Веќе 1 месец како пративме семинарски кај една професорка со неколку колеги и не ни враќа ич, а пративме сите неколку мејлови за дали ја има погледнато и дали пристигнала. Ама веќе се откажавме скроз, со денови никој од нас не пишал. Другарка ми: Се осеќам како досаден манијак на инста што пишува: 2 април: hi 3 април: hi, слободна си? 5 април: зашто ме игнорираш? 7 април: дали ти стигна мојата порака? 9 април: не глуми недостижна, мрш ма, си ми спотребала не ти пишувам веќе Плачам од смеење пола саат.
Се заљубив денеска на прв поглед. Во едни црвени сандалчиња со машничка. Болна ќе легнев ако не си ги порачав. Тешка опсесија по се што е во црвена боја имам. Едвај чекам да ми стигнат, па да се смирам.
Од сите начини на справување со карантинот, најдосадни се овие шо на секои пет минути излегуваат со истата „мудрост“: Животот мора да се врати во нормала. Ок, разбравме. Сончајте се на тераса засеа и олабајте.
Србија: Сите 18+ годишни ќе добијат по 100 евра. Северна: Донирајте го ддв-то шо го собиравте 3 месеци.
Многу ми е јако кога ќе ми пукне филмот. Никој не мисли дека смирената јас ќе се ,,пуштам" и - изненадување.
Абе шо е ова, паркови полни, врие од народ, сите на куп, преполно преѓеска Е не како јас будалата седи дома, мерки ќе се почитувале Завртив преѓеска со колата еден круг да разбијам монотонија, шо да видам, не бе не сме ние народ, стока сме. ПА и слики на социјални мрежи цели друштва сликани, браво
Смачено ми е од неблагодарни луѓе кои не се научиле да си ги извршуваат обврските навреме и ме напнуваат со непотребни прашања во доцни часови И пак тие знаеле, ама не се потрудиле
Оние кои не губат време на социјалните мрежи, или барем минимално ги користат, тие се најсреќните, тврдам.
Дека предобри беа времињата со (ЕКС) девојка во Охрид. Посебно, вториот пат...каде баравме соби, преку booking. Искуство, повеќе. Исто, и вториот ден, за оваа нова година. Предобро. Се надевам, ќе има подобар од мене. И посакувам, се најдобро.
Карантински ден... Седиме со тигрчето Џои и дискутираме за животот. Тој мрзеливо се тегне низ двор, а ја му раскажувам... Спојлер Имаме еден постар (веќе починат) роднина кој цел живот беше сам во странство. Дома му беа жената и трите деца. Таа сама се грижеше и ги изгледа децата, а тој ги пропушти сите битни моменти во нивните животи. Сите родендени, празници, куќни слави и веридби. После ги пропуштил раѓањата и растење на внуците. Жена му цело време сама ги воспитувала децата, сама на точак ги носела по болници, гости чекала за куќни слави, а тој и праќал пари и еднаш годишно ги гледал. Дојде стариот дома откако замина во пензија, седеа ко странци со жена му и си почина тој за некое време. Со децата немаше НИКАКОВ однос, пошто го неќеа. Не им значеше ништо, сами кажуваа. Не им беше гајле ко умре, пошто за нив тој ко цел живот умрен да бил. Внуците го знаат само ко човек што им носел чоколадо од странство, не ко дедо. Тоа ли е живот? Да му се плукнам на таков живот. Не се само тие такви, туку еден куп има од таа генерација. Жената дома со децата, а мажот на печалба. Цел живот разделени. Сите убави и лоши моменти ги пропушта од семејството. Зар толку се битни парите, па да го баталиш цело семејство? Зар за пари цел живот да седиш разделен од децата? Да не си ги знаеш внуците? Сам јадеш, легнуваш, се враќаш? Зошто? Не година, две или пет, туку цел живот е во прашање. За подобар живот е ова? А кога ќе го живееш тој подабар живот? Откако ќе умреш и децата не те сметаат за татко? Епа многу добар живот. Јебига.
Периодов сум станала многу емотивна. Повеќе и од тоа што бев. Ми фалат некои луѓе и времиња што секако, нема да се вратат. Некои познаници што не ги ни сметав за многу блиски, а сега ми фали разговорот со нив. Сега имам повеќе време за себе, па мисливе ми летаат. Многу пишувам и гледам стари слики. Ми фали минатата пролет, 2019, баш овој период, бев навистина безгрижна. Пред некој ден размислував, да можам да го вратам времето, би го избрала тој период. Точно пред една година.
"Kad nismo spremni vezati se, vežemo se za ljude koji se ne mogu vezati" Saša Momič И ова е се што треба да знам за денес драги мои пријатели
Многу мразам кај себе кога сум во оваа состојба, како сегашнава... состојба на рамнодушност. Кога не може да ме допре ништо... кога не ме интересира ничие мислење... кога не прифаќам ни совети ни мислења од никого... кога се затворам херметички и ни емитувам ни примам било какви сигнали... кога ми е гајле или сеедно за сите околу мене. Не знам дали ми е некаков одбрамбен механизам тоа ама не се сакам кога сум ваков, непредвидлив сум и знам лошо да изреагирам према другите... Иако, факт е, најдобрите одлуки во животот, сум ги донел кога сум бил во ваква состојба. Дефинитивно мозокот е подобар пријател него срцето или другите органи...