Другарка ми: Правам авион од хартија за сестра ми по техничко. Јас: Резбам зебра на линолеум за брат ми по ликовно. И двете: Вака да учевме и работевме за факултет ќе бевме генијалци. Плус, друго шо си помислив е дека кога си постаро дете дома двапати проаѓаш и низ средно и основно. Стално те тераат да помогнеш на помалиот, напиши му есеј, нацртај му, ајде знаеш ти. И ако не им иде некој предмет, тука си ти, да седиш и објаснуваш 10ч because why not.
Нема посељачко нешто во моментов од луѓе што ставаат сториња како се соберени со повеќе луѓе на едно место. Ало, за такви ко вас ли седиме дома, еј, никаков осет да се немало.
Седев во двор и ја слушнав старата комшивка како на внучињата им рече, вие не сте деца, лајна сте...а тоа што со стапче ги тепа кога од дома ќе избегале до тераса е друг муабет, и тоа го кажува така гордо, да му се поврати на човек И само се дере по нив, да не може човек раат да поседи во двор
Карантин ден 50: Моиве си читаат хороскоп и гледаат колку биле компатибилен пар според хороскопот по нецели 20г брак.
Се надевам дека ќе дојде тој ден кога ќе те оставиме јас и брат ми сама. Сама да бидеш да видиш како е без нас. Јас немам љубов за тебе нити жал и ти посакувам да завршиш како мајка му на биолошкиот татко, а пошто вакансе однесуваш не се сомневам дека така ке завршиш. Основно однесување немаш, ни 0.5 посто од емоционална интелигенција немаш. Кига те гледам во очи како празен костум да гледам. Никогаш не си се поставила со мене и брат ми како права мајка. Плукај само плукај, отровот сама ке аи го испиеш сама од твои зборови ке се загушиш. Ке порасне и брат ми а веќе разбира што ѓубре си. Едвај чекам да потпорасне и да ти завртиме грб па да видам на кого ке плукаш и кого ке понижуваш. Ми се гадиш, мразам што си ми мајка, тетка ми ми е поголема мајка од тебе !
Ми се повраќа од дволични и користољубиви луѓе. Криво ми е за времето што сум го трошела со такви. Ама ај, се е животно искуство рецимо.
Мислев овие што пеат по прозори во полициски час се сељаци, кога сега ми излегува видео во двор кај што зеле да свират со хармоники и тапани. Жива музика. Па дури и оро играа... Па се собрале комшии, па ти се чини кој знае што се дешава. Не знам како не се најде некој да им каже колку се патетични и прости. Да беше нормален ден никому ништо, ама чекај сега дека карантин е ајде оро ќе играме во двор....ќе ги копираме Италијанците. Оф мори мајко...да се најде некој топ од некоја страна
May the spirit of Easter brings to all people health, love and joy.Have a blessed Easter to everbody.
Се сеќавам пред 8 години кога одекна веста за убиените дечки кај Смилковско што беше на денешниов ден. Случајот сиве овие години откри многу повеќе од тоа што требаше да биде откриено, а сепак останаа и куп тајни. Куп судења, бомби, десетици осомничени, секакви докази, лажни вести и информации и до денес уште тие родители не знаат чиви сѐ раце беа извалкани со крв. Не сакам да замислам како е да бараш правда со години и на најголем душман не посакувам...
Кога комшијата се дери и урла по жена му се смеат. Таков си е човекот, отсекогаш беше. Ама ете денес го нарекоа ненормален оти правел скара а се постело. Поголем грев е да јадиш месо кога се пости отколку да си ѓубре од човек кон другите. Да ви се плукнам во изместениот морален компас.
Каков е тој полициски час јас сум привилегирана особа за мене не важи. Нормален човек сум,ми снемаа гаќи. Купувам само од една продавница мора да отвори за мене. Ќе се јавам во полиција,кај гувернерот,кај министерот. Абе,знаеш ли ти кој сум јас? Има да отвориш за мене,точка. Имам привилегија,не ви е жал без гаќи ќе ме оставите. Ми е гајле за други,немам гаќи. Многу сте дрски и безобразни. Ќе видите виее на мое место да стееее. #македонски синдром
Сите во карантин јадат, само јас сум застанала да мерам колку калории внесувам и колку чекори правам. Се опседнав со апликацијава што ми мери чекори и потрошена енергија. Кој мислел дека во двор и низ дома можам околу 6000 чекори да направам. Трчање дома по скали, па дури до подрум...И среќа немам комшии од една страна кај дворот и можам на раат да трчам без да пазам дали некој ме гледа. Правам кругови со трчање ко затворениците што вежбаат во двор кога ги пуштаат. Вадам овошје, какао и книга во двор. Јадам, трчам, вежбам, читам, а кога пука сонце се сончам. После и домашните ми се придужуваат и некогаш играме карти, некогаш секој си бара занимации низ двор. Пред некој ден садевме цвеќиња со мама и ја средувавме тревата. Всушност 2-3 дена се занимававме со тоа. Најдовме и камчиња, па утре ќе ги фарбаме во разни бои и ќе ги редиме околу цвеќињата, а и една мала ограда решивме да ја обновиме со боја. И со тоа сигурно ќе се занимаваме 2-3 дена. За сега добро е со карантинов, па кога ќе ми досади ќе видиме.
Мирот е најдрагоценото нешто кое можеш да го поседуваш во животот, секогаш дели го со некој кој знае да ја слуша твојата душа.