Боите на месечината Црвена месечина Кога изгрева месечината често е со црвена боја. Кога е поблиску до хоризонтот, светлината од месечината мора да помине низ поголем дел од атмосферата, отколку кога е директно над нас. Додека пристигне светлината до нашите очи, молекулите на воздухот веќе ги имаат растурено сините, зелените и виолетовите парчиња од видливата светлина и поради тоа остануваат само нијансите на црвената боја. Добар пример за црвена месечина е и кога Земјата ќе застане помеѓу неа и Сонцето. Бидејќи нема директно осветлување, таа на неколку минути добива специфична црвена боја. Портокалова месечина За време на есента, месечината честопати има специфична големина и боја. Поради тоа е наречена „месечина на жетвата“. Скоро цел месец при изгревање е со портокалова боја и потоа така останува подолго време. Овој феномен се објаснува со многуте честички од прашина во воздухот кои се појавуваат за време на првиот период од есента. Тие ја искривуваат светлината на месечината и затоа нам ни изгледа малку поразлично. Темно жолта месечина Месечината може да има темно жолта боја, во кое било време од годината и во која било положба на небото. Неколку минути по изгревањето, додека сè уште е ниско на небото таа скоро секогаш преминува од портокалова во темно жолта. Но, кога има премногу прашина, чад или друг вид загадување во атмосферата, таа може да остане во оваа боја додека го поминува целиот свој пат околу небото. Сина месечина Ефектот на сина месечина е многу редок. Најчесто во оваа боја е забележувана после големи пожари, кога има премногу чад во атмосферата. Или пак за време на активни вулкани кои на сличен начин влијаат врз воздухот. Сива месечина Кога ја гледаме месечината надвор од атмосферата таа има сива боја. Тоа понекогаш може да се забележи и од Земјата за време на многу ведра ноќ, ако сме подалеку од светлината на градовите и без никакво влијание на загаденоста и прашината. Spoiler Извор:Кафе Пауза
Нај убавите топли извори во светот. Дел од овие топли извори се извонредно место за уживање и опуштање со лековити карактеристики, а други пак се опасни и до нив не треба да се приближуваме поради екстремно топлите температури. Spoiler 10 Интересни факти за Гугл 1. Гугл проценува дека реклама на почетната страница на пребарувачот би чинела 10 милиони долари. Просторот не е за продажба. 2. Името Google е всушност погрешно спелување на зборот googol – математички израз за бројот 1 проследен со 100 нули. 3. Тематските логоа на пребарувачот стартуваа во 1998 година, со човече поставено зад логото. Целта била да ги информираат корисниците, дека основачите заминале на фестивалот „Burning Man“ во Невада, САД. 4. Наместо косилка, компанијата изнајмува кози за да ја испасат тревата околу нејзиното седиште. Во 2009 година, изнајмила 200 кози. 5. Почетната страница на пребарувачот е достапна на повеќе од 80 јазици. Еден од нив е клингонскиот јазик од „Ѕвездени патеки“ (Star Trek). 6. Гугл има сопствен диносаурус наречен Стен. Скелетот на T-Rex живее во седиштето на компанијата во Калифорнија. 7. Пребарувачот Јаху ја испушти шансата да го купи Гугл за 1 милион долари, во 1997 година. Денес тој вреди 200 милијарди долари, а Јаху само 20 милијарди. 8. Првиот твит на Гугл е: „I’m 01100110 01100101 01100101 01101100 01101001 01101110 01100111 00100000 01101100 01110101 01100011 01101011 01111001 00001010“. Кога бинарните броеви ќе се претворат во букви, тоа значи „I’m feeling lucky“. 9. Копчето „I’m Feeling Lucky“ го чини Гугл преку 100 милиони долари годишно. 10. Компанијата има повеќе од 1 милион сервери, односно 2 % од вкупниот број во светот. Може да се пофали и со над 1 милијарда пребарувања дневно.
Најубавите мостови во светот : Gateshead Millennium Bridge (Велика Британија) Stari Most (Босна и Херцеговина) Rio–Antirrio Bridge (Грција) Red Bridge (Северна Холандија) Puente del Alamillo (Шпанија) Pont du Gard (Франција) Oresund Bridge (Копенхаген-Данска до Малмо-Шведска) New River Gorge Bridge (Западна Вирџинија) Nanpu Bridge (Кина) The Millau Viaduct (Франција) Magdeburg Water Bridge (Германија) Mackinac Bridge (САД) Kintaikyo Bridge (Јапонија) Khaju Bridge (Иран) Kawazu (Јапонија) Hangzhou Bay Bridge (Кина) Golden Gate Bridge (Калифорнија, САД) Forth Railway Bridge (Шкотска) Fehmarn Belt Bridge (Хамбург-Германија дo Копенхаген-Данска) Erasmus Bridge (Холандија) Iron Bridge (Велика Британија) Bridge of Sighs (Италија) Vasco da Gama Bridge (Португалија) Tower Bridge (Велика Британија)
12те скриени пештери-куќи 1. Пештерска куќа во Фестус, Мисури Оваа модерна куќа е изградена во влез на пештерска дупка. Куќата се снабдува со топлинска енерегија од геотермалните води, а систем за ладење не и е потребен. 2. Mалатор, Велс Оваа куќа малку наликува на куќата на Телетабиси иако не е поврзана со нив. Има едноставен дизајн и содржи една соба во која се одвоени основните делови на една куќа. Покрај внатрешноста оваа куќа ја красат прекрасните пејзажи околу неа. 3. Скриената куќа во Долна Силесиа, Полска Интересното кај оваа куќа е тоа што има тревест покрив а, и останатиот екстериер е обраснат со трева. 4. Подземната куќа во Кумбриа, Англија Куќата е изградена на место на поранешен каменлом и е во сопственост на семејството Реди. 5. Седум, Велика Британија Иако налик изгледа дека е оваа куќа е над земјата сепак најголемиот дел од неа се наоѓа под земја. Потполно еколошка со лесен систем за ладење и загревање таа сдоржи уникатен систем за наводнување со помош на водата од дождот. 6. Цветни ливчиња во Болтон, Англија Оваа куќа била желба на познатиот фудбалер Гери Невил, ја направил за да биде еколошка. Таа е во вид на цветни ливчиња за да може да навлезе што поголема светлина. 7. Камена пустина во Грција Куќата има правоаголна форма со што се овозможува лесно ладење со помош на ветерот и лесно навлегување на природна светлина. Изградена е помеѓу две ритчиња и содржи примеси од традиционалната грчка архитектура. 8. Хобит куќа во Швајцарија Местото каде што е изградена оваа куќа е познато по термалните води и прекрасните пејзажи. Овој дом е супер локација бидејќи не е потребен скоро никаков трошок за ладење и загревање и не го блокира видикот на посетителите на ова место. 9. Колиба-Пештера, Англија Rock Cottage е составена од три пештери и била изградена во 1770-те. Пештерата има врати, прозорци и нормален домашен мебел но нема електрицитет и вода. Карпестиот дом е сместен во гребен кој се наоѓа во 2 хектари шума и градини во Волверли, Ворчестершајр, Англија. 10. Дом во пештера, Швајцарија Диетикон, Швајцарија е домот на овој комплекс од девет пештери создаден од Питер Веч кој ги прекрил домовите само со земја. Некои од покривите имаат градини а другите го зачувуваат природниот изглед, во зависност од теренот. 11. Дом во пештера, Грција Скриената Beckham Creek Cave Lodge се наоѓа на имот од 113 хектари. Зачувувањето на убавината на природниот пејсаж била прва мотивација на сопствениците. 12. Дом во пештера, Јута Некој ужива во Јута каде што Cave Palace Ranch е сместен на 40 хектари сместен во прекрасна пештера од црвени карпи. Четирите помали пештери содржат спална со балкон, дневен престој и две гостински спални. Соларни панели се искористени за добивање на електрицитет а подземен бунар носи свежа вода. Фасадата преполна со прозорци ја полни внатрешноста со природна светлина.
Остров од никаде Во 1963година морето југозападно од Исланд почнало да врие и клокоти. Полека од водата се издигнал островот Серси. Тој бил создаден од стопена лава од еден вулкан. Лавата се оладила, а подоцна семиња од растенија расфрлани од морето почнале да растат на островот.
Сода бикарбоната често се потценува, а одлична е и за многу работи во домаќинството. Освен што прави вашите колачи да се помеки и да ги елиминирате киселините во желудникот, еве за што уште таа е добра: -Ако една лажичка сода бикарбона ставите во вода со вазна во која имате цвеќе, цвеќето подолго време ќе биде свежо. -Оставете во една чинија сода бикарбона и ставете ја во фрижидер, така ќе се абсорбира миризбата. -Го намалува непријатниот мирис од пепелникот, но и тлеењето на цигарата. -Верувале или не, таа дури го отстранува и непријатниот мирис од чизмите, чевлите, чорапите. Доволно е само да ставите малку сода на нив. -И правосмукалката ќе се опорави од непријатниот мирис при процесот на чистење. -Со малку сода и оцет на стврднатите четки, тие ќе станат како нови. -Таа ги брка мравките и бубачките. Слободно нанесете ја на местата каде се појавуваат. -Ако сакате омлетот да ви биде пенлив, додајте малку сода. -Содата може да се користи и за чистење на ве-це школката. Додајте чаша сода бикарбона во водата, оставете час и половина и измијте ја. Со неа можете и да миете лавабоа и кади. -Додајте сода и во машината за перење садови и нечистотиите полесно ќе се отстранат.
Саудиска Арабија е земја без реки. Звучи навистина чудно така? Земја голема колку Саудиска Арабија,мора да има барем мал број на реки?! Но,нема!Најголемиот дел од свежата вода доаѓа од подземните резерви. Русија произведува најмногу кислород. Сибир е територија на која се простираат 25% од светските шуми,на површина поголема од континенталниот дел на САД.Со тоа,Русија е најголемиот конвертор на јаглеродот диоксид во кислородот кој живите организми го дишат. Животните,исто како и луѓето,се левораки или деснораки.Поларните мечки се левораки.Можеби веќе сте слушнале,но нивното крзно не е бело. Глушецот може да издржи без вода подолго од камилата. Крокодилот не може да го држи својот јазик надвор. Домашната мува живее само 14 дена. Морските ѕвезди немаат мозок. Пеперутките го чувствуваат вкусот со нозете. Квакањето на пајката нема ехо,и никој не знае зошто. Бубашваба може да живее неколку недели без глава - умира од глад. Полжавите се спаруваат само еднаш во нивниот живот. Некои лавови се парат преку 50 пати дневно! Раковите имаат сина крв. Оргазмот кај свињите трае 30 минути. Далматинците се раѓаат без дамки. Отприлика има по 1 милион мравки за секој човек на Земјата. Некои видови на мравки ја испраќаат својата кралица во соседното гнездо,каде што таа ја одгризува главата на тамошната кралица и почнува таму да си ги положува своите јајца. Лебарките "испуштаат гасови" секои 15 минути. Делфините може да гледаат во различна насока со двете очи.Тие исто така може да спијат со едно отворено око. Возрасен кенгур може да помине до 10 метри со еден скок. Пчелите ги кршат законите на физиката!Докажано е дека нивните крила теоретски е невозможно да го подигнат нивното тело!
Сум била.Прекрасно е Моераки, Нов Зеланд Овие големи, тркалезни камења со вонземски изглед се наоѓаат на плажата Коекохе, која пак е дел од брегот Отаго на Јужниот новозеландски остров. „Камењата Моераки“ првично биле создадени на дното од морето, преку наталожување слоеви околу јадро, на ист начин како што бисер се формира околу честичка од песок. Некои од карпите тежат по неколку тони и се широки по три метри.http://www.kafepauza.mk/wp-content/uplo ... za.mk_.jpg Лас Канадас, Тенерифе На врвот на планината Теиде, се наоѓа еден од најголемите островски вулкани во светот Лас Канадас. Кратерот, кој има пречник од 16 километри е како слика од пеколот. Стрмните ѕидови кои се формирале кога „котелот“ престанал да врие, формираат голема сува површина со вонземски изглед. Во околината се изградени патишта и обзерватории, што е чудно за оваа „ничија земја“ каде постои заспан, но сепак сè уште огромен активен вулкан, кој одвреме навреме ја затресува земјата. Од масата на вулканот е создаден Тенерифе, еден од Канарските острови.http://www.kafepauza.mk/wp-content/uplo ... za.mk_.jpg Санциншан, Кина Санциншан е релативно мал национален парк во близина на градот Шанжао. Но тоа што е мал по големина, само го прави голем по убавина. Националниот парк е прогласен за седмо светско наследство во Кина и е познат по неговата сценична атрактивност. Клучот за мистиката на ова место е комбинацијата од извонредни гранитни столбови и карпи, заедно со сезонските климатски варијации кои често создаваат магла и маркантни зајдисонца. Оние кои го посетиле ова место велат дека им создава неверојатно чувство, кое го опишуваат како мир и спокојство. Овој ефект е подобрен благодарение на бројните водопади, природни базени и извори.http://www.kafepauza.mk/wp-content/uplo ... za.mk_.jpg
Со население от 23 милиони души,Шангај е најнаселениот град на планетата Големиот кањон сликан од космосот
Браво за темата ОТКРИЕНА ПЛАНЕТА ПОЛНА СО ДИЈАМАНТИ Астрономски тим од французи и американци успеаа да откријат огромна планета која е составена од дијаманти. Планетата е наречена „55 Cancri e", и има маса 8 пати поголема од Земјината топка. Астрономите велат дека оваа планета кружи околу ѕвезда исто како Земјата што кружи околу Сонцето, и е оддалечена 40 светлосни години во соѕвездието „Рака“. Планетата се движи со огромна брзина и една нејзина година трае околу 18 часа со површински температури кои достигаат и до 1.648 степени Целзиусови. „Планетата е составена од графит и дијамант, наместо вода и гранит“, пренесува истражувачот Нику Мадхусудан за Ројтерс. Тој тврди дека најмалку една третина од масата на оваа планета е составена од дијаманти.
Spoiler Човек чиј животен век е 116 години или подолг, се раѓа еднаш на 2 милијарди години. Интересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #2 Возможно е да успеете да качите крава по скали, но не е возможно да ја симнете надоле. Интересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #2 Желките можат да дишат со задникот. Интересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #2 99% од такси возилата во Њујорк превезуваат неодамна пристигнати имигранти. Интересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #2 Слонот е единственото животно кое не може да скока, a има 4 колена. Интересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #2 Жените трепкаат речиси двојно повеќе од мажите. Интересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #2 Полжавот може да спие цели 3 години. Интересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #2 Електричната столица ја измислил забар. Запалката за цигари била измислена пред кибритот. Големината на очите останува иста во текот на целиот живот, од самото раѓање. Затоа пак, ушите и носот никогаш не престануваат да растат. Процентот на луѓе кои сонувале во црно-бела слика, значително се намалил со појавата на телевизорите во боја. Интересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #2 Изградбата на бродот Титаник чинела седум милиони долари, а правењето филм за него чинелo двесте милиони долари. Интересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат #2 Звукот кој го слушаме кога ќе приближиме школка до нашето уво не се бранови од океан, туку циркулирањето на крвта низ вените во увото.
Едно од нашите 7 светски чуда ќе изчезне. За неколку години или месеци тоа целосно ќе изчезне. Spoiler Читав да една страна на фб тоа...незнам дали е точно.(неможам сега да ја најдам инаку ќе оставев линк да се уверие самите)
Истражувањата покажуваат дека кога ќе се заљубиш губиш двајца блиски пријатели. Мажите стануваат глупави кога се окружени со жени. Сендвичите имаат подобар вкус ако ги направи некој друг.
Кредата под микроскоп изгледа вака: Доколку го намалите Сонцето до големина на бела крвна клетка и галаксијата Млечен Пат ја намалите со истиот однос, таа ќе биде со големина на САД. Срцето на синиот кит е толку големо, што мало дете може да плива во неговите вени. Доколку направите дупка до центарот на Земјата и пуштите книга во неа, ќе и’ треба 45 минути да стигне до дното. Вака би изгледал Јупитер доколку е на иста дистанца до Земјата како Месечината.
Во Токио обично за време на "шпицот" ама и не мора да значи, возовите не поаѓаат додека посебно вработените за таа цел, со бели ракавици, не ги бутнат буквално сите патници внатре, за да може да се затворат вратите Вакво нешто треба и јсп да воведат во вторник и петок, особено наутро http://www.youtube.com/watch?v=E7kor5nH ... re=related Поради малата квадратура на која живеат најголемиот дел жители на Токио и истите не можат да си дозволат домашно милениче, измислени се т.н. Cat Cafés каде што заинтересираните љубители на животни (мачки, кучиња итн) да можат да платат и да си поиграат со истите. Стапката на писменост во Јапонија е речиси 100% Снешковците во Јапонија се прават со две големи снежни топки, наместо со три.
Срцето на синиот кит е големо колку овој автомобил Вашето тело содржи толку јаглерод, што можете да наполните 9.000 моливи Подобро гледате кога сте исплашени