамна, па и некои владетели доаѓале за да се капат во езерцата кои се формирани во нив. Водата главно служи за третман на кардио-васкуларни пореметувања, артериосклероза, крвен притисок, нервни растројства, проблеми со кожата, како и дигестивниот тракт.
    [​IMG]

    Затвор со 5 ѕвезди
    Колку и да звучи пародично, на ова место можат да му завидуваат и најубавите хотели. Затворот Халден Фенгсел, кој бил отворен лани од кралот Харалд Петти лично, е дом на некои од најомразените криминалци во Норвешка, вклучувајќи убијци и силувачи. Стражарите се невооружани и често пати спортуваат и јадат заедно со луѓето кои ги чуваат. Половина од персоналот се жени, политика базирана на истражување кое покажало дека женското присуство во затвор ја намалува агресивноста. Таму дури има и "кујнска лабораторија", во која осудениците одат на курс за готвење. Покрај другите луксузи, во објектот има музичко студио, патеки за џогирање и одделна куќа со 2 спални соби каде затворениците можат да преноќат со своите посетители.
    [​IMG]

    Островот Makepeace
    Сопственик на овој прекрасен остров во форма на срце е Сер Ричард Бренсон, газдата на „Virgin Group“. Островот кој се наоѓа на реката Носа во Куинсленд, Австралија од минатиот јули стана достапен за ексклузивно изнајмување.
    [​IMG]

    Вулканот Kelimutu
    Вулканите се честа појава во Индонезија, земјата која е позната во светот по својата геолошка активност. Kelimutu се истакнува со своите три кратерски езера, од кои секое има различна боја.
    [​IMG]

    Chocolate Hills
    На прв поглед, Чоколадните Ридови на филипинскиот остров Бохол изгледаат како да се вештачки направени, како да не се дело на природата, туку резултат на некој неверојатен човечки потфат. Стотина конусовидни и куполести планини стојат една зад друг. Постојат најмалку 1260 ридови, кои се расфрлани на површина од повеќе од 50 квадратни километри. Тие се обраснати со зелена трева која станува кафеава за време на сувата сезона, па оттука го добиле и името The Chocolate Hills.
    [​IMG]

    Галесњак
    Се наоѓа во Хрватска, во Јадранското Море.
    [​IMG]
     
    На QueenElena, mileystar и kate21 им се допаѓа ова.
  19. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Сите досегашни американски претседатели носеле очила за гледање, само некои од нив не сакале да бидат видени со нив во јавност.

    Консумирањето јаболко наутро има поголем ефект во освестувањето од кафето.

    Венера е единствената планета која ротира во насока на стрелките на часовникот.

    Луѓето и делфините се единствени суштества кои имаат секс за задоволство.

    Зеницата на окото се проширува за 45% кога гледаме во нешто кое ни се допаѓа.

    Звукот кој го слушаме кога ќе приближиме школка до нашето уво не се бранови од океан, туку циркулирањето на крвта низ вените во увото.

    Изградбата на бродот Титаник чинела седум милиони долари, а правењето филм за него чинелo двесте милиони долари.

    Слонот е единственото животно кое не може да скока, a има 4 колена.

    Најголем број на родени деца
    Најголем број на деца родени од една мајка, е рекорд поставен во периодот од 1725 до 1765 година, а него го држи жената на еден руски земјоделец, Фјодор Васиљев. Во тој период таа родила дури 69 деца, од кои 16 пати близнаци, 7 пати тројка, 4 пати четворка и 4 единци.

    Симболот што го означува доларот :cash:, всушност произлегол од вклопување на буквите U и S (United States).

    Мадрид е единствениот главен град во Европа кој не се наоѓа покрај рекa.

    Во Атина, Грција возачката дозвола може да ви биде одземена ако полицаецот смета дека сте сиромашно облечени или доколку не сте бањати.
    Во Франција е нелегално на свиња да и го дадете името Наполеон
     
    На QueenElena, mileystar и Divajn им се допаѓа ова.
  20. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    8 најубави езера на светот
    Езерото Мораин, Канада
    [​IMG]
    Манапури, Нов Зеланд
    [​IMG]
    Тахо, САД
    [​IMG]
    Луцерн, Швајцарија
    [​IMG]
    Ба- Бе, Виетнам
    [​IMG]
    Лаго Де Пацкуаро, Мексико
    [​IMG]
    Конистон, Англија
    [​IMG]
    Блед, Словенија
    [​IMG]
    Извор:црнобело
     
    На QueenElena, mileystar и kate21 им се допаѓа ова.