Ти фали некој, а не можиш да сториш ништо за да си поблиску или да пишиш едноставна порака. Барем некаква порака да пишев. Или сум ептен храбра, или како кукавица се кријам, there is no in between. Ќе седам така само и ќе мислам како ми фали.
Си седам така, си слушам музика и ми се пушти една песна и ми текна на една брука од пред 3 години. Секогаш скоро ми е телефонот на нечујно ама тогаш чекав карго да ме бара за нешо шо требаше да ми стигне, па да не пропуштам да се договорам. Песнава да ми била ставена на рингтон ама ја скроз сум изумила зошто долго на нечујно ми беше телефонот. И така одеднаш на час кога почна да си ѕвони телефонот take off your clothes... don't be so shy... Кога заѕвони не помислив дека е мојот ама за брзо ми текна и го исклучив. Сите умреа од смеење, а мене ми се пропаѓаше у земја... Ретко се брукам ама кога се брукам асално го правам тоа. И така мозокот ми вади зини земјо голтни ме моменти у 3 по полноќ, место ко нормален човек да си легнам... Ама барем сега и мене ми е смешно.
Седам на тереаса, си кулирам со пиво, во тишина. Мачката на мене спие, бебињата мали си играат околу мене. А јас чуствувам мир и среќа
До прееска пукаше сонце,се дотерав ајде ќе идеме на кафе. Се комплет. На враќање едвај се довлечкав дома. Еве го облачно, свежо и глава ми пука.
Стереотипиве у општеството и стравот од нив е огромен. Збориме со едно другарче со кое учиме иста струка, ист факс, целата разлика е УГД и УКИМ. Ништо посебно според мене. Дипломата е истата, називот после дипломирање исто така ист. Не гледам разлика. Цело време ми се дообјаснува како ист бил материјалот како кај нас, не било лесно, презапишал предмет од лани, многу било строго, исто било ко во Скопје, исти предмети сме имале. Прво мислев да не изреагирам никако ама му кажав дека нема потреба вака да се правда и да ми кажува, јас исто ги гледам и моите колеги од мој факс и тие од негов, нема ништо лесно, сите сме исти, голема работа дали било на УГД или УКИМ, исти нервози секаде. Уште ми вика една од ретките си што мислиш вака, обично се не потценуваат, па затоа некако и изгледа одбранбен механизам ми станало, извини, не ми текна дека те знам одамна и дека не си од тие ама некако навика ми станала, несвесно. Значи да ти се плукнам у глупостиве у Македонија. Толку малку народ сме и пак се натпреваруваме кое било подобро, кое било полошо и така за се само за да некој се издигне на пиедестал. Аман. Нејќам да сум дел од вакво општество.
СДК за одлука на ТВ Мрежа во САД... Најмиле тип за да игра во серија пред 3 години и тогаш не ги погледнале неговите твитови од претходните години. Сега се исподесија лоши нешта во САД и сега им текна да го отпуштат оти некој ги извадил старите твитови на типот на виделина.Твитовите не се ни такви какви што ги опишуваат,туку се лош хумор.Стари твитови направени пред најмувањето не се валидна причина за отказ. Ама кој да сфати правилно...Челниците си одлучиле по нивно,изгледа. А,ете,можеле привремено да го суспендираат без плата. Типот се извини.Се кае. Типот веќе 5 години нема кажано и пишано такви работи какви што имаше во тие стари твитови. Луѓето се менуваат.Кога некој се сменил на подобро,заслужува втора шанса. Не е во ред некому да му го газиш уставното право на работа поради негова грешка во изразување во минатото.Ваквата постапка се коси со уставот и со демократијата!
Кога подготовката за физичкиот изглед е крунисана со парфем како и во вообичаена "процедура" знаеш дека работата од дома во пандемиски услови не е посилна од егото и личните манири. Видео конференцијата не ги препознава мирисните ноти, ама самодовербата зрачи и без признание.
Како може луѓето да се вакви, не ги можам... Сечи дрва, уништувај зеленило, само гради, гради, гради кај ќе стигнеш... Фрлај ѓубре, во трева, во вода... Нема поголем штетник од човекот, дали воопшто се свесни дека и сами на себе си наштетуваат, дали воопшто мислат што прават и кон што води тоа? Ќе ви го возврати природата ударот...
Што сум му згрешила на светот за цел ден во глава да ми се мота песнана на Џани "отишла си, е па нека и туга је за човека"...
Секoгaш се трудaм дa бидaм пoзитивен, дa нaдвлaдеaт пoзитивните нaд негaтивните чувствa, дa се зaземе пoзитивен или негaтивен стaв тoa зa среќa е нaш избoр. Се беше вo мoјa мoќ, се дур тaa лaжнa пoзитивнoст и aфирмaции не се урнaт кaкo кулa oд кaрти, тoгaш се пoтсетувaм декa мoќтa е вo мoзoкoт, oвoј лoш ден дa ми служи зa лекцијa, пoтиснaтите негaтивнoсти и чувствa секoгaш стигaaт нa вистинскa aдресa. The biggest obstacle you will ever have to overcome is your mind. If you can overcome that, you can overcome anything.
Ќе си речеш да повежбаш барем 15тина минути зашто според план ти е ден за одмор ама не ти е денот ако не се размрдаш. И ќе најдеш кратко планче со вежби што траат токму 15 минути и на крај пак си жива вода од само 15 минути. Ама чувството пак е неверојатно
Никогаш не се потсмевајте на човек во неволја,зашто незнаете што утре вас ве чека. Животот е бумеранг,све се враќа,све се плаќа.
Секој ден читам за самоубиства, обид за самоубиства поради илјадници проблеми, нарушена психа и остало. Некогаш индиректно, некогаш директно бараат помош и најчесто се игнорирани со изговор - Ајде, ништо не ти е, не глуми а му е срам и страв да посети стручно лице поради глупиот менталитет - што ќе рекле луѓето? Зар човек треба да посегне по животот да биде сериозно сфатен? И откако ќе го нема човекот сите се - Оти бе брат не кажа, ќе ти помогнавме, добар човек беше. Всушност, кога последен пат сте прашале некој како е, дали му е нешто потребно, дали се чувствува добро или од себичлук подалеку од својот нос не гледате? Запрепастена сум од некои работи.
Кога по 3 пат ќе го сменат распоредот за испитна и се ќе напикаат да се полага без ден растојание, а ти не си ги пријавил, спремал и планирал така испитите. Да, вирусот за 10 дена магично ќе го снема, супер идеја е да поместите испит за 10 дена 5 до 12. Само продолжете така.
Почина моја познаничка. Млада...на 35 години. Прекрасна жена. Секогаш позитивна. Остави зад себе ќеркичка и синче, сопруг. Уште кога разбрав ми се навратија спомени кога почина мајка ми. И она остави две мали дечиња. Знам како е да гледаш како некој твој близок се мачи со болеста. Зошто животе си толку суров? Зошто оставаш дечиња уште од мали да страдаат? Почивај во мир И
На другарка ми и ги хакнале профилите на инста и фб. И тоа немаше ни појше од 300 пријатели и следачи, боже господе, за што ќе им се еве не знам. Не разбирам што е со луѓево, не е болест се што боли.