Пред месец и нешто, кога се уклучив на форум по не знам колку време, одма пишав дека форумот не е тоа шо беше порано. Ако имаш различно мислење од поединици, готов си, ќе те изедат. Нели форумот е за да размениш различно мислење? Многу навреди, паметување на секоја тема, намерни подбуцнувања. Просто човек да се чуди.
Не можам да разберам луѓе што ќе ти изнакажат се и сешто у првата прилика коа ќе им се пружи и после сакаат да глумат као пријатели сте и се фино е, тоа го кажале шо добро ти мислеле амхмм... Извини ама мене таквите ништо не ми се. Од култура само може да те поздравам пошо не паѓам на такво ниво и тоа е тоа. Не сум злопамтило, само провидно е лицемерието на некои за да прејдам преку тоа.
Некои луѓе се толку е*ано досадни. У филм дека цел свет се врти околу нив. Како на нив животот постојано им цвета, како ним сите да им завидуваат. Верувајте никој не го гајле за вашиот досаден живот. Провидни сте ко стакло.
Неделава се преродив во природа. Толку убаво ми делува околинава, што не ми се оди дома. Станувам порано и имам повеќе енергија. Медитирам наутро на трева уште пред да стане тој. И се препуштам на целосната тишина. По цел ден шетаме низ планина, по ридови, до изворче, лежиме на трева до река. Трчаме со кучето по свежно искосена ливада и не ми е гајле дали некој гледа. Гласно се смеам, одекнува насекаде и не ми е гајле дали некој слуша. Утре ќе дојде другарка ми со мажот, па едвај ги чекам. Премногу ми се позитивни луѓето. Долго се немаме видено, а толку ми фали смеата со неа. Има толку многу да и кажувам и да ја шетам наоколу. Лани на овој датум имавме сообраќајка со дечко ми, па со месеци се борев со несоници и депресии. Сега е убаво, мирно и тивко. Денови исполнети со многу љубов, јадење, секс, шетање и по некоја дружба. СДК среќна сум и заљубена до даска. Нема да дозволам ниеден вирус или суштество да ми го уништи мирот.
Повторно се навратив на нешто пред 9 години, истите чувства но овој пат со прашалници... Знам дека се каеш, ти верувам кога го кажуваш ова. Наоѓам секогаш оправдување за твојата постапка, но сепак уште имам дамки од таа болка. Би сакала да знам ти како се чувствуваш сега? Што мислиш? Дали истото би ми го направил? Дали научи да цениш повеќе сега? Какви ти се чувствата? Каков си сега?
Доживеав нешто што мислев дека нема да го доживеам. Кога си во врска си голема мета на секој што носи панталони. Мило ми е што сум изградена како достоинствена госпоѓица која знае да каже не.
СДК какви се некои личности еј... Не им чини што им викаш дека не треба да се брза со отворање на кафулиња,дека не треба да се мешаат со многу народ во вакво време. Значи,колку сте себични и злобни еј... Ко да не сте свесни дека има некои луѓе кои не знаат да држат дистанца од 2 метра или кои не ни сакаат. Ко да не сте свесни дека сме во пикот,дека растат бројките на заразени и починати. Не можеле кафе да пијат... Ја мајката... Разни кафиња можете да правите и пиете и дома,со тие со кои живеете.Ако сакате да ги видите пријателите,тоа го можете и преку видео повици,преку разни апликации.Сварете кафе во исто време и пијте го дома,гледајќи се и муабетејќи преку екран. Ако не знаете како да сварите кафе,фала Богу имате милион рецепти за подготовка на милион кафиња на интернет.Гугл и Јутјуб ви нудат милион опции.Ако и покрај тоа сте несигурни,можете на форумите и социјалните мрежи да прашате луѓе како да го подготвите кафето.Ене,сега најнов кафе-тренд е она Далгона.Хехехе,дури и варијации има. Скоро секој има ѓезве,апарат,машина,миксер за кафе или сите наведени работи.Кој нема,ако има пари,може да си купи од дуќаните за техника.Ете,тие работат и со достава.Можете да си купите со попусти или ако имате нивни картици,секогаш можете поевтино да платите. Не велат за џабе седи дома-спаси живот.Колку помалку се изложувате на ризик,толку подобро е.Искачајте само до маркет,аптека и банка,ама и на тие места не секој ден и не по 100 пати.Носете маска и ракавици и имајте во ташна антибактериски гел или антибактериски марамици.Пазете и кога сте на работа. Знаете ли што може да се случи ако постојано сте надвор? Може да се заразите,а да бидете асимптоматски.Да немате поим дека сте заразени и да го раширите вирусот.Вие може нема да добиете симптоми,ама можат да се заразат и да добијат симптоми вашите најмили,најблиски(вашите деца,вашите внуци,родителите,дедовците и бабите,браќата и сестрите,братучедите и сите останати роднини и пријатели,нивните семејства и пријатели,вашите комшии и нивните семејства и пријатели,вашите миленици),не дај Боже може и да умрат. Знаете ли дека штом некој е ставен на респиратор,тоа значи дека шансите да преживее му се минимални,а за жал можеби и непостоечки? Знаете ли што значи критична состојба и животозагрозувачка состојба? Знаете ли дека тоа е чекор најблиску до смртта? Како ќе се чувствувате ако некој ви го пренесе вирусот или ако вие го пренесете вирусот некому и поради тоа умре некој ваш најмил,најблизок? А,тој најмил,најблизок да е вашето дете,вашето новороденче,вашето мало невино бебе? Или бебето на вашиот брат,вашата сестра,вашите пријатели? Ќе можете ли да ги гледате другите во очи? Ќе можете ли да живеете знаејќи дека вашата потреба за кафе надвор од домот,вашата потреба за мешање со 300+ души,вашата себичност,вашата злоба убила некој од ваша крв или ваш пријател или повеќемина? Дали тек тогаш ќе ви проработи совеста и ќе го проколнувате секој ваш здив? Дали некој треба да умре за да сфатите дека ова е опасен вирус кој измачува луѓе повеќе од месец дена,кој убива,а не обична настинка која проаѓа за 3-5 дена? Чукнете си ја главата и размислете!
Не знам од каде, ми се појави некоја желба за лудување на некоја журка, и по цена три дена мамурна да бидам после А во нормални услови не ни помислувам на тоа...
Нема нешто по глупо и неприфатливо, од обајвување на слики и рестинпис пораки на интернет на личности пост мортум. Значи нема. Н Е М А. Што е поентата? Да покажете колку ви е жал? Ве молам... Само ви стојат рефератите таму некаде засекогаш. Друго е да се напише порака да изрази сочуство на фамилијата, директно на нив ако не може лично да се исконтактираат, место некој паблик блам реферат на било која социјална мрежа, кој гес уат- нема поента. Невкусно е, за вас не знам. Али на мене или некој близок тоа да се случи во една таква ситуација, одма ќе се пријават профили.
Со години нè засмејуваше на екраните.На твоите песни игравме на сите свадби. Другиве водители немаат ниту половина од твојата способност. Почивај во мир,Драгане легендо!
Вчера татко ми ме праша како ми оди спремањето испити, му викам супер ама најубавите маркери си ги потрошив, треба да идам да си купам деновиве, не ми е мерак вака да учам ако не ми е се подвлечено и средено за учење... Сабајле се разбудив, на бирото имав нови маркери во моите омилени бои. Еден е татко, значи го обожавам.
Денес и пред 30 години, не се многу сменати работите. Тие што ме булиуваа заради депресијата и анксиозноста кога имав 12 години, истите ме булиуваат и сега, на 42 години. Пораснаа со истите предрасуди. Се надевам идните поколенија ќе знаат повеќе.
Позитивна работа во целава ситуација е дека карантинов откри нови таленти. После него ќе излезат многу бербери и фризерки.
Сакам да кажам дека сакам веќе да заврши ова лудило. Навечер седам до доцна сабајле, денот го преспивам. И се ми е извртено. Едвај чекам да се вратам во нормала.
Не ми се верува дека падна толку ниско. Не постоиш веќе за мене! И нема да престанам да кажувам што мислам. Оди у ку*ац!!
Ќе можам ли некогаш да го кажам она што навистина го чувствувам и ми лежи? Зошто олку се плашам од реакцијата на луѓето кога ќе им го кажам тоа шо го мислам? Толку многу overthinking, what if's и неодговорени прашања за на крај повторно да не го кажам она кое ми лежи. Дали е само претпазливост или стварно правам од мравка слон.…
Една од негативните страни од имањето на нет и лаптоп е тоа што немаш ниту еден оправдан екскјуз за да не се вклучиш во видео повик. Анксиозност лвл милион. Тешко мене.