Денес за прв пат на внуците, со првото велигденско јајце им направив црвено, бело-дебело по лицата....Ми се виде интересно, знам дека тоа е стар обичај, ама мене и на брат ми никогаш не ни правеа така, ама и без тоа јас сум бела и дебела, а здрава мање-више
Оној феномен на луѓето од тип оговарање за некој и утредента ги гледаш заедно со истите глумат пријатели. Ох, боже, овој одвратен свет никогаш нема да го сварам.
Ме потсети Дримка над мене. Баш ми се вртеше во глава денес. Како можеш да се изнервираш па така сочно да си го извреѓаш дечкото, а другиот ден го сакаш најмногу. Што љубов ќе беше таа...
Ги забележав денес овие цутови на дрвцево... Ме потсетија на лани ова време кога имаше многу цутови, нови цвеќиња, зелена трева...Кога беше пролет. Со него се возевме со мотор и отидовме до една ливада за да пробам да завртам некој круг. Адреналин и возбуда. Пробав да управувам за прв пат со мотор...Поточно моторот мене ме управуваше Премногу се смеевме и среќа немаше никој наоколу за да фаќа сеири. После неколкуте кругови, пред да си заминеме, си легнавме на трева. Носев во ранчето две лименки кока кола, па ги отворивме и си гледавме кон небо. Сино и ведро како денес. Скоро сите дрвја беа такви со цутови, а околу нив еден куп пчели. Токму како што ми беше денес низ двор со дрвја, цветови, цутови, пчели... Прееска му кажував дека се сетив на моментот со моторот, а тој се насмеа и ми прати видеа од лани кај што се дерам од радост качена на чудовиштето наречено мотор. Ги зачувал во телефон...Му биле интересни... И ја си се смеев, а сега откако си кажавме добра ноќ ми се плаче што не можам да го гушнам. Ги бројам саатите до неговото пристигнување. Долго не сум го гушнала...Тоа ќе биде една долгааа и голема гушка кога ќе го видам...
Многу ми се досадни ова блогер(к)и по инста. Инфлуенсери. Како и да е правиот назив. Небитно. Шознам може има маса која е заинтересирана за вакво нешто. Ама освен профили со убави фотографии од патувања и пејзажи, ништо друго не ми привлекло внимание. Среќа па вакви навистина имаме многу. Ко некоја секта се. Напорно досадни. Насекаде спамаат, се споделуваат, коментираат фејкерски едни те исти коментари за едно пакетче бисквити гратис да земат од некоја фирма. Едни толкави приказни за децата и толку споделување, денес какаше, првпат сама пиеше од чаша блабла. Или она рекламине "денес јадевме бисквити од новата македонска фирмата од Свирипичино, преубаво, сите мора да ги пробате". Who even cares...? Уствари, може па и некој го занима шознам. Други, совети за мода ќе делеле. Читај, дуки дасо им дале 2-3 венчиња гратис, па ајде модерни биле. На себе лупнале што било, влечки као некои за по дома на фустан свечен и биле модерни. Ја сум модерна блогерка. Од натпревар која поуникатна комбинација да напраи смешно веќе личат како се облечени. Или некое маалско бутикче им дало гратис фустанче и ајде 100 слики у истото, пофалби каков прекрасен бутик и тако то... Сериозно на некој му треба совети за како да се носи? Баш ме занима дали некој применил комбинација од инфлуенсерки. Може па има и на некој стварно му се инспирација и баш така почнал да се облекува и комбинира. Не следам вакви, никогаш и не сум следела. Поинтересни ми се обични луѓе со заклучени профили што си споделуваат basic things него пренамагање у 1000 сториња и слики за гратис нешто ко Спенџи на пример еве блендер коа барала (тука прочитав). Но, не можеш да ги промашиш пошо насекаде цело време се споделуваат. Ги замислувам ко некоја група и си ставаат линкче, денес ставив слика, ајде сите share и сите да ме видат. И така замараат до недоглед. Веќе ако сакаат да се до толку инфлуенсери нека видат примери надвор од тука, нека не се брукаат до толку вака. Иако и нема многу што светско да рекламираш тука, тоа се и брендовите коа ќе размисли човек вака...
Живо се прашувам зошто ...ама зошто имаат потреба да глумат осечајни коа се себични до срж или барем по соц мрежи да се такви им годи!? Која беше шо рече-вашите совршени бракови со еден скриншот ќе паднат... !? хм.. Ми се повраќа од патетики.
Кога гледам какви размислувања имаат некои луѓе, си велам толку излегол од колосек светот или јас нешто не сум како шо треба
Денес направив мал чекор за човештвото, ама голем за мене... Фрлив неколку стари дуксери и кармини додека си прередував и чистев во соба, уште купишта работи имам за фрлање, ама за тоа ќе ми треба пак некое време, треба да си акнам шамар сама на себе, и да престанам емотивно да се врзувам за сенешто
Да сумираме прес, Тензија lvl: 10000. Три месечен brain washing. Комбинација од лекови - едни викаат даваат резултати, други демантираат. Едни викаат во воздух опстојува три часа, други викаат нема шанси. Одиш во маркет, пребришуваш предмети со дизентал, ја бришеш и кесата, (јер си збунет и у паника се активира IQ на амеба). Молиш бога случајно бесприметно да не се пипнеш по лице. Се движиш на тротоар како по јајца. Вклучуваш тв. Медиуми на алерт. Чернобил радијација ради пожар! Новозаболени! Трка по вакцина! Излегува информација (било каква) - за три дена негација. Автентични документи со дописки на wikileaks, onionbloom, за два часа се тргаат. Биле copy - hoax. Во Кина магично исчезнуваат луѓе кои предупредиле. Државно оправдување - Заминале да живеат на друг континент. WHO колабрира, критики, пуканици, крш. Излегуваат Америте со statement дека вакцина ќе има за година дена. Истражуваш, се чудиш како почнале да креираат вакцина кога се нема доволно инфо за пренос и имунитетски response. Meanwhile in North Kuroebina: 24 празничен тирански локдаун. Бавен пик, 35678 дена феноменолошка биполарна крива. Ups and downs. Трчаш во црква, залапуваш длабоко лажичка за здравје. Доаѓаш дома, броиш цртки на ѕид, после дваес минути сфаќаш не постојат. После година дена - ај, боц боц. Уаааа ауууу зашо не верувате у вакцина бе? Цркнете антиваксерски апаши!!! Ај delete. Пуштете ја 2020 од почеток. Денес е 1 јануари и има снег!
Ми се допаѓа оној момент кога сфаќам колку сум пораснала, колку ми се променил погледот за она што се случува околу мене и општо во животот. Штета што некои луѓе не созреваат и не прошируваат видици.
Штом не било опасно да се собираат верниците по верските објекти, едните да користат исто лажиче, да бацуваат икони, а другите заедно да се молат еден до друг, да си дишат во врат и после три пати да се бацат, тогаш и јас (вчера пред полициски час) воопшто не се мислев да направам два чекори плус од дворот на викедичката, да дојдам до ливада на рид, да легнам на трева и да се сончам. Ама забрането било по планини и шуми...O, yeah, about that....hmmm....I don't give a fuck. Тивко, мирно, сончево. Моите си работеа во двор, а ние со брат ми кулиравме таму на ливада...Медитирање, читање, џогирање...Цела природа беше наша. Освен зеленило, многу птици и дрвја други суштества немаше. Ни човек, ни животно. Нека помине целосната забрана за излегување, па знам кај да си се релаксирам.
Мразам кога некој што ни си го видел ни чул цела година, ќе ти прати честитка за Н. Година или Велигден... со желба за радост, среќа и слично... премногу ми е лицемерно...
Не може ништо да направи да се осетиш поочајно од третман -заврши програмата. може да изгасиш тв јер не иде више серијата што ја сакаме ...
Колку треба да си забеган за да ги сликаш децата со парите што им ги дале за велигден и нормално, фб е тука за да се пофалиш.