За првпат откако се собира ддв имам собрано толку мала сума и сеа сфатив кај уствари сите пари сум ги трошела. Да не се кафичите и бутиците билионер ќе станев. Али па ми фали шопинг и пиење кафе у кафич, така да, не мора да сум билионер, ќе си се вратам на трошењето.
Моментот кога на другарка ти ќе и пишеш "Ajse mori" место "Ajde mori" Спојлер Disclaimer: Си викаме мори онака од што ни е смешно. Не дека е во прашање некое вреѓање или слично
На јутјуб рока лајв концерт на Аца Лукас. Ја, разгаќена, си цупкам у место, се шљапам со млеко за самопотемнување и молам бога да не ми остане наранџасто меѓу прсти. Сакам да сум у Белград моментално! Пу!
- Како иде образованието за време на Корона? - Електронски нејќат да пратат дел што е за испит, за да сме си купеле оригинал од книжара на факсот. Тоа е се што треба да се знае за Македонија и нејзиниот образовен систем.
Поминаа околу 15 години од најлошиот период за мене. Кога не можеш да споделиш емоции со никого; кога одговорот секогаш е не се жали, има луѓе што поминуваат низ полошо; кога наместо помош и заштита добиваш само критики; кога ти кажуваат дека е само некоја фаза, а се уште трае; кога се чувствуваш дека си ништо повеќе од товар за сите и најдобро би било само да исчезнеш за да не ги замараш. Среќна околност е што сум кукавица. Но и кукавиците имаат момент на храброст, кога ќе решат дека е доста и време е засекогаш да стават крај на болката. Последна мисла пред да се наголтам со апчиња ми беше дека некој ќе ме најде така на земја. За прв пат престанав да бидам себична и да помислам како би им било на другите кои ги сакам потоа. Тогаш сфатив дека болката нема да престане со мене, туку само ќе се пренесе на сите останати околу мене. Решив си дадам уште еден ден, да пробам да го издржам. Кога помина тој, решив да се обидам уште за еден. Ден по ден стана недела, месец, година...Мотивација наоѓав во секакви ситници. Од 15 минутна прошетка, нова епизода на серија, ептен погодено кафе, до уште едно излегување со друштво, уште една интеракција со симпатија, уште еден ден каде си успеала да насмееш некого. Почнав да ги ценам ситниците кои ги имам, а кои не би се случиле да се решам за алтернативата. Од друга страна престанав да ги споделувам проблемите и емоциите. Прочитав мал милион психолошки написи кои ми помогнаа да ги разберам луѓето, а најбитно да разберам дека само јас можам да си помогнам. После неколку години мислите не поминаа, ама знаев дека ќе останат само мисли. Многу работи се случуваат за неколку години и човек поминува низ многу искуства. Постепено почнав да работам на себе си, да пробам да го сменам начинот на размислување и гледање на животот. Не престанаа ниту причините за мислите, никогаш нема ни да престанат. Не живеам веќе ден за ден, но не гледам ниту многу далеку во иднината. Конечно почнав да се учам да живеам без очекувања, кои повеќе беа туѓи одколку мои. Животот не го гледам како калап во кој мора да остварам цел 1, 2, 3. Секогаш ќе се обидувам, но знам дека за ништо нема гаранција и ако не успеам е во ред. Откако почнав да се откажувам од очекувањата, животот ми стана подобар. Разочарав можеби многу луѓе и жал ми е, ама не гледам друга опција. Всушност ми се остварија и некои од најголемите желби, запознав нови прекрасни луѓе и почнав да ги ценам најблиските кои знам дека ме сакаат на нивен начин. Искрено, ми беше многу страв да го напишам и споделам ова. Волку во цел живот немам споделено со никого. Едноставно страв ми е да се отворам на било кој, ниту знам како. За мене ја измислиле поговорката "Сакам кажам, не знам речам". Го споделувам бидејќи волку лошо не сум се чувствувала одамна и ми треба некаде да се искажам за самомотивација и се надевам дека можеби ќе мотивирам некој да продолжи понатаму, иако не им се живее веќе. Побарајте помош кога ви е тешко. Нека не ви е многу гајле што мислат другите за вас и што очекуваат. Ако немате никој, секогаш можете да се потпрете на самите себе. Посилни сте од што мислите, само пробајте ден по ден.
Многу ме нервира типот од леле каква чанта купил некој па колку многу пари била, па ајфон имала најнов модел, па не знам шо Зарем само околу тоа на некои му се врти животот Тажно. Имај си шо сакаш, зошто потреба да ми кажуваш, демек се фалам Ако тоа некои луѓе ги исполнува, браво. Мене ни кафичи ми фалат, ни ресторани. Ни пак ми е нешто дека не сум била на шопинг од пред коронава, освен нешто неопходно. Жива сум еве не умрев. Договорот ми помина, требаше да земам нов мобилен, не зедов, зошто кога ми е скроз здрав, ми служи, не сакав да земам. За да го сликам по фб, инста, ааа нов мобилен, поглупо амин На мајка ми и реков таа да си земи, да си има поубав. Можам да опстојам без такви работи подолго време, не ми се тие приритет во животот. И среќна сум шо е така.
И најсилните понекогаш имаат потреба од поддршка. Оние што секогаш носат насмевка на лицето и ги охрабруваат другите, често имаат тажни очи. И тажна приказна што ги научила да бидат толку силни.
Во каков свет живеам.. Никој не знае да цени и сака, а се жалат немало љубов.Има ама љубовта сака емоции, а не забава.Само кој да го сфати тоа.
Спојлер Ја читам мислава и сфаќам колку ми се изменува сликата за личноста кога начинот на размислување е сосема неприфатлив, а уште повеќе кога тоа се отсликува и на однесувањето. Потребата да се дел од општеството, прифатени, интегрирани, многу луѓе сметаат дека може да се реши само со она што е видливо надворешно. Денес имајќи ги сите ресурси за учење, надоградба и секојденвно „растење“, жалосно е што некои се се' уште во лавиринтот на сопствениот егоизам кој не дозволува ниту чекор подалеку од сопствените убедувања.
Вака не сум се смеела долго време. Ако сакаш внимание отвараш тема за бременост и во деталниот опис пишуваш дека си забременила од марамче. Џабе се мачиме природно,тоа е лекот.
Денеска исполнив едно мало, но значајно чекорче кон остварување на една моја огромна желба. Можеби и коцките се наредија, можеби навистина е до волјата и желбата, но не изостана и напорната работа од моја страна. Не е целосно, но е значајно.
Како шо викаат, дека ако сакаш нешто да дознаеш за некој маж, види првин каква жена има покрај него, па се ќе ти биди јасно. Исто и со, ако сакаш да дознаеш нешто за некој човек, види каков речник користи и колку го почитува другото размислување т.е не го почитува.
Откако сум тетка на две мали ангелчиња, на компјутерот и мобилниот на позадина се само од нив имам слики, вчера на компјутер после 100 години ставив слика од мене, и внук ми кога го пушти се натажи зошто сум ја сменила сликата па ајде повторно ставив слика од нив двајца заедно, ама пред тоа за да го утешам му покажав дека на мобилен сеуште ми стојат тие #ЉубиГиТетка
Сакам да кажам дека и мене не може да ми се погоди. Прво сакав малку сонце, па малку студ, сега не можам да се стоплам и барам повторно сонце. Мачоров е до мене, лепотанов спие, лутал цела ноќ и сега утепан е за лежење. Убав ден е ова.
Луѓе со години патат од срцеви заболувања.Долго време се на листата за трансплантација и чекаат. Ни доктори,ни политичари до сега не рекоа дека ќе направат нешто за да се обезбедат средства и да се изменат закони за да може кадаверична трансплантација да стане нешто регулирано и common practice во државава. Ама,за избори први се. Многу сјајно!
Толку многу се навикнав на мирот во коронскиов карантин, ептен убаво ми дојде на душичката што не морав да трпам сечие его и докажување, сечие паметување Ама јебига, лека полека ќе мора да се враќаме на секојдневието во овој тажен и лажен свет