Вчера после долго време бевме на дејт. Не можеме да излеземе, па затоа ресторанот го донесовме дома. Ми рече да останам во соба и да се спремам. Сакал да одиме на дејт. Прво му викав да не претерува, ама после слушнав дека тропка во дневна и знаев дека нешто спрема па си реков да не бидам кучка и да не расипувам атмосфера. Почнав со спремање и трпеливо чекав да ме собере за на состанок. После толку време се дотерувам. Ставам шминка, убави алишта, ја средувам косата. Почнав да се осеќам како навистина да излегуваме. Како навистина да одиме во место кај што има келнери, гости, музика. И тој се облекол, ја средил косата, ставил парфем. Ми тропна на врата, ме фати за рака и ме однесе на состанок во другата соба. Пуштил тивка музика, ставил на маса две чинии, вино, цвеќиња од пред двор и една свеќа што ја чуваме ако снема струја. Поубаво беше од расторан Колку многу се трудел што ќе заплачев од среќа. Седевме, зборувавме, пиевме и вечеравме. Пошто бевме средени за момент заборавив дека сме дома. Заборавив дека седиме на исто место како и секоја вечер. Масата беше средена и поинаква, ние бевме средени и поинакви. Скромно, романтично, нежно. Секогаш знае да ме изненади, а мене баш ми годи кога ме разгалува. Кога во светот би постоеле повеќе луѓе како него, тогаш немаше да постои тага пошто и тие што имаат камено срце ќе се стопат од убавини.
Цел ден сум во шок така малку и малку сум замислена... До пред нецела година заедно одевме во школо, а сега почнавме да им честитаме веридби, бремености... Колку брзо лета времето... Колку различни животи и приоритети имаме, колку сме различни сите меѓу нас, а врсници сме... Ех, додека да трепнеш толку работи се менуваат. Не ми се верува. Пораснавме...
Ме следи чувство како да е моја приказна, но не е доволно јасно како се поврзувам. Имам потреба да се пронаоѓам во некои стихови многу повеќе.
Посакувам да бев сингл, а сепак не сакам да го изгубам него како другар. Ме мачи што ли ќе излезе од ова на крај..
Деновиве само со животни сме опкружени и во живот не сум се осеќала повеќе сакано. Не знаат да излажат и да кријат емоции. Ако те сакаат тогаш те оставаат да ги галиш и мирно лежат покрај тебе. Ако те неќат бегаат од тебе, лаат, се плашат. Не глумат лудило и не ти зборуваат зад грб. Не ти вртат грб кога ти е тешко, туку искрено те сакаат. Кога шетаме со пудлицата, секогаш ни доаѓаат кучиња од комшии за дружење. Трчаат од далеку и одма застануваат до нас да ги галиме. Има и една мачка. Оди кај дечко ми во скут и сама си се гали од неговата дланка. Пудлицава е само дома чувана, па малку се понаша ко принцеза, се плаши од други животни и во раце сака да седи, а овие души си легнуват до нас и сакаат да играат. Си седиме на ливада, пудлицата во скут, а тие до нас си седат/спијат/се гушкаат. Денес не е убаво времето па не сум ги видела, инаку никогаш не пропуштаат прошетка со нас. На сликата се двајцата редовни другари, но има уште едно повремено што доаѓа. Не им ги знаеме имињата, па црното го викаме Арчи, жолтото Миа, а другото што не е на слика Коко.
Треба да донесам одлука од која ќе зависи мојата иднина и односот со другите и јас кон нив и тие кон мене. Aма срце не ми дава, постојано одложувам а знам дека треба во моментот да решам. Во прашање се личности кои ги знам сиот мој живот, кои ги знам какви се и тоа ме повредува и сепак до сега успешно игнорирав. Ама тоа туркање на проблеми под чергиче само ми донесе додатни проблеми. Во глобала сум храбра личност и знам да донесам правилни одлуки кога мислам со разумот и правам како мислам дека е најправилно но овој пат сум водена од емоциите. Не се плашам, но не сакам да погрешам.
Горда сум на себе. Периодов вложив многу и се надевам дека резултатите од тоа ќе бидат позитивни. Се потрудив и мислам дека успеав. Бев мотивирана и конечно уживав во нешто после толку време. Иако ми беше стресно, ме исполнуваше до максимум, сета таа зафатеност и преокупираност. И бев среќна и презадоволна кога ќе добиев позитивен фидбек. Камо и претходните години да ја имав оваа можност.
Додека човек мисли дека успешно ги крие чувствата, не е свесен колку лесно секоја емоција му се чита од очи
Успеав да го кажам она што ми тежеше, што го чував во себе, на личноста која требаше да го чуе. И многу ми е мило што реакцијата беше предобра. Не очекував некој да имал толку добро мислење за мене. Се осеќам како да го зацврстивме уште повеќе пријателството и како да станавме поискрени, и најбитно голем камен ми падна од душата. Само се надевам дека навистина ќе остани вака и кажаното не е залудно..
Mrazam koga sum vo pravo ,koga mi raboti intuicijata. Kamo sreka da mozhev da smenam neshto ....kamo sreka da beshe do mene i da te zashtitam
Никогаш не читам мислења кои се без запирка, на латиница и без голема буква. Па и колку паметни работи да имаат кажано. Не ги мачам моите останати два неврона на такви мислења.
Никогаш не треба да се забравиме себе си и во текот на денот, макар и кратко, посвета и нега(физичка , психичка) на себе. Првин себе, па после другите. Иако многу пати забораваме.
Понеделник никад не ми бил ден за почнување нешто ново. Нити први како дата во новиот месец. Од ‘утре’ ми е исто сумљиво. Мојата импулсивност делува моментално. На пример, диета почнувам у бош време, бош ден. Цигари престанав да пушам со инстант одлука, кога сфатив дека не сум праведна кон својата кожа и општо, своето здравје. Не бројам денови, направени вежби, ниту калории. Не се форсирам, туку внимавам колку, кога и што. За се’ во животот. Психичкото и физичкото здравје ми се подеднакво важни. И сметам дека треба да ни бидат приоритет на сите. Ние и нашата праведност кон самите себе, другото ќе се нареди.
Утрово покрај 9 часот едно девојче се обиде да ми го расипе распожението додека чекавме ред пред пекара. Типкава, најмалку 5 6 години а може и повеќе помала од мене залетана оди да купи појадок притоа не оставајќи ред за постарите луѓе кои се брзаа да завршат работа во аптека а беа прилично нервозни. Неколку метри од мене и зад неа стоеше човек кој не приметив кога пристигнал и кога заврши девојчето јас пристапив да си ја земам нарачката бидејќи ме повика вработената кога помалото девојче кое го спомнав погоре почна да се кара со мене како сум одела преку ред и имало и други пред мене. Кои други девојче ја прашав тивко? Па од каде да знам кој кога пристигнал и зошто не реагираа или не се доближија до шалтерот да си ја земат нарачката туку стојат здрвено, додека јас чекав да ме повикат? Почна да ја оправа државата и да кажува кој немал култура кога она се туркаше со постари лица небаре гладна ќе остане. Само и реков - Не си тука да делиш правда за ред кога и самата не почитуваш истото. Не сакав да се карам со нејзе, а таа нервозна од рано наутро па да ја истури нервозата на друг, не сакав да спаѓам на нејзино ниво, но луѓето кои беа таму останаа запрепастени од нејзиното однесување. Се извинив доколку го зедов редот на некого и си заминав дома. Се прашувам и сега, каде остана културата кај младите? Дали домашното воспитување од дома игра улога или фактот дека некои не знаат да се исконтролираат во јавност кога се нервозни.
Во основно имавме еден професор кој на сите ни беше како другар. Со нашиот клас беше многу близок и секој час ни кажуваше интересни факти од разни полиња. Во исто време многу го почитуваме, имавме и страв од него, а сепак ни беше омилен. Тогаш имаше околу 45/6 години и не беше женет. Немаше ни деца, а низ разговара на неколку пати имаше речено дека се прашува каков татко ќе биде. Секогаш зборуваше како сигурно да знае дека ќе има семејство во иднина, иако беше повозрасен од нашите родители. Малку го сожалувавме, пошто нели воспитани сме дека за во наше општество е веќе стар ерген, возот му поминал и треба да се помири со судбината. Денес ми излезе на ФБ. Некако мило ми падна што го гледам после толку време и кога влегувам кај него на профил ми стана уште помило. Гледам има жена и две мали машки близначиња Ми падна ептен убаво исто како за близок човек. Ако некој заслужува среќа, тоа беше тој. Ете му се исполнила желбата и на 50+ години станал татко. Си ја нашол љубовта и си створил семејство. Човеков покрај неговиот предмет, оставаше да дискутираме за се. Имаше познавање за сите настани и општи работи. Интелигентен човек. Покрај што ме научи многу интересни општи факти, денес ме научи никогаш да не губам надеж. Секогаш да гледам позитивно во животот и никогаш да не се откажувам од целта и љубовта. Кога тогаш секој ќе си ја најде среќата
Имаше едно дека ако цвеќето не напредува и не расцветува, не го менуваш цвеќето, туку му ја менуваш околината која повеќе му одговара, бидејќи може му треба повеќе сончева светлина или помалку, повеќе му треба ладно или му треба повеќе/помалку вода... Епа навистина нешто слично било и со нас луѓето. Често пати се прашуваме зошто се чувствуваме лошо, што треба да промениме кај нас, зошто не ни оди нешто, зошто сме тажни... И доаѓа ден кога сфаќаш дека уствари твоето опкружување требало да го промениш. Всушност не требало да промениш нешто кај себе, туку само ти требало повеќе позитивна енергија, повеќе разбирање, повеќе љубов, повеќе грижа... Можеби не треба да се промениш себеси (не зборам за промени од тип поздрава исхрана, порано станување и легнување, тие секако секогаш се добредојдени), туку треба да ја промениш работата, да ја прекинеш врската, да се разведеш, да се преселиш, да започнеш нова врска, да прекинеш некои пријателства, да започнеш нови пријателства... И кога стварно тоа ќе го направиш и ќе биде успешно сфаќаш колку само ти требала промена и колку позитивно ти влијае сето тоа... Ние сме како цвеќињата... Секогаш кога подолго време ќе се чувствувам како нешто да не е во ред, ќе започнам со вакви промени т.е ќе се запрашам што е тоа што не ми одговара за јас секој ден да напредувам наместо да стојам во место или да заостанам во нешто. Ова било решението за многу работи...
Си размислував и сфатив колку сме ние луѓето лоши. Мислам знам дека сите го знаеме тоа и се докажува и сега и со векови наназад. Сега дојдов до тоа кога размислував за желбите. Желбите не се за секој исти. Меѓутоа ние луѓето премногу форсираме нашите желби и амбиции да ги помешаме со нечии други и со тоа ја искривуваме сликата за некоја одредена личност. Мислам дека треба да застанеме за момент да вдишиме и да сфатиме дека секој има право да посака. Но не секоја желба треба да биде одобрена од некој друг. Некој сака да направи кариера да успее во светот на визнисот. Друг пак сака само што ќе заврши со училиште да се омажи и да има деца. „Леле види ја колку млада а мајка. си го уништила животот". „ Леле има триесет години а уште не мажена". Да ние колку сакаме можеме да зборуваме да ги оговараме тие луѓе. Меѓутоа во тој момент не сме се запрашале но чекај па може таа личност го сака тоа. За нас било битно само сликата која сме ја погледнале без да погледнеме во длабочината. Такви луѓе кои оговараат и кои ќе ја искривуваат вашата вистина ќе ги има постојано. Но никој не смее да дозволи тоа да му застане на пат. Затоа што ако еднаш живеам и ако имам една желба има да ја остварам. Така да девојќи и момци Сакаш да се омажиш на 18 ? Омажи се Сакаш цел живот да не бидеш во брак? Не биди Сакаш личност од ист пол? Кажи и Сакаш животни повеќе од луѓе? Сакај Направете се самите среќни. Затоа што на крајот од денот кога сите ќе легнеме сите мислиме на своите желби на својот живот. Па тоа мислење нека ни биде позитивно.