Нема нешто кое повеќе ме опушта и ми редуцира стрес од возење велосипед. Особено периодов. Слушалки, радио, пријатни временски услови и вртење на педалите во слободен ритам. Денот може да започне.
Сакам да кажам дека стравот у коски ми е навлезен. Периодот кој ми претстои е мошне тежок и комплициран, нова држава, нови луѓе, старо-нова работа и комплетно нова јас. Тука затворив се’ што ме влечеше надолу и што можеше да ме врати назад. Се плашам всушност и од самата себе. Се надевам дека ќе бидам посреќна во новите услови. Мислам дека заслужувам малку сончев зрак после сите облаци годинава.
Леле, како ме потресе другарка ми од сабајле, мини срцев удар. Ја уште поспана, ми се јавува да ми каже у амфи дека полагала и океј поминала, едвај 10 души се појавиле, ова она. Кога испаничив, да не сум заборавила дека полагаме нешто, кога што, како, ми се изнасмеа и вика "у јануарска ти положи ова ма, спиј си на раат". Е, значи зошто ставаат у сабота полагања, викенд ми пореметија посабајлечки.
Денеска беше убав ден. Добив прекрасна вест со која направив и моите блиски да се гордеат со мене... А да не зборувам па јас колку сум среќна и задоволна што ми се оствари ова... Поточно, што јас го остварив, со свој труд Навидум, не е ништо големо, но за мене значи многу. Подигнување на самодовербата и мотивацијата во овие не толку сјајни времиња.
СДК дека преубаво е чуството кога се наоѓаш во слична ситуција во која пред месеци ќе си се чуствувал ужасно, а денес е шанса да се научат грешките и поправат. Видливо растење, too excited
*сум си легнала малце да одморам у дневна и си слушам музика дур си глеам видеа за шминкање на инста* Мајка ми: не полагаш услови за втора неделава? Ја: Да, 2 и тоа, ништо страшно само збирно 400тина страници е, ќе повторам малку попосле, утре полагам едно делче, нешто ситно е. Мајка ми: Јас дремев врз книгине 24/7, јадев врз книга, не спиев пред испит, вие какви студенти сте денеска, само 400стр биле, е мрза денеска светска сте значи, како спокојно седиш вака неколку саата пред полагање... Туку добро ај да не сакаш цедевита да ти напраам, не се мачи одмарај си ти, пред испит треба одморена да си, уживај. Every Balkan mom ever...
Сакам да кажам дека вчера го објавив текстов и решив дур сликичките да ги сменам АМА добив неколку пораки за текстот во поглед ... зошто? Зошто изостави ова? Зошто вклучи она? Зошто мислиш дека нешто ќе се смени? И ќе напишам само за последното прашање. „Нема ништо да се смени“, „Џабе е се“, „Се сфаќам ама ...“ итн. Ако не збораме, не само на оваа тема туку на многу други - ништо нема да се смени. Ако ќутиме и чекаме некој друг да напрај за нас - ништо нема да се смени. Ако не не интересира само зошто не е „моја“ работа - ништо нема да се смени. „Уф греота“ и никогаш пак да не зборниш - ништо нема да се смени. Јас неќам ништо да не се смени и се да остани исто. И ова, како и многу други теми, се теми кои сакам да ги зборам оти сметам дека е важно. И да, најсилна алатка е разговорот и комуникацијата ( поздрав до девојката која ми рече дека комуникацијата не е најдобар начин за комуникација). И колку поќе се збора за нешто - толку поќе луѓе се форсирани да слушнат за то нешто. Толку поќе луѓе се форсирани да размислат за то нешто. И да, го користам зборот форсира зошто некогаш мора да го кажиш нештото гласно и гласно, за да слушни и тој назад шо не слуша и неќи да слуша. За кога ќе стигни информацијата до него да не можи да ја игнорира туку да мора да ја разбери и процесира. Сега, секогаш - ally. Од денот кога знам дека хетеросексуалност не е единствена сексуалност - ally. Неќам да се повторвам со други мислења на форумот ама знам дека денес требаше да пишам за ова па затоа еве линк од вики. Секој живот е важен, сечија среќа е важна, секоја љубов е љубов. Не секој има слика прилика на нашиот живот. Ако некој не прај штета, зошто уствари не интересира како си го организира животот? Така и мислев.
СДК 1 Во ред е да имаш трема.Сите имаме. Но,тоа не ти дава право да ги вметнуваш зборовите „значи“ и „односно“ во секоја реченица,ни секоја реченица да ја кажуваш испрекинато.Ако сакаш да те разберат,треба да се потрудиш.Подобро повежбај дома неколку пати,отколку да се срамотиш пред другите. Најстрашно е кога вакво глупирање прават лица кои се некаков авторитет во општеството,како на пример полицајците.Треба да пишуваат казни и извештаи,а не знаат да се изразат. СДК2 Не знам како може припадник на малцинство во државава да си дозволи да го наметнува неговиот јазик на други лица и да менува химна.Како да заборавил дека не живее во неговата држава... Нашиве слабаци ќутат. Срамови невидени...
Кога колешка ќе ти каже што прочитала на форум и ќе те исцитира тебе и скрин ќе прати (од твое мислење) и ќе ти рече не се секирај за тој испит, ете таму така пишала една членка, немаме гајле. Не дека се кријам ама смешно ми дојде.
Се најде да коментира дека лицата со пари плаќале,а он не држеше дистанца во маркетот и застана блиску до личноста на која ѝ беше ред на каса. Е***е мажот бесрамник...
Ако е грев да посакувам туѓо, нека е. Јас посакувам да си тука, да ме гушнеш, да се изгубам во твојата цврста прегратка, да се изнаплачам како дете мало, да не ме пушташ никогаш, да ме погалиш за коса и да ме бакнеш. Засекогаш твоја.
Се замислив колку всушност човекот може да издржи болка, да биде силен однадвор а да се крши одвнатре. Колку болката може да го промени човекот, до каде е решен да оди, како би постапил, дали би се препуштил на болката или ќе се бори против неа. Одредени работи ме променија, се научив да се носам со притисок, со тежина и сум горда на тоа што можам речиси со секој проблем да се справам на мој начин. Можам да кажам дека се изборив со многу работи. Велат дека времето лечи се, јас велам дека времето е само дел од борбата и доколку сам не се потрудиш се останато пропаѓа во вода. Сега сум среќна со тоа што го имам, само едно нешто сакам, најблиските да се здрави и живи.
По 300 заболени ли на ден треба да имаме за да сфатитр дека свадби, слави, родендени, разно разни собиранки НЕ СЕ ПРАВАТ во време на пандемија. Па уште без срам не каните, ваууу роденден битната работа, да се покаже скапата торта и недокваканиот мозок на покондурените селани. Ќе ве пријавам тупави ни едни, ради такви ко вас ни се сјеба летото и животот.
Едно од многуте трагикомични нешта ми е кога личност во дискусија како силен аргумент ги користи годините или општо младоста. Животот на младите им е совршен. Немаат никакви проблеми. Ни ги боли нешто ни ги мачат некои работи психички, апсолутно никаков товар немаат. Низ муабет случајно спомнав за одреден проблем што постои години и години наназад, од детството. Ама еве денес дознав дека тоа воопшто и не е проблем, всушност, не ни постои. Зошто? - Млада си, не е ништо тоа. Да видиш ти на овие години... Секогаш младите се жалат од се'. Не виделе младите како е да работиш, не виделе младите како е да имаш одреден здравствен проблем, немале младите обврски, само во шетање им бил паметот и најголем проблем им е одлуката каде да испијат кафе денес. И така, постоењето на одредена работа што го мачи млад човек е избришано со само неколку збора: „Млад си, ништо не ти е.“ Да беше толку едноставно и совршено како што кажуваат, немаше 90% од тие безгрижни млади да се најчести посетители на болничките ходници и да 'рмбаат од утро до мрак за мизерна плата оти, нели, „млади сте, имате сила вие, можете се'. Мозокот со ништо не ви е оптеретен, сега само шетате и уживате.“ Не дека нема и лица што живеат само за да излезат на кафе со парите од мама и тато, ама жално е бре мајку му во ист кош да се ставаат сите. Колкумина сум запознала што психички се сосема пропаднати од тоа проклето негирање на постоечки проблем, што физички се исфорсирале до максимум и трпат болка што ни старец ја нема, а никој не верува, никој не признава дека е можно тоа. Не им отежнувајте дополнително барем ако веќе не сакате да подразмислите барем и една минута дека годините не се мерило за нечија сила и искуство.
Ај што маки мачам кога читам нешто на латиница, па и ако е официјален пост околу нешто не можам сериозно да го сфатам само зошто е напишано на латиница. Зошто уште не користат кирилица луѓево?