Многу зафркнато е ко ќе не можиш да разграничиш очекувања и реалност. Исто и зборови само кажани од дејства преземени во врска со тоа. Јер овие секогаш се разликуваат. Ќе леташ во облаци додека реалноста не те тресни од земја. И после ќе боли, а како да не боли? Престани да се надеваш повеќе, си ја проба шансата, не беше тоа тоа. Ама ако...за ум е ова. Ептен глупаво се чувствувам, најглупаво на цел свет. Не сакам веќе да постојам.
Секогаш неколку саата пред полагање мора да ми се гади, глава да ме боли, да не можам да заспијам... Why am I like this?
@buba4e89 Да те надополнам. Најчесто си играм со еден другар и не се 'туркаме' односно ако пример имаме поќе пиунчиња, тогаш не се туркаме, одбираме друго. А, ако нема опција, останиме со едно, тогаш се туркаме. Еднаш игравме со еден друг другар, тројцата. Тој ко почна, а бе и да имаше пиунчиња други за инает ќе не испотуркаше и ни се потсмеваше. И такви злобни смајли ни праќаше и ми велеше особено мене ' леле не знаеш да играш, едвај една партија тепа'. И тоа мислиш, зрел, по 30 години имаме. Заклучок : НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ навистина ни покажува карактерот. Тоа го сфаќам како да му ја туркаш среќата на друг а имаш твои уште 3 среќи што треба да ги штитиш. Алчен си да имаш што повеќе. Најчесто сум за фер плеј. И моето не чини можи. Себичност, желба за власт, егоизам,психоза. Докажување дека си' господар ' на нешто. Реков, може и јас премногу сензитивна сум за обична игра, и стварно се лутам ако вакви особи ко другаров ме турнат.
Полагање колоквиум за колоквиум од 9 до 14ч со минимални паузи. Супер, хемороиди ќе фатиме од седење пред компјутер полагајќи 5 теста одеднаш. Али ај само да положам, па нека... И онака ми се погодија прашањата. Друго шо приметив, дочека чекам да почне тестот времето проаѓа ептен споро. Е, вака да проаѓаше и времето дур решавам тест... Ај, да си напраам кафе и да се спремам за следниот тест. Wish me luck.
Колку само можеш да дознаеш за една личност по нејзини коментари и по начинот на кој се изразува. Ми излезе на фб една објава сега и коментари. Има луѓе не се свесни колку се несреќни, патат од комплекси, а мислат дека се исмејуваат на други.Не знаат дека преку тоа шо го пишуваат, многу кажува за нив.
Кога ви треба помош - тука сум, па и повеќе од што треба. Кога мене ми треба помош - ај што не сте тука ама и цела приказна ќе ја превртите некако за пак за вас да се збори. Преку глава ми е веќе.
Ми се темни од луѓе кои се прават од скромни, поскромни, а дај им власт на еден ден уште во првата минута ќе те распнат на крстот.
Сега ме фати напиздитис, ме држи веќе неколку часа. Егото у мене се бори да излезе на површина, да владее малиот сака, да доуништи тоа што се гради веќе. Свесност!!!!!! каде си:??????????????
Колку многу тажни луѓе постојат на светов... Не бидете тажни... не сте сами. Никогаш не сте сами. Има еден куп кои се спремни да ви помогнат. ... можеби само сеуште не сте ги нашле
Сакам да кажам дека станав во 4 и пол. Имав mental breakdown до 7. Сега свежа можам да си го почнам утрото. Добро утро.
Сакам да прашам колку од нас не има заробени со куќни обврски и деца по цел ден и на крај сме си криви пак за се? Ајде по еден на статусот доколку сте една од.. НАС
За неκои нешта ме боли вистината, κолκу и да не се битни. Љубомоρата κаκо особина, често пати ја пρепознавам κај себе, κолκу и да сум убава.
Супер е ова со партиските рамки на фб на профилна. А видам профилна со партија одма да бришам Thanks fb.
СДК1 Нема полоши од тоталитаристи што се преправаат дека се либерали.Зборат за еднаквост,а цело време плукаат по неистомисленици.Толеранцијата е една од одликите на либерализмот.Без неа нема либерализам. СДК2 Некои лица први се да кажат дека други се збирале на прослави и ради тие се шири вирусов,ама кога човек ги критикува оти нејќат да се тестираат и да седат во самоизолација/карантин,се бунат небаре ги коле некој. Заклучок... Вриело од Хитлеристи во Северџанијава,ама кој да ти знаел...