Во основно: Татко ми: Дојди да вежбаш со мене задачи математика за тест, а и работнава да ја решаваме. Јас: Кад че овај терор престати? На факс: Ја: Тато, ќе го земам практикумот хемија и сега сите типови задачи со тебе сакам да ги вежбам, ај ти знаеш ова. Татко ми: И на факсови отидовте и џабе, теророт не престанува, ќе одморам ли ко човек без да ме терате да учам со вас, океј ај дојди, ќе решаваме...
Колку само некогаш луѓево немет граници, ја прелиле цела чаша, па уште дотурват и дотурват. Епа сам си ја прели чашата.
Чувството кога чекаш порака...што веќе не си сигурна дали ќе стигни. А требаше... Why am I like this..
Она кога ќе слушнеш по 800ти пат муабет од луѓе дека со најдобриот другар сигурно одреден период си била у врска иначе машко женско зошто толку би биле блиски. Убаво, луѓето ми ги знаат и бившите за кои ја не знам дека ми се бивши. Цел ден умрев од смеење, која трагикомедија од луѓе...
Секогаш ќе ми пречат претерано гласни и наметливи луѓе што немаат обзир за туѓата приватност и времето за одмор.
Кои ме нервираат најмногу периодов? Луѓе кои не веруваат дека е реален вирусов. Луѓе кои го нарекуваат вирусов „вирусче“ небаре е обична настинка што проаѓа за 3-4 дена и без последици,а не високо смртоносен вирус. Луѓе кои не почитуваат мерки. Луѓе кои се собираат во групи од 3-23-53-103 лица наместо да слават дома само со тие со кои живеат. Луѓе кои мислат дека само лица со коморбидитети умираат и ги мрзи да прогуглаат и да прочитаат дека вирусов убил и убива и луѓе кои биле здрави. Луѓе кои не сфаќаат дека не поминуваат сите заразени исто. Сето ова не чини. Ајде пак... Вирусот е пиштолот,ама луѓето се чкрапалото. Болниците требаше да почнат со нормална работа.Но,не бидна. Се преполнуваат. И медицинскиот персонал се испозарази. Пример за ова е ГОБ-8-СЕПТЕМВРИ. Здравството тоне поради несовесни. Кој ќе ги лечи болните од вирусов,кој ќе ги лечи болните од друго? И така немаше доволно медицински персонал,а сега со ова... Па,и тие се луѓе со семејства,бре... Како може некои луѓе да се толку бесчувствителни? За кого борците ја ослободија земјава? И гневна и бесна сум. До кога ќе тераат вака,до кога?
Кога ќе научам строгите критериуми кон себе да ги заменам со флексибилност што ја применувам кон другите ќе кажам дека сум се променила како што гласно се самокритикувам дека не сум добра за себе. Животот е убав, но не го познавам спонтано поубав...
Кога ќе ми текне дека ајфонот го платив кеш 1450 евра, тогаш и 450 евра за новчаник можам да искеширам. Зборот ми е има се,може се
За ајфонот вреди @buba4e89 да се инвестира и јас само ајфони купувам колекционерка,инаку да ти се пофалам си купив Apple watch serija 5 44mm Прекрасен е ти го препорачувам.
3 дена пред испитна: *сме земале со дм на 8 ball pool да играме билјард и у рок од 2-3 дена преку 100 партии сме изиграле*
Преѓеска и го дадов подарокот на другарка ми. Како креативно го направив и многу убаво ми го спакуваа. Колку беше радосна само Со каква среќа и изненадување ја читаше секој порака.... Ме изнагушка, не знам колку пати. Ми кажа таков подарок до сега немала добиено, ќе се расплачеше. Ми иди сликата сега, преѓеска колку само беше среќна....ме намовна. Јас само ја гледав, не знаев како да реагирам поинаку, само гледав, колку среќа е во малите нешта.
Секогаш кога ќе помислам дека многу бавно извршувам некоја работа или дека бавно се движам кон целта, се сеќавам на аналогијата со желката и зајакот. Зборот ми е, додека сум упорна, добро е
Ако не славел матура заради околностиве, тоа не значи дека не е матурант, не значи дека не треба да му честитате. Ќе ви одземе само неколку секунди да напишете, а нему ќе му значи. Заборавивте како мајка ми се радуваше за вас, да одамна беше, он е најмал меѓу нас, и жално е што го заборавивте. Ех, роднини...
Сакам да кажам дека сум уморна од се. Толку уморна шо немам веќе ни ентузијазам да залепам еден линк. Зато еве го сега. Се тешам дека е период, настинав и сега само со Пес во близина шетам со маска да не фатам шо не треба кога ми е паднат имунитетот. Ама со тој атер земав и заменска терапија за желудник така да ... #јеј? Кога ќе сум ентузијастична дефинитивно ќе пишам за темава. Ако сум ентузијастична. Не се знај веќе. Туку линко. Текст I Инстаграм Тудлс.
Туку сум приметила едно растројство на база на психа. Играм игра на фб (лудо) и секој пат кога ќе изгубам спротивникот од другата страна добива моќ на успех,се смее и неприкинато го пушта тоа смајлито што се смее. Добива чувство на Бог и мисли дека е многу убав потег. Додека јас кога победувам ретко да пратам смајли оти сметам дека е игра. Подобро да пратиш well played отколку смешно смајли. Исто играв со познаник кој многу му е битно колку милион има во лудо и да е секогаш на прво место. Се согласив ајде чисто од забава, ме победи и ми рече слабак сум била. Ме замисли чекај што зборуваш бе!? Си размислувам дали за нешто треба да се борам во овој случај за обична игра? Дали ме прави тоа над луѓето ако победам во игра и притоа омаловажам некој. Знаете подобро е да се каже “немаш среќа денес” или “нареден пат можеш подобро” отколку да го згазнеш да кажеш “слабак си”. Каква врска има ова со психата? Одговорот е едноставен - некои работи прават човекот да се чувствува мал,а тие работи да бидат поттикнати од некој друг. Затоа подобро е подршка отколку да му се набројуваат неуспесите со сосема безначајни нешта.
Македонски образовен систем in a nutshell: Во основно: повеќе ќе учите за тоа у средно. Во средно: повеќе за тоа ќе учите на факс кој ќе си се насочи кон такви струки. На факс: Ова треба да се знае од средно и основно, тука ова не го учиме. Е ај договорете се меѓу себе, па после предавајте.
Не сфаќам зошто има луѓе што ме аднуваат кратко откога ќе им лајкнам рандом коментар на објава, статија, што и да е, на фејсбук.
Не знам дали е до мене ама обожавам природни веѓи, природни нокти, природна коса, природни заби, природни усни итн... Не дека не се убави и вештачките нокти на пример, туку секогаш повеќе се восхитувам на нешто природно и не толку совршено, а сепак негувано и одржувано. За мене секогаш природното ќе е поубаво од “совршеното“ кое што е правено.
Веќе поминаа 4 месеци откако раскрстив со нашето пријателство и ти кажав дека не сакам такви луѓе како тебе, и сега шо не ти е јасно па ми се пикаш повторно и ми се молиш дека ќе си се сменела. Епа извини ама мене ми е многу полесно откако те снема од мојот живот така да ова се што го правиш ти е за џабе. Од една страна сум ти благодарна дека заради тебе научив како да се однесувам со луѓето како тебе ако ми се појават такви во иднина.