Колку повеќе мислења читам по темине толку повеќе сфаќам дека луѓево не размислуваат пред да пишат нешто.
Уште еден ден помалку од животот, уште еден ден поблиску до смртта. Размислувајте пред да кажете или направите нешто, не реагирајте бурно на секоја вест, бидете потолерантни и секако бидете опкружени со толерантни луѓе за да не страдате. Взаемната почит и разбирање се клуч на успехот во релациите со луѓето.
Луѓето се трудат да работат за ВИЕ да ги потсмевате , можеби немаат кола или немаат плата како вашата ама подобри луѓе се од вас. Си ја гледаат својата работа и не прават лоши дела. ЗАРАБОТУВААТ за нив не за ВАС ГОСПОДИТЕ па ниту вие ниту никој друг не треба да дискутирате како тие немаат ништо во животот. А ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ВАС, ИМААТ СРЕЌА И МИРЕН ЖИВОТ. БЕДНИЦИ??? ВИЕ СТЕ ТИЕ БЕДНИЦИ.
Единствен подфорум каде се шири позитивна енергија, забава и добар е за релаксација ми е подфорумот игри. Навидум толку лабави теми, а некогаш знаат да бидат толку deep и откријат многу за личноста позади профилот. Право откровение се за мене. Уживам во дружбата таму, како на никое друго место на Фемина. Посакувам позитивата која се шири таму, да се прошири и на останатите теми, па да може секој што не сака да влегува во конфронтации да може слободно да си го искаже своето мислење. Вака не знаеш кој ќе ти влезе со клизач на твојот коментар и ќе ти го у*ере денот.
Сдк дека не можиш да ги натераш луѓето сосила да зборуваат со тебе или да те слушаат за нешто. Ако некој сака ќе го стори тоа и без да го побараш од него.
Не ми е за верување моментот дека академски граѓани не знаат да пресметаат % од нешто или просек да си пресметаат. Мислев овие работи се основно нешто што речиси нема човек што не ги знае...
Мислам дека сите луѓе имаме по некое скришно местенце каде сакаме да одиме сами. Далеку од сите и од се. Имам едно такво местенце и ми е мака што ќе го оставам и нема никогаш пак да отидам таму. Навистина ќе ми фали заедно со овој град.
Кога бев мала, се сеќавам дека секогаш кога ќе гледав во шарите на таванот си замислував убави фигури. Дел од нив беа цвеќиња, пеперутки, букви, дрвја, дури наоѓав некои што личеа на луѓе. Вечерва погледот случајно ми залета горе, повторно ги гледав истите шари, но сè што видов беа хаотично изгребани линии. Како фигурите од детството наеднаш да исчезнале. Долго ги гледав линиите, но ни една од нив не ми заличи на некоја стара фигура. Тогаш сфатив една работа... Нема да си простам што дозволив детето во мене да порасне и да го изгубам засекогаш.
Досада левел...читање љубовни проблеми на форумов од 2010 година. 14 годишна има дечко ама и се свиѓа друг, со дечкото била една година во слободна врска, а сега неколку месеци во вистинска, а со другиов дечко била претходно 7 месеци во врска. СДК кога имав јас 14 години најголемо достигнување ми беше 5ката по математика, а слободна врска не ни знаев што значи.
Вистина било она "један оде три други доџе" за се во животот. Ех, посакувам да го знаев ова пред 4-5г, тинејџерството ќе беше полесно.
Сфаќам дека косата ми е мрсна и дека ја немам измиено, а се бев договорила со другарки да излегуваме вечер, а дома имаше мајстори, правеа нешто во тоалетот и јас сеуште се чудам како го направив ова, ама од што морав да ја измијам косата, отидов во кујната, во умивалникот и пошто немаше жешка вода, со студена вода си ја измив косата и тоа за 2 минути пошто брзав за да не дојде татко ми. После тоа главата ќе ми експлодираше од болка. Значи, .
Ако стара роднина не те истолчи до крај - нема кој. Не знам само дали ѝ е до тоа што не ја есапат децата или што стварно е таква терсене. Цел ден се мавтам угоре-удолу и гледам да исправам криви дрини (демек стварно се исправаат), не бива. И си го фатив креветот од што не можев веќе, па срипав и гледам нови дешавки. Па ок си помислив, дај пак назад бар во ѕид ќе гледам и ќе лежам, отколку да се расправам на телефон. Си направив кафе, го испив насила до пола. Зажалив што се навикнав со нејзе да го пијам кафето и ко да не беше доволно си се поплукав едно квалитетно. СДК2 Ај тоа, глуп ми е муабетот "ти немаш ваучер?". Еве, дојдено ми е мене до ваучерот. Мрш. Teddy Swims го спасува денот и тоа е сѐ што треба да се памти.
Сакам да кажам дека навистина е многу тешко да се најдат вистински пријатели,ако веќе ги имате вие сте среќни. Чувајте ги.
Со години бев опкружена со лажни пријатели, знаев дека нешто не штима ама сепак останував во друштво со нив зошто бев помала и не знаев за подобро, не знам, такви беа околностите. Откако вдишав чист воздух сфатив колку бил токсичен стариот. После многу многу долго време, за краток период запознав неколку нови луѓе, сега веќе најблиски пријатели и сфатив што значи вистински пријател и навистина било среќа да ги има човек, богатство се. Кога се радувам не сум сама, имам со кого да се радувам, кога сум тажна имам со мене кој да тажи, кој да ме утеши и поддржи, секогаш се тука за мене и во 3ч навечер и во 8 сабајле наутро и плус пред нив можам да сум целосно своја. Ама доколку не бев некој период опкружена со луѓе што не се за мене, како па ќе знаев сега што сакам и кој е за мене? Се е со причина. Дефинитивно е среќа да имаш вистински пријатели и вистинска љубов, тешко се наоѓа денеска ова и е нешто незаменливо. Баш тоа го прави животот убав.
Нема баш многу што да кажам, само сакам се да биде како порано. Оваа пандемијава стварно како Малечката невеста излезе.
Одење до факс само за да однесеш хартиена пријава и да земеш потпис во индекс во 21 век. Колку сме заостанати во поглед на користење на технологијата и интернетот...
Малите нешта се среќата. Како шо седев преѓеска онака поспано ми стигнува слика од другарка ми и гледам сликана чашата шо и ја дадов за роденденот, каде шо пие кафе од неа Ии кога ја видов чашата Радости
Една од благодетите кои ми фали од карантинот се бесплатните балетски претстави на Болшои театарот. Право магично доживување беа.