Повеќе боли човек да не се обиде и да се кае, отколку да не успее во намерата. Ако за нешто се каам во животов, тоа се само неискористените шанси, поради двоумење и несигурност.
Само сакам да знам. Не сакам бегање од одговори. Дали ти воопшто го знаеш тоа чуство кога секогаш знаеш што мислат луѓето? Знаеш ама само чекаш потврда. Не затоа што не си сигурен...туку затоа што не сакаш да бидеш.
До 4 сабајле заглавивме со дечко ми гледајќи какво куче да земеме. Слики, слики еден куп. Кое од кое послатко. Дали бебе куче па да го дресираме и да го учиме на трикови, дали на постаро куче да му пружиме многу љубов, дали машко, женско, бело или шарено, дали мало по раст, дали огромно... Занимација, опуштање и убавини во карантинов.
Се надевам еднаш во мојот живот ќе им удоволам на моите.. Почнав со стажирање, и заради вирусот сум на пауза. Затоа сум требало да почнам да барам работа, а не да седам дома (иако мајка ми е на принуден одмор). А јас имам планови да почнам од јуни на работа, кога ќе завршам со стажот. Ама не.. важно е да се мрачи дека ќерка им седи дома и им го јаде лебот. Сакам да се исплачам, ама и во тоа не ме бива.. јбг.
Карантинов го обожавам ради времето поминато заедно фамилијарно. Конечно сите да не сме во трчање за на работа, школо, факс... Конечно секој ден време поминато заедно. Мило ми е што сите се одморивме и избегавме од секојдневието и обврските.
Прост народ. Тресе глупости наоколу а подалеку од носот не знае. Ама, ако, на своја глава да си ги истресете ви посакувам.
Пробувам да го видам позитивното во се' што е околу мене, на поинаков начин да го гледам светот, ама не можам никогаш да се помирам со фактот дека постојат такви човечки битија што ги малтретираат животните. Зошто? Ништо повеќе не може да ме допре од едно мало повредено животинче, беспомошно. Душата ми се кине.
Карантин ден не знам кој: Со дечко ми од шо ни е досадно си смисливме имиња на идните деца. Супер, ни се свиѓаат исти имиња, сосема се согласивме за имињата. За 10г значи ќе немаме проблем. Елиминацијата беше лесна, имињата нема да се од бивши, од луѓе што ги познаваме, но нема да се и кратки модерни именца на денешницава од тип на Иан и Леа. И си најдовме совршена комбинација. И нашите се од тој тип, ќе бидеме royal family. Најбитно е што сме сложни и не ни се свиѓаат имиња од моментално модерните со 3 4 букви. No offense за сите што сакате такви, ствар вкус. Само си мислам гласно колку го имам совршениот човек покрај мене. Ако и за 10тина години е ваков и уште е до мене среќничка ќе бидам. Друга ствар, гуглајќи имиња се зачудив дека во 2019та моето име уште било во најчесто ставените женски имиња на новороденчињата. Мислев се изгубило некаде покрај сите нови модерни имиња... Шокирана сум. Али мило ми е што уште е модерно. Одамна немам сретнато имењачка некоја малецка.
На 9ти Април, знам дека малку каснам, 2020 наполни 100 дена! Оваа весела година тука сака да се пофали за нејзините подвизи, како секоја нова влада која се обидува да е максимално продуктивна првите 100 дена: Јануари: огромни пожари во Австралија. Премногу животни изумрени, премногу домови уништени. На истиот ден, закани за трета светска војна, cuz Trump. Неколку дена покасно се дознава постоењето на COVID-19. Малку покасно, принц Хари и Меган ги напуштаат своите должности. Уште малку покасно паѓа Украински авион, сите на него умираат. И кон крај на месец Коби и ќерка му умираат. Февруари: Трамп не е поќе импичнат и океј е малку одморивме во Февруари пред да се случи Март. Март: короната добива фенси шменси име, се случва корона катастрофа во Италија, прогласена е пандемија, корона стигна кај нас, карантин. Малку полокално, на 9ти беше кога се дозна дека докторката има корона (ова знам пошто честитав род на бивш и бев цела збркана и тој ми кажа и бев као: шодокторкабе) и од тогаш се тргна надолу. Ќе ставам дека околу пола недела до недела покасно почнаа првите мерки. Април: преку милион заболени низ цел свет со COVID-19, пожари Чернобил во случај да не беше доволно лошо и зголемување на радијација во регионот ( го прочитав ова уште кога прв пат излезе ама кога најдов темата на @Nigredo Odor си реков ај да видиме 2020 накратко како е). Не велам дека 2020 пробва да не убие. Ама велам. Додуша се случија и добри работи! Вухан не е поќе во целосна изолација и ситуацијата е под контрола. То е добро. Друго добро ... Еден силувач и насилник заврши во затвор. Сите знајме кој. Нема ни една добра работа по месец. Мислам дека, 2020 фаќај белешки тука, дека треба и Yellowstone да еруптира. Не за друго, веќе три недели на сегде се збора "шо ако" еруптира. Сите ја осеќаме енергијата. Време е. Ако ја преживејме 2020 не сме толкави cheaters колку шо мислев! Оти да бидиме реални, сами без алати, без крзно, без канџи, ние луѓето бевме осудени на смрт. Ама сме мамачи и затоа толку далеку изгуравме.
Кратко ќе се надоврзам со Демонка. (Не ја цитирам, само надополнувам). Знаеш колку пати ми помина оваа реченица низ глава? Безброј. Уште лани, имав некој филинг дека природата е време да ни го наплати данокот. Имав чудни слики во главата и суви солзи во очите. Имам пишувано за ова, периодот на Грета Тунберг, аnd i can't explain why... Патем да, наебавме оваа 2020.. Но, сите добро знаеме на што се последица овие случувања. Злото беше долго притаено во светот, и само чекаше тригер. Апропо случувањата, мислам дека изненадувањата во полето на природата и технологијата тек допрва доаѓаат, и нема да бидат нужно позитивни. (Секако ако ги дочекаме). Ќе одат постепено, ама сигурно. И размислувам уште нешто.. само контакт од трет вид ни фали сега за драмата да биде комплетна. Така да ако постои некаков повеќедимензионален простор со ентитети или суштества сега е време... За последново не се заебавам. Боље да бидеме транспоритани во "Купичакарба" димензија со вибрациони линии, триаголници и чуда неголи да изгинеме овде од радијација, зараза и сиромаштија.
Јас и дм решивме да земеме маче и куче од улица. Куче не се купува,ниту па маче. Ајде оди човекот купи го ако можеш.
Периодов во двор почна да ми доаѓа маче. Мало, шарено, поспано. Не знам од кого е, ама си се вртка овде во близина, па кога и да ме види трча по мене. Секој чекор ми го следи и ако седнам и тоа си седнува до мене и со рачето нежно ме чука по рака за да го галам. Ако го галам по главче често знае да заспие... Некако е тромаво, мрзеливо и само му се спие, па ме потсетува на Џои од Пријатели и затоа така го викам. Му давам јадење, вода, а приквечер си оди некаде да спие. Следното утро пак е кај нас во двор. Некогаш го нема, ама поголем дел од денот е тука.. Кога отворам врата од тераса, трча од некаде и рипа дури до горе. После излегувам во двор, а тој рипа од тераса во двор и одма се лепи до мене. Интересно ми е кога седам, читам и го игнорирам, а тоа со предните нозе се исправува и пробува да се качи во скут. Сака да си игра и да ми седи во скут, ама шубе ми е толку да го допирам. Не знам кај оди, кој го гали, кај се бутка, од кого е...Може да не постоеше корона немаше вака дa мислам, ама сега не е баш сигурен надворешниот свет. И не само по мене, туку по сите домашни оди. На сите ни влезе под кожа. Не знам од кај дојде, ама ептен ме расположува деновиве.
Ме фаќа мрза, ме фаќа мрза, ме фаќа мрза и оп одеднаш седнувам и во еден ден научувам 70-80стр, па и појше. Камоли почесто вакви денови да имав ама ај. Сакам да не си ја знаев вештинава за толку брзо учење, немаше да оставам се за 3 дена пред испити и колоквиуми. А баш тие 3 дена па не ми се вакви денови, мрзливи ми се. Утре веројатно снег ќе падне што толку бев вредна по не знам колку време.
Почитувани Карпошани од Скопје.... ЗАБРАНЕТО Е ГРУПИРАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ОД ДВАЈЦА НА ЈАВНИ МЕСТА И ПОВРШИНИ! А,вие не го почитувате тоа,во целиот парк кој се наоѓа спроти Веро 2,се собирате по 5-6 души.Ко да не сте свесни дека секој ден се зголемува бројката на заболени од КОВИД-19,и дека има покачување на бројката на починати речиси секој ден.... СРАМ И АРАМ ДА ВИ Е! Немојте да мислите дека нема да ве фатат полицајците како прекршувате мерка. Има кој да ги извести... На толеранциите има крај! Плус,вие што имате кучиња,по закон мора да ги шетате врзани,а треба и маска да имаат.Бар едното да им го ставите.И вие да си знаете дека ќе бидете пријавени бидејќи немате почит кон закон и бидејќи загрозувате животи-а,животот не е играчка,така што мора да се откажете од тој ваш „не ми е гајле“ став (доколку е членка на форумов,на ова особено да обрне внимание една неодговорна мајка која денес во паркот шеташе бебе во количка и куче кое немаше маска и ланец и чие куче сакаше да нападне минувачи)!