1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да знам (интересни слики и факти)

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Divinebutterfly, 15 мај 2012.

  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Источна пума која е подвид од северноамериканската пума,но за жал оваа пума е објавена за исчезнат вид во 2011 година :(
    [​IMG]

    А ова се наоѓа во Ромсдал,Норвешка.Многу е убаво местото и зелено,за одмор би сакала една вила овде :)
    [​IMG]

    Изгледа како под вода,но всушност е тибетско село меѓу планини :)
    [​IMG]

    Големиот Кањон гледан од космосот :)
    [​IMG]
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    - Цвет кој се вика Психотриа елата има идентичен облик на женска уста на која има црвен кармин.
    - Научниците велат дека бебињата го учат својот мајчин јазик уште додека се во матката на мајката.
    - Трошките од леб успешно ги бришат трагите од молив исто како и гумата за бришење.
    - Слоновите се најемотивните животни, тврдат научниците.
    - На островот Окинава живеат повеќе од 450 сто годишни луѓе и поради тоа овој остров се смета за еден од најздравите места за живеење.
    - „Една Единствена“ е името на најстарата желка на светот која живеела три века. Имено таа се родила во 1750 година, а починала во 2006 година.
    - Жените поминуваат една година од својот живот пред плакар, размислувајќи што да облечат.
    - Научниците велат дека доколку е точно дека свемирот е бесконечен, секој од нас, некаде во него има своја идентична копија.
    www.kurir.mk
     
  3. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    1. Луѓето кои постојано им помагаат на другите се значително посреќни и имаат многу помали шанси да паднат во депресија во постарите години.
    2. Адолф Хитлер бил вегетаријанец и бил многу голем противник на суровоста кон животните.
    3. Жената што ја измислила фразата „сите мажи се исти“ по потекло била од Кина и неодамна го имала изгубено сопругот.
    4. 52 карти за играње во регуларен шпил ги претставуваат 52 недели во годината, а четирите различни знаци ги претставуваат четирите сезони.
    5. Во популарниот цртан филм „Малата сирена“, морската вештерка Урсула е всушност тетка на Ариел, а сестра на Тритон.
    6. Кратката дремка по учењето на нешто ново може да помогне во зацврстување на фактите во вашиот мозок.
    7. Желките можат да дишат преку нивните задници.
    8. Баз Алдрин е името на првиот човек кој се измочал на месечината.
    9. Повеќе пари се потрошени за снимањето на филмот „Титаник“ отколку за изградбата на вистинскиот брод „Титаник“.
    10. Мрзеливоста и неактивноста убиваат исто толку луѓе колку и цигарите.
    Превземено од: www.interesno.com.mk
     
  4. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    [​IMG]

    Цвет кој се вика Психотриа елата има идентичен облик на женска уста на која има црвен кармин.
     
  5. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    1.Жабите неможат да голтнат без да ги затворат очите.
    2.Најголемата лубеница некогаш израсната била тешка 119kg.
    3.На Карибите постојат школки кои можат да се качуваат по дрво.
    4.Динамитот содржи кикирики.
    5.Секогаш кога лижете поштенска маркица конзумирате 1/10 калории.

    Извор: http://www.vicoteka.mk/fakti/fakt-143/#ixzz2KO8rHVMG
     
  6. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    - Во Исланд нема бојлери за загревање на вода, бидејќи во своите домови имаат монтирано систем за греење со топла вода од гејзери и топлите извори. Пареата и водата од нив се користи за јавни и приватни згради, а речиси целата енергија во исландската економија е напојување со обновливи извори на енергија, како што тоа се главно геотермални извори на енергија...
    - Речиси 20% од територијата на Франција се наоѓаат надвор од Европа, во т.н. странски територии и одделенија. Во нив живеат повеќе од 2,5 милиони француски државјани. Такви се Француска Полинезија, Француска Гвајана, Реунион, неколку од Карибските острови.
    - Дали знаете зошто Канбера е главен град на Австралија, а не Сиднеј? Градот беше избран за главен град во 1908 година како компромис во трката помеѓу Сиднеј и Мелбурн, кои се најголемите австралиски градови. Пред да стане центар на целиот континент, територијата на Канбера била речиси неоформена, така што градот е целосно планиран и изграден за административен центар.
    - Територијата на Централ парк во Њујорк е 840 хектари, што е поголема површина од површината на земја како Монако.
    - Канаринците се крстени на Канарските острови. Канарските острови се крстени по кучињата кои се наоѓале на територијата за време на римското владеење. Бидејќи островите биле познати по дивите кучиња, тие биле означувани по нив како "канис", што на латински е "куче". Подоцна на егзотичното место биле пронајдени мали птица кои пееле одлично и биле крстени по островите, канаринци, а не обратно, колку чудно изгледа оваа информација.
    - Во огромниот Њујорк има повеќе Италијанци отколку во Рим, повеќе Ирци отколку во Даблин и повеќе Евреи отколку во Тел Авив.
    - Еверест расте со 4 милиметри годишно поради движењето на тектонските плочи на Азија и Индија, а тоа воопшто не е чудно, бидејќи како што се знае Хималаите се формира од судирот на овие плочи пред милиони години.
    - Најдолгата улица во светот се наоѓа во Канада, во Онтарио, која е долга 1896 километри. Името на улицата е Yonge Street. Таа се протега од езерото Онтарио до езерото Симкоу, како врата кон Горенаведените Големи езера.
    - Патиштата во Гвам се изработени од корали. Бидејќи на пацифичкиот остров нема песок, а на бреговите има бројни мелени корали, за изработка на смесата се додавале мелените корали во бетон.
    www.interesno.com.mk
     
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    За време на XVI-от век во Англија и момчињата и девојчињата носеле фустани до 7 годишна возраст.
     
  8. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    интересни факти и цитати

    1.Просечно 1 милијарда луѓе си легнуваат гладни навечер.

    2.Човечкото око има околу 576 мегапиксели.

    3.Ако си во тотален мрак повеќе од 3 дена, можеш трајно да ослепиш.

    4.Секогаш кога лижете поштенска маркица конзумирате 1/10 калории.

    5.Динамитот содржи кикирики.

    6.Најголемата лубеница некогаш израсната била тешка 119kg.

    7.Жабите неможат да голтнат без да ги затворат очите.

    8.Friggatriskaidekaphobia е страв од петок 13.

    9.Не можеш да ја кажеш буквата М без да ти се допрат усните. :D

    10.Просечно, додека спиеш, во твојот живот ќе изедеш 70 инсекти и 10 пајаци. :puke:

    Извор: http://www.vicoteka.mk/fakti/page/2/#ixzz2NuzkWWoc
     
  9. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    На светов има повеќе птици од луѓе.

    Свињите не можат да го видат небото. ;(
     
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
  11. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Превземено:


    Многу познати компании имаат сублиминални пораки во своите заштитни знаци. Ако не ги забележувате не значи и дека не ви делуваат.

    Во негативниот (белиот простор меѓу буквите) Федекс крие стрелка која потсвесно упатува на ефикасност и движење.
    [​IMG]

    Убавото лого на Вајо лаптопите на Сони крие бран и бинарен код.
    [​IMG]

    Во логото на Тур де Франс има добро интегриран велосипедист.
    [​IMG]

    Логото на Тоблероне ја претставува планината во чие подножје е градот на познатото швајцарско чоколадо, но во планината има и мечка која танцува.
    [​IMG]

    Стрелката од А до З порачува дека во Амазон ќе најдете се (од А до Ш во кирилична варијанта), но тоа е и задоволна насмевка со дупче на едната страна.
    [​IMG]

    Повеќето веројатно го забележале, но за останатите – во логото на НБЦ има паун.
    [​IMG]

    Логото на SUN микросистеми може да го прочитате од која страна сакате, а во него всушност нема S. Има само U и N.
    [​IMG]

    На некои логото на LG им личи на Пекмен, но повеќето гледаат L и G во вид на намигнувачко лице.
    [​IMG]

    Во последната кампања на Кока Кола во Данска е скриено данското знаме.
    [​IMG]
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    КАДЕ ЗАВРШУВААТ ИЗГУБЕНИТЕ КУФЕРИ – ПРОДАВНИЦА НА ЧУДАТА – КУПИШ ПРСТЕН ЗА 20 ЕВРА А ВРЕДИ 20.000 (ФОТО/ВИДЕО)

    http://mkd-news.com/kade-zavrshuvaat-iz ... -000-foto/

    Доста интересно :)
     
  14. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    448
    Пол:
    Женски
    Најинтересни факти за чоколадото :)

    - Пред речиси 2,500 години чоколадото било служено во облик на пијалок, најчесто со многу горчлив вкус.
    - Првата чоколада е произведена во Англија во далечната 1842 година.
    - Зборот “чоколадо“, потекнува од Ацтеките, од зборот џоцолатл, што значи горчлива вода.
    - Верувале или не, какаото се суши седум дена на сонце пред испораката на производителите на чоколадо.
    - Просечниот Швајцарец годишно јаде околу 10 килограми чоколадо. Веројатно и затоа имаат најмалку забележани случаи на срцеви удари.
    - Истражувањата покажале дека темната чоколада го подобрува помнењето и концентрацијата, затоа што го зголемува протокот на крв во мозокот.
    - Без сомневање, жените јадат речиси дупло повеќе чоколади од мажите.
    - Мажите преферираат темно чоколадо.
    - Најголемото чоколадо кое влегло во Гинисовата книга на рекорди, направена е во Чикаго, а тежи речиси шест тони.
    - Доколку изедете коцка или две чоколадо, ќе добиете потребна енергија за да испешачите само 50 метри.
    - Чоколадите од 100 грама содржат најмалку 500 калории.
    - За да се направи еден килограм чоколадо потребни се околу 400 зрна какао.
    - Чоколадото најмногу се јаде во Европа.
    - Дрвото со какао живее и до 200 години, но зрната се користат само 25 години заради нивниот квалитет кој опаѓа со текот на годините.
    - Чоколадото не предизвикува акни, тоа е само мит.
    - Во светот се трошат повеќе од седум милијарди долари на чоколадо годишно.
     

    Прикачени фајлови:

    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    1. Ако доволно ја вознемирите, камилата може да ве плукне. Таа е во состојба да изгуби 30% од телесната маса за да зачува вода. Оваа појава би го убила кое било друго животно. Друг интересен факт е дека за 10 минути може да испие дури 113,56 литри вода.

    2. Нов Зеланд е дом на 4 милиони луѓе и на околу 70 милиони овци. Тоа би значело дека на еден човек доаѓаат по 12 овци. Една од најпознатите видови денес, мерино овцата, се смета дека е првата овца на Нов Зеланд која денес брои популација од околу 2 милиони, колку цела Македонија

    3. Животните, исто како и луѓето, се левораки или деснораки. Поларните мечки се левораки. Можеби веќе сте слушнале, но нивното крзно не е бело.

    4. Америка е држава во која живеат повеќе од 54 милиони кучиња што претставува изненадувачка бројка. Нема да верувате, но уште поизненадувачки е тоа што се смета дека денес во Париз има повеќе кучиња отколку луѓе.

    5. Ајкулите се имуни на сите досега познати болести. Португалската ајкула е најдлабокиот нуркач кој достига длабочини и до 2.750 метри. Во зависност од нивниот вид тие пливаат со брзина од 97 км/ч.

    6. Слонот, меѓу другото, како едно од најголемите копнени животни, води голема грижа за останатите членови во групата, како и за повредените единки. Покрај тоа што имаат големи уши, слухот кај овие видови е многу слаб. Се движат со брзина од 6,4 километри на час. За споредба, луѓето можат да се движат дури и побавно од 4-5,5 км/ч. Што се однесува до нивната храна, тие ја џвакаат само со 4 заба.

    7. Свињата е рангирана како 4-то најинтелигентно суштество на Земјата, а во Библијата е спомната само 2 пати. Се смета дека свињите учат побрзо и од кучињата. Чудно е тоа што преферираат средината во којашто живеат да ја чуваат многу чиста, иако нам ни се познати по тоа што се многу неуредни. Свињата има по 4 прсти на секоја нога, меѓутоа, кога се движи ги користи само предните 2, па изгледа како да оди на врвот од прстите.
     
    На mileystar, Divinebutterfly и Kaley им се допаѓа ова.
  16. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    1. На Карибите постојат школки кои можат да се качуваат по дрво.
    2. Антартика е единствен континент во светот каде нема рептили и змии.
    3. Лимоните содржат повеќе шеќер од јагодите.
    4. Најчеста лага во светот е: добро сум.
    5. Човековото тело има количина на железо доволна за да направи една шајка.
    6. Двата највисоки резултати на IQ тестови се на жени.
    7. Ако јадеш премногу моркови, можеш да станеш портокалов. :rofl:
     
  17. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    3.023
    Пол:
    Женски
    Превземено:

    НАПРАВЕТЕ МРАЗ ЗА НЕКОЛКУ СЕКУНДИ

    Дека науката може и тоа како да биде забавна, покажува и ова видео кое ви дава упатства како со еден потег шише вода да претворите во мраз.
    Се што е потребно е да го ставите шишето со вода во замрзнувач или фрижидер, на температура од минус 24 степени. Потребно е да стои точно два часа и 45 минути, а кога ќе ја извадите, благо удрете во шишето и водата во истиот момент ќе се претвори во мраз.
    Како изгледа трикот, можете да видите во видео снимката.

    http://www.youtube.com/watch?v=sQdLttUh_b0
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
  19. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    3.023
    Пол:
    Женски
    Дали знаевте дека ДОМАТИТЕ ЈА ШТИТАТ КОЖАТА ОД СОНЦЕТО?
    - Ликопенот кој што ја дава црвената боја на доматите, корисен е во заштитата на кожата против штетните УВ зраци, доколку доматите се консумираат често. Истражувањата покажале дека со редовна консумација на доматно пире се зголемува отпорноста на кожата при сончање за 30% кај жените.

    [​IMG]
     
  20. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Не сакав да отварам нова тема , па оваа некако ми се виде посоодветна од некои други теми за моето прашање. Ми треба помош околу растениево подолу на сликата, ако знае некоја од вас да ми каже што растение е тоа и за што може да се користи ? Има зеленкаста боја :)
     

    Прикачени фајлови:

    • fff.jpg
      fff.jpg
      Големина на фајлот:
      51,5 KB
      Прегледи:
      89