Си седам во креветот, надвор шо убаво си врни....слушам кај шо паѓаат капките Книга до мене и една чаша црвено вино. И спокој.
Топла јунска вечер со мирис на липи, омиленото кафуле, гласни луѓе, насмеани... Тоа се тие мали, но есенцијални задоволства што ги имав подзаборавено... Прекрасно си поминав вечерва
Во главата имам еден огромен хаос. Час едно мислам, час друго. Не знам ни самата што сакам веќе, а што не. Ќе полудам значи. Не можам никој да трпам, сите ми пречат, најдобро ми е кога сум сама.. Многу лошо се чувствувам а нема никој кој би можел да ме разбере. Преку глава ми е од викотници секој ден, не можам да издржам веќе. Одамна ми е сеедно, дали ќе го преживееме ова или не.
Месечината ми ѕирка низ ролетните на прозорот и ја фрла нејзината светлина баш на ова место каде што ми е креветот. Како да сака да ми кажи нешто. Нешто како дека сѐ ќе биди океј. Ми дава некаква утеха таа светлина. Месечината е пријател кој на секого му е потребен. Доцна во ноќта, во тишината, кога чувствата знаат најсилно да врескаат. Кога сето она што си го собирала цел ден излегува на површина. Единствено таа е тука да нѐ слушни. Без никаква осуда. Без никакво мудрување. Како да ме разбира. И таа е сама во ноќта. Сосема сама, а сепак свети силно. Поминува низ фази на празнина, на темнина, но пак знае да свети силно. Така и ние луѓето. Ни треба да поминуваме фази на празнина за на крај да се осеќаме целосни.
Ме убедуваа дека си страст ,им верував.Ми кажаа ќе те заборавам ,не успеав.Решив да те пуштам ,но љубов си и затоа не поминуваш.
Зошто некои луѓе во темиве коментираат и напаѓаат само за да направат некој глупав ОК, не сте најпаметни и не можете да напаѓате само затоа што имате други проблеми во животот. Да сум модератор сите што еднаш ќе навредат би ги банирала трајно.Мислам дека многу подобар ќе е форумов без такви уништувачи на забави.
Сè повеќе и повеќе луѓе умираат,а тие и понатаму запнуваат за погубно сценарио. Постои право на живот пропишано во Уставот,постојат членови во Кривичниот Законик според кои намерното ширење епидемија е казниво,ама кога брига... Врие од себичност и злоба. Бог да чува од таков народ!
Она кога некој толку те поддржува и верува во тебе што сама почнуваш да си веруваш во себе и да добиваш мотивација за поголем успех. Држете блиску вакви луѓе ако имате и ценете си ги најмногу.
Денес ми се јави една другарка за да ми побара услуга. Другарка која ме извиси во најлошиот период од мојот живот. Всушност "другарка" со која делевме леб, алишта, личност со која израснав. Во моментов имав флешбек од моментите кога и барав помош а таа игнорираше, се друго и беше поважно освен јас, сите останати кои и збореа зад грб и беа поважни а јас секогаш трчав да и помогнам, не барајќи ништо за возврат, но тогаш ми беше потребна, да знам дека не сум сама. Ја одбив, конечно научив да кажувам НЕ. Не дека не можев, туку не сакам, и повторно ќе го сторам тоа. Со текот на времето се учиме кои луѓе се вистинските, научив многу периодов, фала му на животот за лекциите. Фала и на луѓето кои се обидоа да влезат во мојот живот и го тепаа времето со мене, си знаат тие кои се. Благодарение на нив денес сум посилна и знам да се одбранам. Можеби сум злобна на моменти но нема ништо лошо во тоа што сакам да се заштитам. И сега сум сама, се навикнав, no big deal.