1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да знам (интересни слики и факти)

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Divinebutterfly, 15 мај 2012.

  1. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Според најновото холандско истражување кое го објави магазинот “Intelligence“, најстарите деца во фамилијата најверојатно ќе имаат највисок IQ, а најмалите најнизок. Истражувањето се базира на повеќе од 1.000 деца чиј IQ беше тестиран за време на детството и пубертетот, се’ до 18 години.

    Ова е само едно од многуте истражувања кои покажале дека редот на раѓање влијае влијае на карактерот, постигнувањата и кариерата, така што првородените се академски поуспешни. Исто така, се мисли дека редот на раѓање влијае и врз разни други фактори: од ризик за некои болести, до тежината и дури и смртноста. Секако, и на сексуалната ориентација и бројот на сексуални партнери.
    Зошто е тоа така не е сосема јасно и има големи теории, од кои повеќето се базираат на влијанието на средината врз детето.

    Некои од факторите и објаснувањата се:

    Интелигенција: Теоријата која најблиску објаснува зошто првородените деца имаат повисоко ниво на интелигенција е дека на првородените родителите им посветуваат повеќе време и внимание отколку на оние кои се раѓаат подоцна и тоа им дава предност.

    Карактер: Ова е една од најистражуваните области. Првородените се доминантни, религиозни, совесни, невротични. Заработуваат повеќе, поодговорни се и поорганизирани и ги почитуваат правилата. Оние кои се родени во средина се бунтовници, помалку религиозни, импулсивни и отворени за нови искуства. Оние кои се родени последни се топли, дружељубиви, ектровертни и креативни.
    Братска љубов: Една теорија за односите меѓу децата покажува дека постарите инвестираат повеќе време и напор за помладите отколу обратно.

    Сексуални партнери: Оние кои се родени подоцна веројатно ќе имаат повеќе сексуални партнери од првородените. Исто така, помладите во фамилијата посакуваат повеќе партнери, додека првородените сакаат да имаат деца порано отколку оние родени подоцна. Се верува дека тоа е така затоа што првородените се држат до вредностите на нивните родители, сакаат да имаат деца и долга врска, а оние кои се родени подоцна најчесто имаат улога на бунтовници кои одат по својот пат.
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    -Жените повеќе паѓаат на мирисот на мажите отколку на изгледот.

    - Истражувањата покажуваат дека кога ќе се заљубиш губиш двајца блиски пријатели.

    - Мажите стануваат глупави кога се окружени со жени. :lol:

    - Потребни се 17 мускули да се насмееш, 43 да се намрштиш. :talk:

    - Сендвичите имаат подобар вкус ако ги направи некој друг. :nod:

    - Стресот може, буквално, да ви го сруши срцето. :o

    - Пеењето е добро за тебе. ^_^



    - Во некој момент ти си бил најмладиот човек на светот.
    -Љубовта доаѓа од главата.
    - Денес сум најстар до сега, а помлад нема да бидам никогаш повторно.
    :lol:
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Неверојатни цркви и катедрали

    Базиликата Свети Марко во Венеција
    Најпознатата црква во Венеција, базиликата Свети Марко, е одличен пример за византиската архитектура. Го зазема централното место на плоштадот Свети Марко. Со неверојатен дизајн, оваа црква некогаш се сметала за статусен симбол на венецијанското богатство и моќта, а заради позлатените мозаици во 11-от век била наречена „Црква од злато“. Од 1807 година, катедралата е седиште на Римокатоличката Архиепископијата на Венеција.[​IMG]

    Катедралата Свети Василиј во Москва
    Катедралата на Свети Василиј е препознатлива по автентичните шарени куполи. Се наоѓа на Црвениот плоштад уште од средината на 1500-те години, кога била изградена од Иван Грозни во чест на победата на Русите над Татарите. Девет од десетте куполи ги означуваат победите на руската армија, додека десеттата купола го означува погребот на Свети Василиј, познат како „светата будала“.

    [​IMG]

    Катедралата Лас Лахас во Колумбија
    Според легендата, двајца патници ги фатила бура кога здогледале привидение на Пресвета Богородица на карпата каде што удрил гром. Во таа чест биле изградени многубројни светилишта кои денес се обединети во катедрала Лас Лахас во Колумбија. Во составот на оваа неоготска катедрала, изградена во кањон на границата помеѓу Колумбија и Еквадор, се наоѓа и карпата на која се покажало привидението.[​IMG]
    Катедралата во Келн, Германија
    За изградба на огромната готска катедрала во Келн биле потребни повеќе од 600 години; изградбата започнала во 1248, а завршила во 1880 година. Катедралата сè уште му пркоси на времето, иако издржала неколку напади за време на Втората светска војна. Во оваа катедрала се наоѓа златниот саркофаг во кој се моштите на тројцата Мудреци кои први го посетиле бебето Исус.[​IMG]
    Капелата на Светиот Крст во Аризона
    Капелата на Светиот Крст во југозападниот дел на Аризона, со децении ги привлекува верниците. Заради необичната поставеност на оваа капела, многу верници веруваат дека капелата на Светиот Крст „расте“ од подножјето на карпите кои се карактеристични за овој дел од Аризона.
    [​IMG]

    Саграда Фамилија во Барселона
    Огромната Саграда Фамилија е ремек-дело на Антонио Гауди, кој и самиот е погребан во оваа катедрала. Гауди го предводеше овој проект уште од 1883 година, го промени дизајнот според неговиот модернистички стил и продолжи да работи сè до неговата смрт во 1926 година. Според оригиналниот план на Гауди, катедралата треба да има 18 кули и да биде доволно голема за да собере 13.000 луѓе. Изградбата на Саграда Фамилија сè уште трае, а според некои проценки, ќе заврши во 2026 година.

    [​IMG]
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
  5. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Во Франција е забрането да се слика полицаец
    Во Англија не е легално да се лови риба на Сабота
    Во Сингапур не е легално да се продава гума за џвакање
    Во Ирак ако се виде жена да јаде сладолед ке биде најстрого казнета , а казната може да биде и смрт
    Во САД Аласка не е лагално да се разбиди мечка само за да се слика

    тоа е се што го знам инаку ова е од школо шо го имам учено :)

    а има и д други само ги имам слушнато..Во САД:
    Илегално е да пробате облека во кабина во бутик, ако претходно не ја навлечете завесата.
    Шепотењето некому на уво во текот на лов е строго забрането.
    Не смеете да му позајмите правосмукалка на соседот (истиот закон важи и во Денвер)
    Пијанист кој има една рака мора да свири за џабе.
    Противзаконски е да пеете на цел глас.
    Противзаконски е да не се пие млеко.
    Жената мора да добие писмено одобрување од мажот ако сака да стави вештачки заби.
    Скокоткањето на жени е против законот.
    Ако некого исмевате, а тој тоа не го прифаќа, ви следува затворска казна од 6 месеци.

    сега за сега толку..ме мрзи да пишувам :)
     
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Често гледаме цртани филмови или слики на штурчиња со виолината во рака. Истотака во лето ги слушаме како свират. Како ?

    Машките штурци ги тријат своите крилја за да ги привлечат женките, и резултатот е „свиркањето“ кое го слушаме. Машките се опремени со свој вграден систем на „виолини“, а и машките и женските штурци се опремени со „уши“ на предните нозе под колената. Поврпината на кријлата на машките штурци е рапава од долната страна. Од другата страна, тие се како „стругалка“. Триејќи ја едната со другата страна се добива музиката.

    Штурците се одмараат во текот на денот, а се активни во текот на ноќта. Колку е потопло времето, толку поактивни се тие. Сепак нема да свиркаат ако ноќта температурата е под 13 степени Целзиуови. Не треба да се трудите да го следите звукот за да го пронајдете штурчето, секогаш звукот ќе ве излаже.
    Со векови штурчињата се чувале како домашни миленичиња. Познати како сузумиши во Јапонија, илијадници се пренесувани во кафези од бамбус секое лето, со цел луѓето да заборават на горештините.

    Еве една занимливост : Избројте ги свиркањата во 14 секунди. Додадете 40 и ќе ја добиете надворешната температурата во степени Фаренхајтови. За да ја добиете температурата во степени Целзиусови формулата е :

    C = (F - 32) * 5 / 9!!!

    Еве како тоа изгледа на YouTube

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... QFEY9RIRJA
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Вака изгледааат коронарните артерии што го снабдуваат срцето со крв :)

    [​IMG]
     
    На Xepp, starbucks и martinuska им се допаѓа ова.
  8. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    На ФЕЈСБУК на Смеење до солзи има рубрика „Верувале или не“ и таму има 14 или колку белешки полни со интересни факти.. Еве неколку, па на крај ќе дадам линк во спојлер..

    1. Некои птици преселници имаат магнетен компас во своето тело, односно орган наречен магнет-рецептор, кој им помага во навигацијата користејќи го магнетното поле на Земјата.
    2. Мажјакот од видот морски мачки, ги чува своите јајца во устата сè додека тие не се подготвени да се отворат.
    3. Сабота 14ти е 56% побаксуз ден од Петок 13ти.
    4. Печурката Cordyceps има способност за умствена контрола врз некои инсекти, како на пример мравките, кои ги тера да се качуваат по неа, така станувајќи нејзина храна.
    5. Eдна мала водна мечка (Tardigrade) може да преживее ексремни услови, услови кои можат да го убијат секое животно, односно - температури ниски до -273 и високи до 151 степен Целзиусов.
    6. Во просек, луѓето многу повеќе се плашат од инсекти одколку од смрт.
    7. Рожницата во човечкото око е единствениот дел до кој не доаѓа крв.
    8. Најголема концентрација на нерви кај човекот има на врвот на прстите.
    9. Цртаниот филм Телетабиси лошо влијаел на децата во Америка минатите 3 години, дури има и еден случај кога едно дете завршило во болница бидејќи се фрлил во шахта.
    10. Камилата за 10 минути може да испие 113,56 литри вода.
    11. Нов Зеланд е дом на 4 милиони луѓе и на околу 70 милиони овци.
    12. Во Нов Зеланд има 2.000.000 овци од видот ‘‘мерино‘‘, не е многу, колку цела Македонија. :)
    13. Крзното на поларните мечки не е бело.
    14. Париз е град во кој живеат повеќе од 54 милиони кучиња. Според тоа се смета дека во Париз има повеќе кучиња, отколку луѓе.
    15. Ајкулите се имуни на сите досега познати болести.


    Линкови:


    Еве само 5, а има 15, ама не може да се стават, па ако сакате, фрлете се на читање.. :) Инаку има и др. „рубрики“ многу интересни..

    :D :D Позз
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Село во Јапонија е права атракција - Се наоѓа на сред вулкан

    Аогашима е мал остров познат по тоа што има негов вулкан, а во селото има 200 жители.

    Можете ли да замислите како е да се живее во кратер на вулкан. Замислете, селото има пошта и училиште, а од скоро стана вистинска туристичка атракција. Иако многумина сметаат дека на ова место нема многу можност за уживање, не е така. Ова место е одлично за опуштање и семејни посети, а посебно е интересно кампирањето до топлите вулкански извори на чија пареа многумина готват храна.

    До островот се стигнува со траект или со хеликоптер. Последната ерупција на вулканот била пред 200 година и тогаш загинале 150 луѓе.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Дали сте знаеле дека ?

    - Најмногу деца се раѓаат во Август
    - хавајската азбука има 12 букви
    - без плунка храната не може да се вкуси
    - крокодилот не моќе да го мрда јазикот
    - змиите не можат да трепкаат :lol:
    - просечен човек заспива за 7 минути
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    1. Индија е дом на повеќе од 200.000.000 крави.
    2. Првиот телефонски именик бил направен во 1878 година и содржел само 50 имиња.
    3. Нилските коњи имаат убиено повеќе луѓе во Африка од кое било друго животно.
    4. Ушите на слонот му служат за регулирање на телесната температура.
    5. Индија има најмногу пошти во светот. Повеќе од 100.000.
    6. Просечна личност поминува 25 години во спиење.
    7. Скорпиите светат под ултравиолетова светлина.
    8. Мравките се протегнуваат при будење наутро.
    9. Нема звук во вселената.
    10. Мајкл Џексон и Мадона се родени во 1958 година.
     
    На Divinebutterfly и mileystar им се допаѓа ова.
  12. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Затоа мене ми се зголемуваат во последно време... :D


    Он топик...
    Пеперутки
    Името пеперутка доаѓа од старогрчките зборови λεπίδος што значи лушпа и πτερόν што значи крило. Пеперутките се наоѓаат во целиот свет, освен на Антарктикот. Имаат надворешен скелет и шест нозе со кои го препознаваат вкусот на храната. Најчесто се хранат со нектар од цвеќињата, но понекогаш и до созреани овошки. Сетило за мирис се нивните антени. Пеперутките може да летаат и до 1000 милји. Животниот циклус на пеперутката содржи 4 фази: јајцe, ларва (гaсеница), кукла и адулт (порасната пеперутка). Постојат од 15000-20000 илјади различни видови на пеперутки. Животниот век најчесто се движи меѓу 2 и 4 недели, но некои живеат и подолго. Пеперутките имаат сложени очи со кои може да ги гледаат сите страни, без притоа да ја поместат главата. Некои видови пеперутки може да ги гледаат боите од UV спектарот, што овозможува брзо пронаоѓање на партнер во време на размножување.[​IMG]
     
    На Divinebutterfly и mileystar им се допаѓа ова.
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    - Ако со затворен нос и очи, пробате лажичка цимет нема да знаете дека е цимет, бидејки во овој случај сетилото за мирис го определува вкусот. Ова на еден документарец гледав, human senses мислам дека се викаше. Интересно да се проба со некоја другарка, чисто за забава, нема да препознае дека всушност во устата има цимет. :)

    - Мачките кои се со портокалово и црна боја на крзното се неплодни.

    [​IMG]
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    1. Леонардо да Винчи можел истовремено да пишува со едната и да црта со другата рака.
    Кина во 1368 г. пуштила во оптек најголема хартиена банкнота досега.Банкнотата од еден кван била долга 33,а широка 23 сантиметри.
    2. Првиот часовник со нишало го направил холандскиот научник Кристијан Хајгенс,во 1657 година.
    3. Една од првите машини за перење била наречена "корито" . Тоа,едноставно,боли големо корито наполнето со вода,во кое лицето што ја перело облеката газело врз валканата облека се додека таа не станела чиста. :lol:
    4.За да се направи тоалетна хартија годишно се сечат 616 милиони дрва. :(
    5.Во светот се одгледуваат најмалку 7.500 видови јаболки,а многумина од нас знаат само за десетина
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    1. Рибите кои живеат на длабочина поголема од 800 метри, немаат очи.
    2. Не постои парче сува хартија кое може да биде превиткано повеќе од 7 пати. Без разлика колкаво.
    3. Електричната столица е измислена од стоматолог. Конициденција?
    4. 23% од сите штети на фотокопир машините во светот се предизвикани од луѓе што седнале на нив за да си ги фотокопираат задниците. :lol:
    5. Носењето на слушалки само еден час ќе го зголеми присуството на бактерии во вашето уво за 700 пати.
    6. Повеќе од 50% од луѓето во светот никогаш ниту направиле ниту добиле телефонски повик.
    7. Најмладите родители во светот имале 8 и 9 години и живееле во Кина во 1910 година
    8. Водородот е експлозивен гас. Кислородот го поддржува согорувањето. Сепак, кога овие два елемента ќе се соединат, добиваме вода која всушност ги гаси пожарите.
    9. Кикиритките се дел од составните делови на динамитот. :o
    10. Грозјето експлодира кога ќе го ставите во микровална. :o
     
  16. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Пред 2-3 години успеаа парче големо колку фудбалско игралиште да го превиткаат 8 пати ;) :clap:
     
  17. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    НЕВООБИЧАЕНО РАЃАЊЕ

    Во моментот нема никакви проблеми со бебето, тоа е во перфектно здрава состојба, ова е случајот на едно некласичното породување.

    Ова е новороденче кое сè уште се наоѓа заштитено во неговата плацента. Таквиот тип на породување се случува многу ретко и ова е неверојатна прилика да видиме како изгледа. Со оваа фотографија можеме всушност да видиме како е “во внатрешноста”.

    Породувањето со непроменета амнионска кеса се нарекува “прикриено раѓање.” Тоа е многу ретка, но сепак е можно. Медицината вели дека тоа е помалку болно, бидејќи не е пробиена водената перница со главата на бебето, а тоа значи и помалку модринки за мајките.

    Не треба да се грижиме дека бебето се дави, тоа нема да го земе првиот здив се додека не го пробие воздухот за прв пат. Плацентата ќе продолжи да обезбедува кислород за него се додека не се случи тоа …


    [​IMG]
     
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Го гледав и јас ова на фб,ама после малку разгледување ми стана јасно.
    Јас мислам дека ова можи да се случи само при породување со царски рез бидејќи нормално има и период на израѓање на плацентата и се раѓа таа посебно. А и ако не е пукната сама амионската кеса,ја пукаат акушерите,ако веќе има контракции и раскритие.А и не е можно,кога таа не е пукната,како бебето би менувало положба за да излезе низ родовиот канал?А иначе на бебето да,ништо нема да му биди,ако навреме се извади и брзо после тоа се извади од амнионската кеса.
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  19. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Грозна статистика за работи од секојдневниот живот


    1. Во просечен ден, твоите раце стапуваат во индиректен контакт со 15 пениси, фаќајќи кваки и сл.
    2. Дневно вдишуваш по 1 литар туѓи анални гасови.
    3. Годишно ќе се ракуваш со 6 мажи кои штотуку мастурбирале и не си ги измиле рацете.
    4. Во текот на годината голташ по 14 инсекти додека спиеш.
    5. Годишно ќе се ракуваш со 11 жени кои штотуку мастурбирале и не си ги измиле рацете.
    6. Еден просечен човек кој се храни со брза храна, годишно јаде по 12 срамни влакна.
    7. На просечна свадба имаш 1:100 шанси да префатиш херпес од некој од гостите.
    8. Во текот на животот 22 мајстори ќе ѕирнат во твојата корпа за валкана облека.
    9. За време на едночасовно пливање во базен, ќе апсорбираш 1/12 литар урина.


    :puke:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Многу интересна тема. :)
    И интересни факти и слики,а последниов коментар стварно ми се згрози животот! :puke: