Нема ништо поубаво од чајче, што си го набрал на над 2000 м. надморска височина. Милина, полна шолја мириси. Сите сетила ми се опуштија, исто како да сум уште таму.
Овие денови сум среќна и ми е страв дека нешто лошо ќе се случи. Да.. оти сум среќна. И си легнав расплакана, оти не знам колку време помина откако сум почувствувала барем малку радост. Ми се намалија и анксиозните напади.. Имам спокој во душата.
На форумов имам сфатено дека било која дискусија да ја водиш, не вреди да напишеш повеќе од 3 поста. Како прво, ако не успееш да се искажеш во 3, нема ни во 10, ниту 20, само ќе се вртиш во круг и цитираш меѓусебно. Како второ, од дискутирање ќе се претвори во расправија на лична основа. Како трето, wasting time е толку да се замараш за небитни работи како форум. Треба 3 цитирања да се воведе како лимит. Го прекорачи ли некој свето тројствено цитирање, одма предупредувачка порака да му стига дека треба да одмори малку. Само овака ќе се дигне квалитетот.
Што убаво си го почнав пивото,си пуштив музиче се опуштив ми се приспа. Ни до пола не е пивово. После долг ден убаво ми дојде,направивме план со дм за утре и сега уште да се довлечкам до кревет. Е фрлив поглед преку тараса и гледам без дожд. Е стварно треба да сум баксуз да се расипе времево кога сакам да одам на плажа. Поарно да си го допијам пивото и да си легнам.
Денешниов ден како и животов, од се по нешто. Малку сонце, малку уживање со кафенце и благо, малку повеќе дожд и грмотевици, па добра поладневна дремка и сумирано деноноќиево е при крај, па утре нов ден со нови сили. Колку е точно тврдењето дека не знаеме утрешниот ден и следниот миг што ќе ни донесат. Затоа мора да направиме што сме во состојба да направиме и го искористиме секој ден за нешто ново. Кога размислувам вака понекогаш ме фаќа чувство на вина за сите пропаднати денови кога сум немала сила да мрднам од кревет, а денот бил најубав можен и си имам ветено себе колку и да ми е тешко и измешано се, морам, морам да се покренам и направам барем едно нешто добор за себе или некоја личност што ми значи. Одма нова енергија ми прострујува низ вениве и се осеќам пожива од кога и да било.
Плачев за дома, 4 месеца со токсична мајка ама со брат кој ми е љубов во животов колку за баланс во животов. Сакав да си дојдам, оти мислев дека таму ништо немам веќе што да барам, па последниов месец се појави тој, од нигде никаде ми влезе во животов. Не се откажа со пишување, а еднаш да не ми пишеше немаше прва да му започнам муабет, ама упорен... Д. изгуби пак, истата ситуација како пред 10г... ама тоа е, не можам да го чекам цел живот а поготово не да се одлучи за мене, со месеци го немаше да ми пише, сега касно е. Појдов до градов каде што е типов, преубави 3 дена поминавме заедно, сами, во апартман јас ваква конекција прв пат во животов осеќам, заљубена сум. Не е како другите до сега а најмалку на некој бивши да ме потсеќа. Се труди околу мене, важно му е да дојдам таму и да завршиме заедно. Другар ми пак ми е најголема поддршка за врскава дека вреди да пробам. Повторно сега влагам во една непозната но засега чиста вода... Врска на далечина почнува. Ме прашува другар ми колку сум среќна и колку навистина сакам да останам со типов, му велам, дека ке се изборам до крај за да опстанеме и двајцата со оглед дека одиме во иста насока, остатокот зависи од него. И така... Не верував дека ке најдам некој толку бргу и дека вака ке ми заврши периодов тежок. Битно ми е мотивација за побргу да завршам со дипломирањето и да средувам документи за таму.
Ми фали нешто, нешто поинакво. Не можам истата монотонија веќе, на работа па дома и така. Единствено ми дава сила кога ќе се видиме со либето. Се друго ми е исто, исто секој ден. Едноставно не можам повеќе тука. Ах
Уфф колку мразам особи што не мислат пред да кажат нешто. Не мислат што ќе предизвикаат со нивниот исказ, не мислат дали тоа што го кажуваат има смисла, дали е реално во тој момент, битно да се каже нешто. Да се излезе паметен (само пред себе). Оф како би се изнапцула сеа . Глуп народ. Дома не сум имала вакви створења, мислев не е својствено за средновечни луѓе да се однесуват полошо од тинејџери. Мислев со возраста доаѓа мудрост, одмереност, смиреност. Не бе брате, тоа само на муабет. Никад нема да бидете луѓе за пример. Уствари ќе бидете пример, што никогаш да не станам во животот. Тоа барем ми искристализиравте. Мрш. И бљак.
Спиев 12ч и станав ко друг човек до тој степен шо мразам да готвам ама денес решив ја ручек да напраам денеска. Значи спиење ми фалело ахааа...
Додека грицкам чипс и го гледам дождот како врне, низ мислите ми се врти утрешната покана за средба додека во градите ми се дува балонче од среќа и возбуда. Не знаев дека кога ќе ја најдам личноста што ме исполнува ,толку среќно и расположено ќе се чуствувам на ваков врнежлив ден.
Ми тргна со постови за чкљ ситуации, ама изгледа состојбава со карантини, вируси и чуда го вади најлошото од човека. Многу ми се смешни овие што се веќе во брак, па во секоја ситуација кога некој ќе се искаже дека има одреден проблем со здравјето, финансиски трошоци и било какви нервози и фрустрации, се дрзнуваат да речат дека дури допрва кога ќе се омажиш/ожениш те чека побетер, а сега да уживаш и да не преувеличуваш. Молчев, ама изгледа требаше да прашам зошто побогу личноста се венчала ако секој ден се жали како има расфрлани чорапи од мажот по дома, како има сметки за плаќање и немирно дете за гледање, кога апсолутно никој никогаш не рекол дека е задолжително да се стапи во брак? Не дека не сфаќаме оти, да, поголема одговорност и труд бара бракот, не е едноставно. Ама ако не си во брак по некаква си логика немаш никакви трошоци, сѐ ти е наредено, немаш обврски и живееш во луксуз? Од досегашно искуство, ваквите што кукаат колку е напорно сето ова, први на ред се за водење евиденција и и иритантно повторување како годините си поминуваат и нема што да чекаш уште.
Ја читам темана за ќотек врз дете и уште не ми влегуваат во глава некои нешта. Станува збор за ранливи битија кои вие како родители треба да ги насочувате при изградба на карактерните особини од кои им зависи однесувањето. Вие треба да сте пример за како да се справуваат со проблемите и предизвиците низ животот. Вие треба да бидете пример за како на продуктивен начин може да ја искористат енергијата со која располагаат и која очигледно на многу родители им предизвикува главоболка. Вие треба да си го познавате детето најдобро и да ги забележувате неговите интереси/хобија. Вие треба да продолжите да го сакате и кога не е најдобрата личност. Затоа што погодете што? Ниту вие не сте најдобри, ниту пак го заслужувате ако си дозволувате на било кој начин физички или емоционално да го повредите. И потоа, заслужило шлаканица? Запрашајте се првин вие што заслужувате за вашите сторени грешки како веќе изградени личности. Ако воопшто може да ви се додели таа титула.
Луѓево се стасани до степен да ти се потсмеваат зошто си пуштил машина за перење, бе. Ах, толку злобно. Како прво, сестро имаш 30 години, ако уште ја чекаш мајка ти да ти среди алиштата, ти си за потсмев и урлање. Не е само дечкото, го запозна и одма првиот месец одиш и спиеш кај него, идната ти свекрва готви и чисти а ти си одиш на гости ( сама си кажа). Кој е кабает? Е сеа, ќе се видиме, јас ко ќе сакам. За ваквите, само вака.
Сакам да кажам, независно од моменталната актуелна тема на форумот, јас се насочвам за работа со деца. Али кога ќе дојди родител да се жали дека возрасното дете не го рецка пошто го удирал по газе-- ова плескал, дека го вреѓал за глупости ( читај истурило нешто лол), дупло ќе му наплаќам.