Некогаш правам анализа на се што помина за да знам што остана. На парче хартија подвлекувам вертикална линија и запишувам помина | не помина. Некогаш знам да ги заменам поимите со добро | лошо. На тој начин се преслушувам до каде сум. А сакам преслушување и повторување. Особено кога се тоа е придружено со грчење на стомакот. Не е тоа честа појава колку и да личи прилично лесно. Најтешко е да најдеш во исто време, на исто место две различни фигури кои се обратно пропорционално обоени. Шах. Не ми се поврзани мислите само нафрлам. Некоја лесна дијагноза претпоставувам. Повторно и повторно назад на истиот стол за преглед. Никогаш не ја победив состојбата, не се ни потрудив. Притискам дугме да иде се на спонтаност. А сакам спонтани ствари, долги вечери, мириси. Не сакам лошо вино ме боли глава и како да ставам конец на серијата, а не сакам да звучам така. Но сите страни од паричката се битни да се видат. Би сакала поинаку да довикам Добро утро. Да ја измрдам рутината во која сум влезена. Се будам од монотонија повторно, тоа е добар знак.
Se plasham od ramnodusnosta vo Mene..se poveke ne me dopiraat nekoi situacii,kazuvanja ,mislenja ...nebitno...ziveam vo svojot svet zatvoren za drugite!
Многу имам истрпено од едни исти луѓе и тоа години наназад незнам колку и што не ми натоварија на грб. Омаловажување,потценување, обесхрабрување,шпиунење, кавги и расправии.... А сега глумат како најдобри пријатели.Нервите ми ги искинаа, добар дел од здравјето ми одзедоа. Се мразам себеси како еднаш не научив да ги баталам од животов и да имам душевен мир.Незнам да вратам зашто во себе имам човечност,несакам кавги и расправии,незнам да бидам злобна и лицемерна. . И најверојатно си има удел и моето родителско воспитување. Само знам дека ако и понатаму не сменам ништо отидов во неповрат. Се извинувам за олкава негатива ама морав во овие доцни сати некаде да се искажам
Ljubitel sum na SFI filmovi odsekogas. Seto ova sto se slucuva me asocira na mn filmovi. Sekoe utro koga se budam, posakuvam sevo ova da e samo kosmaren son. Uste ne me udrile bubackite vo glava, no cuvstvuvam deka mn raboti pocnav da deluvaat na moite emocii. Ne sakam voopsto sto sum vakva, me vraka mn nazad. Sreka sto mi se decinjava pa me drzat i ne dozvoluvaat da se zatvoram dlaboko vo sebe. Tesko izlegov od toj mrak, ne sakam povtorno nazad
Станав рано за да завршам нешто, завршив тоа и сега сакам да си легнам и ми се спие, а мозокот ми е буден и не можам да презаспијам. Животе, свадба без пирошка.
Некад ми иде да речам-да, така е, и повеќе од што мислите, ај сеа ебете си мајката и глејте си животченцето. Ама...ц. Така нема да е интересно бе...
Зашто ако е медицината толку напредна, денес не постои здрав човек како не' лечат денешниве доктори, фала ти господе што сум сеуште жива
Во 2015г имаше пресуда: 3години затвор зошто украл 150 ќебапи. Три ебани години.. Читам насилници добиле 2,5 години. Закониве се мењаат преку ноќ,или нема закони.
Денес бев во некое расположение, насмеав неколку луѓе сосема случајно и душата ми се исполни што знам дека барем малку им го разубавив денот. Камо секогаш да можев вака да ве смеам и да бидите среќни.
Јас и брат ми сме толку различни. И физички и карактерно. А, исти родители не воспитале. Тој е толку опуштен, рамнодушен кон се, екстроверт, со многу добра душа и ништо не си зема на срце, дури понекогаш сум среќна колку лабаво си живее знаејќи колку е полесно така ама тоа му е карактерот од мал си е таков. Дури некогаш и не му чини што е толку лабав во некои ситуации. Јас сум чиста спротива од него. Се што е он, јас сум се спротивно од тоа. Кон него не сум само како постара сестра, некогаш се осеќам дека сум толку заштитнички настроена дури ко да сум му мајка. Порасна во моите раце буквално. Дали големата разлика во година тоа ја направи, но не знам, секогаш ќе биде моето помало братче за кое треба да се грижам. Моите често ми викаат дека ќе сум била одличен родител во иднина гледајќи колку сум го чувала добро и колку сум била одговорна кон него... На пример тој е толку опуштен во врска со домашните што ги има, буквално ги заборава јас или моите ако не го потсетиме, а јас дури на лист запишувам што треба неделава да направи, па дури и лектирите што ги зема дома за обработка си ги препрочитувам за да му помогнам ако нешто сам не сфатил. Мене да ми дадеш задача 10 книги да прочитам, ќе ги прочитам, тој една да има, ќе ја заборави или ич гајле нема да му е, ако го потсетуваш цело време може и ќе му текне... Јас дур не завршам нешто што треба нема мирно да спијам, а да оставам за 5 до 12, па жива ќе се изедам. Буквално е најлабавиот човек у фамилија, затоа и може секогаш е толку насмеан. Толку е помал од мене, а сакам да научам да сум ко него... А, он па ми вика кога ќе пораснел сакал да е ко мене, ми се восхитувал како сум можела за се да му помогнам и сум разбирала се, сакал и он така да можел... Не биди, не е добро да си ко мене, напорно е...
Инстаграм како социјална мрежа никогаш не ми се допаѓала. Неколку пати правев акаунти и ги бришев. Дека може да се наиде на некој добар профил кој нуди уметност, тоа да, но во глобала е полн со девојки кои наликуваат една на друга, истите пози, истакнување на телото, без врска слики со задникот во прв план, цицките на изволте... И во музички спотови, филмови, дури и реклами, жената е претворена во објект. Самото тело претставува уметност, и женското и машкото, но денес најчесто е така претставено, да асоцира исклучиво на секс. И после се чудиме какви се денешните машки и каква е младината воопшто... Се' се промени.
На мејл цело време добивам понуди за работа и цело време ги одбивам. Нејќам да бидам инфлуенсерка и да рекламирам работи по инстаграм, аман. Бетер од секта биле овие.
Сакам да кажам дека веќе сум ептеен нетрпелива да видам позитивен тест за бременост доста чекав веќе аман сакам да заврши ова со коронава никаква и да шетам како човек на слобоода...ми се оди и на одмор Ааа да, во последно време и форумов ептен ме расположува
Едвај чекам да одам на некоја плажа, да уживам во звукот на брановите и во синилото на морето. Исто така, едвај чекам да патувам со авион, ах тоа полетување... Ќе биде!
Ох ова ќе биде долг пост. Да си кажам што ми лежи општо за форумов. 2012 година се регистрирав,пред точно 8 години. Сме поминале и добро и лошо,исто како кога стапуваш во брак па велиш и во добро и во лошо заедно. Запознав многу членки. Поточно ми беше зависник форумов. Трчав да споделам,да сликам,прочитам која што ставила на форумов,модни критики и шминки ми беа омилен дел. По природа сум многу отворена особа и си кажувам што мислам,но тоа на форумов не е прифатено воопшто. Секој сака да ти каже,подучи како да кажеш,како да пишеш,како му одговара на другиот така да биде. Сега последниве неколку години не сум толку зависна,задње време приметив дека немам желба да се уклучувам. Форумов сее омраза,поединци сеат лицемерие,ако не се согласиш фрлаат камења. Сите глумат,душебрижни. Прашаш нешто никој не ти одговара, кога ќе купиш нешто а не ти одговара и напишеш дека не ти одговара продуктот те напаѓаат зашто не си прашал. И многу други недогледности за кои не сакам да должам. Не се внимава на речникот на изразувањето, се гледа само да се навреди и омаловажи членката,да и се даде дијагноза. Инаку вообичаено сите други биле нормални. Индиректниот напад е најубав. Каква слика дава форумов според сето ова? - Привлечна. Навидум привлечен форум,откако ќе се регистрираш,прашаш и после се покајуваш што воопшто си прашал. Што сфатив јас од форумов? Благодарение на форумов многу научив,нешто што немаше да го научам дома,има корисни совети,има привлечни теми. Ок,има и глупави теми. Всушност сакав да тагнам членки за кои имам длабоко мислење и членки за кои немам убаво мислење но мислам дека е подобро да си го задржам за себе мислењето. За едно жалам а тоа е што форумов не може да ги почитува туѓите мислења,ставови и разликите меѓу луѓето. И тоа за жал нема да се промени. Донекаде и не е толку лош форумов кога ќе се погледне од друга страна.
Деновиве се осеќам некако многуу празно, како да немам причина за живот едноставно. Немам некое си семејство какво што отсекогаш сум сакала да имам, имав тешко детство, со мајка ми од јануари воопшто се немаме видено, ни чуено. Лута сум и бидејќи направи нешто што не требаше да го прави. А ми фали многу деновиве. Пробува да стапиме во контакт но некако срцето не ми дава.. Браќата секој на своја страна, ретко се јавуваат, уште поретко ми идат на гости.. Со другарките не сум се видела не знам од кога, понекогаш си пишиме но, не е тоа, тоа.. И маж ми деновиве некако како да ми се изладил. Се осеќам многу глупаво од една страна, и не би требало ова да го пишувам, ама ете, немам на кого да кажам, немам со кого да споделам...
Денес ми рекоа.. толку љубов, страдање и мака кон некој немам видено. Би рекла дека е повеќе тага, ама ете гледам светло на крајот од тунелот.