Родител А го прашува детето: Кај е родителот B? Детето одговара: Родителот B рече дека ќе оди кај родителот C. Кој е родителот C ? Спојлер: . Швалер/ка на родителот B
Да се пријави уште еден со успешно завршена испитна сесија... , а и со најкул тема за дипломска од областа на музичката уметност. Rock 'n' Roll, babe! Ситно се брои. Исто и со успешно завршен прв работен ден од новата работа.
Жени, наместо да се трудите да изгледате добро, трудете се да се чувствувате добро. Чувствувајте се добро во своја кожа, ценете се, разгалете се. Понекогаш е добро и вие самите да се ставите на прво место. Живејте го животот!
Вчеравечер го сонував Џејсон Момоа. Нити филм гледав со него од скоро, ниту статија читав, па искрено не знам од каде на каде се појави. Во сонот јас и тој бевме во брак, заљубени, но цел сон имав страв од него и уште на самиот почеток почнав да бегам, тој да ме брка, и така цел сон брканица, ама на крај си се помирив со судбината и си останавме во прегратка, онака, прави младенци Сабајле станувам и си викам, Animali wtf is wrong with you? Кој нормален бега од Момоа? Цел сон можевме на друг начин да го искористиме , а јас смотана, трчај, небаре за жирант ме бара човекот п.с Имав некаде прочитано дека оној што го сонуваш всушност те мислел Нема да се бунам и вечер да ме мисли п.п.с Еднаш и Мел Гибсон ме имаше мислено изгледа
Шубо улиците, објектите, парковите.. итн, да се со општи имиња.. Како на пример: -Алеа на липите -Крив друм -Булевар Пролет Кога ќе им снема зборови, едноставно, на бројки може да се премине: - Улица 2
Поминаа две години откако мажето дојде тука. Во тие две години се случија премногу работи. Иако ми беше премногу тешко што ќе замине, знаев дека за кратко време пак ќе бидеме заедно. Сега заедно си ја кроиме иднината. Поставуваме цели и се стремиме заедно да ги исполниме. Пред две години толку бев скршена на овој ден, а сега сум најсреќна. Се трудевме да си бидеме поддршка со сестра му, иако на двете ни беше премногу тешко и солзите не допираа. Уште повеќе ме скрши тоа она што го напиша. ДЕНОТ КОГА ЗЛАТНАТА 3КА, СТАНА 2КА !! Ок, бевме и 4ка, идеална, златна е мал збор. Како и да е, пред неполни 7 години за подобро утре на аеродром ја испративме нашата најсакана, најсилна мајка, мој пример за жртва за љубов кон фамилијата, пример за храброст и упорност. Неполни 7 години неизмерна љубов на огромна далечина. 7 години дома во љубов и блискост со татко и брат каква секому посакувам. 7 години за пример што значи семејство, 7 тешки години за мајче, 7 тешки и за нас. 7 години со надеж дека ќе се врати мајче и ќе бидеме пак златна 4ка, но животот не е така спакуван. 7 години го чекам денот, денот кога се ова ќе има смисла, денот кога ќе влезам дома и сите ќе ми бидат тука. Денот кога ќе има плус во фамилијата, а не минус. Но сепак, ете до ден денес, тука сме т.е бевме само ние тројца, ЗЛАТНАТА ТРОЈКА. Е денес, после 7 години, навидум доволни за навика без мајка, со иста болка како дента кога отиде мајче, одиме ние, златната тројка на истиот аеродром за да се вратиме како двојка. Добро, не ми е прв пат да се збогувам со некого, поготово не со некој толку близок. Нема да глумам храброст, душа ми се кине. Не помина ни половина час а осеќам како прошле години. Нормално, се радувам што мојата среќа ја пронајде својата среќа. Па среќен пат најмил мој, нема зборови со кои можам да ти објаснам колку те сакам и колку ќе ми фалиш. Душата ми се празни! Неизмерно сум горда на твоите успеси, пресреќна што желбата конечно ти е реалност. Оди среќо моја, пушти си ги широко крилата и достигни го својот врв! Мирен лет срце мое, очи мои, небо мое !!! Те сакам повеќе отколку што ти имам покажано ! ❤❤❤
"Изгледа девојките во светот, за жал, би направиле речиси се само за да не работат нормална работа и да заработат на што е можно полесен начин". Последен пасус- коментар од статија со наслов "Жена заработува 3500 евра месечно продавајќи ги своите селфи фотки", Црнобело сајт, 21-ви век. Јас навистина времињата како 2019-та година ги замислував футуристички како помала, but no, сеуште сме презафатени со сексистички коментари декорирани со шлаг од брендот 'Пикајќи го носот во туѓата работа'. Пештерско издание, втор том. Единствено 'за жал' е дека ваквите големи мислители, исто така, имаат пристап до Интернет. Бикоз, глупавоста е помалку болна и видлива кога е само меѓу четири ѕида, а не јавна.
Толку многу планови си правам секој ден пред да заспие ќерка ми за тоа како продуктивно да ги искористам тие 2-3 саати, што кога ќе дојде тоа време не знам од каде да почнам и не се мрднувам од кревет.
Јас кога ќе се согласам прв пат со некој после многу години: па не си сигурен дека е сериозен, па не ти се верва и мислиш дека е саркастичен ама решаваш да верваш дека се е во ред зошто сакаш да верваш во најдоброто во луѓето
Ми се свиѓа оваа нова перспектива "Moj momak mi je dao odmah prvo veče. Ne znam šta da mislim o tome.". Лесен
Слушам како си кажуваат за едно девојче дека им фалела и жал им било што немала толку време како порано поради обврски со факултет во друг град, како ги памтат сите лудости и спомени и дека не е исто без неа. Дека има оставено трага по која вреди да се памети. Тогаш помислувам што ли ќе си велат кога јас нема да можам постојано да бидам тука. Јас што не сум се истакнала со ништо посебно и што не можам да бидам вистинската јас, лудата јас со која би можеле да се памтат различни спомени и смешки. Сфаќам дека никој не би ме памтел по ништо и дека сум само онака тука, исто и како да не сум. А за тоа зошто не можам да сум она што сум е долга, болна и друга приказна. Сфаќам дека на никој нема да недостасувам и да зборува за мене како за тоа девојче. Дека моето отсуство е исто со моето присутство. И ова е едно од нештата што најмногу ме боли. Што ме прави да се чувствувам безвредно и небитно. А само сакав да оставам трага во нечиј живот и да бидеме блиски без разлика колку сме далеку. Ќе заминам како воопшто да не сум постоела. Се прашувам дали подобро ќе беше да не постоев. Спојлер Беше за во скриената тема, но нека стои тука.
Кога ќе сфатите дека и лицата кои лечат, дијагностицираат и ви стојат на располагање 40 часа неделно не треба да ги замарате со 'абе и ние имаме еден проблем па да ни кажеш' дур се излезени во природа сакајќи да уживаат во своето дете, семејството..? Себични сте. Тотално сте себични. Не сте само вие луѓе.
Важна е самодовербата и тоа како. Ама важна е и скромноста. Човек со голема самодоверба, а без трошка скромност и срам повеќе ми остава впечаток на егоист и самобендисан. А од таквите бегам подалеку.
Благодетот на National Geogrphic, премиера на Free Solo( 2018 ) priceless https://www.imdb.com/title/tt7775622/videoplayer/vi2849487385?ref_=tt_ov_vi
Душата боли и срцето се кине кога странец дава се од себе да те спаси,да ти помогне,а оној кој ти е крв не мрда ни прст.