Она кога ќе си најдеш одличен тим за работа и семинарска за која има рок речиси 1 месец, вие ќе ја завршите за 4 дена. Од колеги и работна атмосфера, ваква. Priceless.
Иако, едвај чекав да пробам да работам од дома, мислев дека ќе ми стане досадно, ама сепак не... го имаш целото време на светов зашто не стануваш порано, не се шминкаш, не се пеглаш, не трчаш да фатиш бус... 8 саати ти се 8 саати без плус/минус. Не дека не ми фали атмосферата на работа, ама да можам да бирам, вечно би работела вака од дома, а со колегите би се гледале на ручеци у кафана, што би рекол директорот. Сконцентрирана и фокусирана сум 200% вака кога нема муабети во позадина и затоа (нескромно) бев прва по една категорија резултати од толку многу колеги и колешки. Работа од дома рулз.
Некад сакам да не е вистина. Може некои и не се. Ама овие луѓе постојат стварно. Вистински се. И тоа е се' што треба да знаете зошто сум против секој да има право на глас.
На ова наидов. Човечката глупост нема граници.. Ќе почнат да тепаат гулаби,гугутки од што се прости. Короната ќе помине,ама глупавите луѓе ќе останат тие се полоши од секој вирус.
Видов дека сум се зачленила во 2010 година. Вау, ок. Иам израснато со форумов. Читав некои небулози шо ги иам пишувано, начинот на кој сум размислувала и разговарала е хаотичен. Од моменталниот аспект зборам. Се имав зачленето во еден период кој ми беше тежок, оваа виртуелна бело-розева соба засекогаш ќе ме потсеќа на тоа. Имав 16-17 години и за првпат скршено срце, а многумина од вас ми помогнаа да го пребродам тој период. Ова не е обичен форум за мене. Ова е мојот онлајн дневник. Не увидов колку сум всушност сменета, посилна, подобра личност самата за себе се додека не си пронајдов некои свои стари мислења. Само името е тоа што ме поврзува со старата јас. Фала Фемина!
СДК на оние неверувачи во вирусов,на оние кои веруваат во глупи теории како 5G заговор,и на оние кои ги прекршуваат мерките треба да им се даде да јадат месо од Вухан како казна. Можеби тогаш ќе ја сфатат сериозноста на ситуацијата...
Сдк Јас во принцип мразам сожалување , но секогаш зборувам гласно за неправдите !!! Мразам неправда! Овде во мачедони неправди колку сакаш , од вмешање во врски , преземање на туѓи дечковци, мешање во брак , грабање на оженети мажи , оговарање на сите страни , забивање на нож во грб од најблискиот и сл ...не можам да поверувам дека во денешницава тој што до вчера си јадел од иста чинија денес ти е непријател и те оговара мизерно по сите ... Која карма бе ? Карма не постои , измислена е колку за утеха и за ништо повеќе , не постои ниту божја правда ниту казна ,едноставно не постои !!! Овој свет функционира само за манипулаторите , на светиците (промискуитетните) ,на лицемерните , на превртливите , на тие што имаат корист од вас и итн.... имам моја школска , добричка е , никогаш не се скаравме , но имаше периоди кога и ретко комунициравме ....ми пише и ми вели: Еј да ти кажам откако сум во Келн ништо лошо ниту некој ми направил ниту ми рекол некој нешто такво , и сега сум среќна , прв пат во животов среќна ,таму не бев ! Ми вика да ги спакувам куферите и да одам таму (и така моите сите се преселија таму ,само јас останав овде) , бар таму нема никој да ме повредува,доста страдав од неправди , од забивање ножеви , од лицемерни луѓе ..... Се извинувам за долгиот пост , но морав да кажам што ми лежи на душава ....
Цел месец во карантин, а јас уште се осеќам уморно. Како до вчера да одев на факултет и останував таму по цели денови. Посакувам барем еден ден да почувствувам што е досада во карантин, подалеку од сите обврски околу факултетов.
Сакам да кажам.. дека никогаш во животот нема да потклекнам пред никого и нема да зависам од никого. Муабетите од стилот „ама ти си девојче“ ми се веќе на игнор. Доста ми е од луѓе коишто мислат дека ЖЕНАТА не ја бидува за ништо друго освен за готвење, перење, миење. Нека знаат сите дека СВАГ ќе биде инженер и тоа за ептен скоро време. Ќе ме запомнат по најголемите успеси. Моето време допрва доаѓа.
Сакам да кажам дека јас сум сама на себе најголема мистерија. Јас: Не сум ТОЛКУ заинтересирана. Исто така јас: Не можам да дочекам до утре ова време гласот да му слушнам.
Еднаш у 100г решив да се исклучам од се и да учам неколку саати без никакви социјални мрежи да ми одземаат внимание. Кога се уклучив насекаде нови информации, bitch fights, мејлови, корисни ситуации шо се случуваат еднаш у 100г и ни у сон не сум ги очекувала али боље нешто не може да ми се случеше. Ќе почнам почесто да се исклучувам ако вакви добри работи има кога ќе се вклучам па или па се случија само дека ме немаше. Или можеби не сум била толку баксуз ко шо мислев. Во секој случај, од среќа што прочитав ваков неочекуван пресврт во позитивна смисла ми иде да славам по дома.
Читам и не можам да се изначудам со што се замараат некои форумџики, за какви глупости се расправаат и се докажуваат не е вака, не е така Релаксирано жени...