Да се манипулира со цел народ,тоа е потценување на интелигенцијата,но многу брзо ке ви се удри од глава.
Сакам да кажам дека воодушевена сум од прекрасната изведба на Shallow на Lady Gaga и Bradley Cooper, а со тоа Gaga заслужено си го доби Оскарот. Прекрасно!
После не следи празен простор па глагол. Се вели сфаќа а не сваќа. Множина е кои ,мои , некои а не кој, мој, некој. Ова е нешто што се учи во прво одделение. Толку неписмен народ има да се чудиш, па уште кога ќе видам доктор кој не знае правопис и интерпукција ми се темни. Тој ќе не лечел. Тешко нас.
Иронијата е навистина еден чуден, испреплетен, апсурден, на крај и смешен начин со кој би го опишала животот. Цел живот се стремиме кон сигурност, за да имаме внатрешен мир и среќа, а од единственото нешто што навистина е сигурно т.е смртта, се плашиме. Животот е тик-так од нане, а иронијата од портокал, сепак ги размрдува нештата, нема едноличност, на крај дури се смееш, бидејќи навистина е смешно вака кога ќе подразмислам Големата слика објаснува, деталите се тие од кои се сопнуваме
Конечно да имам инспирација да напишам нешто на темата Верувам дека позитивните мисли се фактор за позитивен и убав живот. Како си ги гледам работите така ми се остваруваат, некогаш дури и подобро. Добив понуда преку работодавец во Германија според документите што ми ги испратиле од агенцијата. Прекрасен хотел, прекрасно мало гратче на Балтичкото Море, едноставно сликите се како рајска Земја Ја прифатив понудата и мислам дека ќе биде добро поминато лето далеку од секојдневието и одморот во Грција Гледајте и уживајте
И таман ќе речам од денес не се ставам во ист котел со ликови кои буквално треба да ги прескокне човек и да продолжи... И ете ме мене пак.. морам да поработам повеќе на толеранција на туѓите фикс идеи. Или уште подобро. Повеќе игнор на туѓите фикс идеи.
На форумов има членови кои се „фалат“ дека не читаат постови напишани на латиница.Читаат само постови напишани на кирилица,а во нивните постови,напишани на кирилица, има грешки какви што има кај сите. Па,што ако? Значи ако некој бара некаква помош,тие нема да му помогнат затоа што постот му е на латиница? Овој форум е за разни теми.Овде не мораме да се придржуваме до литературниот јазик. Овде сме за да се забавуваме и да размениме совети.И со сето тоа да помогнеме некому. Точно е дека јазикот треба да се сака и негува.Но тоа треба да се направи човечки.
Три пати мери еднаш сечи, мачно е ама корисно. Ама во денешницава кога сите брзаат некаде, немаат време за ништо друго од планираното колку даваат прилика да го применат ова и да го осетат како многу корисно? Не многумина.
Не ги сакам ноќите на несоница. Ниту главоболките, ниту студот, ниту вртоглавиците. Си го сакам мирот, да здивнам и пак да се измешам меѓу луѓе.
Далечината или близина апсолутно не значат ништо. Не значат ни зборовите, значат постапките, значи однесувањето, значи погледот во очите кој никогаш не може да се сокрие Некој од далеку ми го грее срцето , а некој во близина не може а да не исфрли отровни стрели . Поразувачки е емитираната завист што ја дишам во воздухот, а воодушевувачки ми е емитираната љубов што ја добивам од далеку соберена во една роденденска картичка Жал ми е, некој што свет значи е далеку во овој голем свет, а од некој површен те дели само улица. Созревам, созреав, опуштена сум, мислам мудро и рационално, не се преоптеретувам, наоѓам објаснување за туѓите постапки, но се извинувам, некои работи едноставно секогаш ќе предизвикуваат гадење во мене и никогаш нема да наидат на оправдување
Од глупости за денес подготвив: Влагам у банка фино лепо, седнувам пред госпоѓата и и подавам лична карта за да си пуштам пари на сметка. Културно ми кажа дека неам отворено сметка у таа банка. Ја да сум ти ја промашила банката. Е не, ко гледам у телефон и не пазам кај влагам, тој ти е.. Зедов да си го освежам коренов на косата, мразам ко ми е подрасната и се испошлакав па тек отпосле ми текна дека го потрошив шампонот а не си купив нов. Да биде уште поболно, ама баш секогаш користам повеќе врсти на шампони и никогаш неам само еден на полицата, ама денеска нече моче ове ночи и бам, нема ниеден. Почнувам да мислам дека некој ме заебава.
Уште еден маалски миленик си отиде. Не ми е гајле ако звучам сурово, на оние кои безмилосно трујаат кучиња им посакувам да се удават во тој отров што го фрлаат со двојно повеќе мака. Колку гаден народ сме, ау. Светлосни години сме далеку од излезот од овој менталитет што владее тука. Македонијо, гробница на толку невини кучешки души одземени од некои кои се почувствувале достојни дека смеат да пресудуваат дали едно суштество ќе живее или не. Дно дна.
2 вработени од LC Waikiki вчера во работните униформи, во голема картонска кутија од истата фирма, пикнаа мало кутре во кутијата, ја затвориле и тргнале да ја фрлат во контејнерот позади продавницата. Среќа, случајни минувачи ги спазиле и тргнале по нив и ги спречиле. Овие се утуфкале малце, па као никој нејкеше да го земе и двете брилијантни умови нашле идеално решение - пикни во кутија и фрли го во смрт. Евидентирано е со слики, пријавени се во полицијата и се врши притисок за нивно отпуштање. Се надевам ке успееме.. Еве го јунакот.
Нема поубаво изненадување од тоа кога сакана личност прво ќе ти рече дека заглавен е на работа и не може да стигне на твој битен настан, па ти сама некако си се лажеш дека не ти е проблем. Полутажна, со кисела фаца и безволно се спремаш знаејќи дека твојата поддршка не е до тебе па плус треба и сама да одиш, но после 15тина минути од разговорот, на врата се појавува саканата личност со вино во рака и ти вика: Многу доцнам?
Здраво, јас сум 20 годишен маж. Само сакав да ти кажам дека од ништо не се разбираш и се што правиш е погрешно. Од искуство тоа ти го зборам, срамота така да се однесуваш, срам си женскиот род. Заради тебе се женските уназадени. Мрш бе
Цело време го слушам Рики како изводи бесни глисти. Се нешто се копешка, се нешто се буни. Додека Кики сеуште мисли дека има некој зад огледалцето и цело време го брка Рики од таму. Сношти, татко ми им направи лулашка ама не им е забавна изгледа. Едно огледало добива повеќе внимание од 2јца папагали. Или се огледува Кики или со клунот се обидува да го откачи. А тек Рики го гледам качен на кафезот и се мачи да го откачи огледалото. Што ти е папагал Активни преку ден, тивки навечер Не можам да ги сликам одблизу, ќе глумат мирни дека се.
Стара била всушност веста, но дури сега од една прекрасна личност ја гледам. За селани во Индија кои со здружени сили плетеле џемпери за слоновите да не смрзнат во нетипично за таму студена зима. Ми го разубави денот...
Некои личности се нарекуваат себеси либерали и толерантни,но секогаш скокаат на мислења кои се спротивни од нивните. #БезвредниЛицемери