Јас во коронскиов карантински период се навикнав на тишината. После 7 часот, знаев да излезам на тераса со какаото во рака и да уживам во мирот и тишината. Се што се слушаше беше песната на птицитe, славејчињата. Сега еве морав до 3 часот да чекам за да прекине буката од возила, мотори и дерењето. Ми фали некако таа поврзаност со природата и спокојот кој ја нуди истата. Сега знам какво богатство го имаат оние што живеат надвор од овој урбан хаос.
Ќе ми фали и на мене тишината и мирот, особено сега кога ќе почнат со избори и изборни кампањи и масовно замарање на народ.
Во отворите од станот каде што ни влегува воздух ни се населиле врапчиња,направиле гнездо. Сега чекаме утрата да ни бидат исполнети со црцорења.
*10 дена пред почетокот на испитната сесија за која распоред уште нема* Студентите: Барем од 15ти да е сесијата, немаме распоред, не е убаво вака. Професорите: Треба на одмор да идеме, дај не замарајте, терминот у Грчка за вас да го пропуштиме?!
Некаде прочитав дека во светот постои глад за сиромашните, бидејќи не можеме да ги донахраниме богатите, и колку е само точно и сурово! А уште пак, иронично е што, сите тие себични егоисти што трупаат богатство за да не бидат "гладни за луксуз", тие се гладни за љубов. Ама што знаеме ние смртниците, тие се водат по тоа дека подобро е да плачеш во ферари отколку во фичо, подобро е да плачеш во вила покрај море, отколку во колиба...океј
Искрено, некогаш ми се гади од тоа со какви луѓе дволични сум опкружена. Па и тие, ќе се здружат, ќе се скараат и ќе си зборуваат зад грб и утрото повторно ги гледаш заедно, е од тие цревата ми се превртуваат, па кога ќе останат сами, си им златна резерва. Среќа па одамна ги научив кои се тие и ги избришав. Во мојот живот нема место за лицемерие.
Колку помалку луѓе имам во животов, толку подобро ми е. Оти, помалку драма, помалку глупости, помалку замарање. Само оние што навистина ми се потребни.
За пофалба ми се луѓето кои имаат самоконтрола да изедат само еден ред чоколадо, и остатокот да го тргнат настрана Јас не знам така да правам, отворам и 100-200 грама ги јадам во еден здив
Она кога ги тешиш другарките за истите работи кои и тебе те мачат. Али полесно е кога на друг му даваш мотивација и поддршка, уште према себеси да бев таква и се ќе беше таман.
Сакам да дознам информација дека сигурно ке се отвора границиве до средина на месецот и да си дојдам дома. Сакам дома, сакам да си дојдам, аман веќе. Сакам дома!!!!!!
SpaceX во соработка со НАСА испратија двајца луѓе на меѓународната вселенска станица, додека кај нас протестираат против корона, 5Џи и Бил ГејЦ со знамињата на Кутлеш. И тоа е отприлика она што треба да го знаете за да сфатите колку сме назад од нормалниот свет и колку многу неедуцирано население имаме. Македонија, вечна.
Звукот на тишината знае да биде силен и продорен. И отсуството на порака е порака... и кога телефонот молчи, тоа е јасен знак.
Ако имаат потреба ќе пишат, ако не, нигде ги нема. Јас сум глупа што одамна не ставив крај на нивните детски глупости.