Ми поставија едно прашање... Што ќе правиш утре без сите нив? Сето она што можам да го правам далеку од токсични луѓе. Ќе дишам слободно!
Лошото кога си алергичен на полен е тоа шо не знаеш дали си настинат или од поленот ти е. 90% сум сигурна дека ми е второто денеска ама секогаш постои и едно ама... Ќе препукнам значи, пред зграда толку убав јоргован, на сите убаво им мириса, само ја кивам ко будала и ги терам прозори и врати да затвораат. Од сите алергии на свет, најдов на полен да сум алергична.
Сабајле стигна официјален меил од факс со зборови од типот на: зато, незнаеме... Мислевме со колешка дека е зафрканција некоја, бидејќи толку неправилно напишано од вработен на УКИМ ни делуваше бесмислено. И баш рековме ако е официјален, тешко нас какви неписмени раководат со факсовиве. Уште не можеме да се изначудиме дека сепак бил официјален. Ако вакви „писмени“ држат функции и одлучуваат во името на сите нас, отидовме во неповрат...
Некои луѓе забораваат колку ми наштетиле и мислат дека со обичен лајк пуштаат водичка. Всушност тие луѓе немаат вредност за мене повеќе.
Најдобро сум поминувала кога сум ја слушала својата интуиција, а не туѓите совети. Знам дека и овојпат ќе биде така.
Плачеле пеачи, стотици илјади евра изгубиле периодов, морало да се почне со работа. За срамота бе. Луѓе ни платата од 12000 веќе не ја земаат, они пропуштиле голема пара. Мислиш леб немаат да јадат, ко да немаат заштеди од кузне колку илјади евра, па сеа питачат кутрите. Дно.
Јас: да, да идејата е да е едукативен блог, има и референци и се како мини семинарски и знам дека студенти ќе ми крадат за семинарски али океј е ако запамтат нешто. Другар ми: звучиш како очаен професор. edit. Океј ми рече таквите допирале до децата. Сега сум океј со то да бидам како очаен професор.
И пак нема дома да си идам... бесна сум на ситуацијава, лута сум на државчево наше.... Сакам дома да сум, во првото дома сакам да бидам
Сонце, тераса, сладолед, нескафе со лед, звуци на птиците, поглед кон расцутениот јоргован и расцутените дрвја и цвеќиња, мирис на јоргован и книга во рака... Навидум обичен ден, а во душа толку спокој. Секој ден нека е ваков...
Времево ме потсеќа на деновите кога играв одбојка на плажа со непознати луѓе. Ми фали мирисот на морето, зачинетите јадења и гиро, многу гиро. Па дури ми фали и кога косата ми се лепеше за лицето. Врати се лето 2019 година, се ти е простено.
Какви гици прасици има овдека а за некој друг шо не го ни виделе јадат трици како изгледа, бог да чува.
Мајка ми: Кога знаеше кога ќе се полага, помалце учеше од сега. Изгледа во неизвесност најнапорно работиш. Не дека не е у право. Кога нешто не знам како ќе е, највеќе се трудам тогаш. Ако знам и имам опции, станувам флегматична. Се прашувам зошто ли сум толку сложена