Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.068
    Допаѓања:
    131.150
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе се кријат,се преправаат,ама џабе им е.
    Очите се прозорец на душата.Многу откриваат.
     
    На hermosa, RosettaStone и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Викаат, еднаш сите биле еднакви. И како што одминувале годините, легендите, приказните и митовите биле изобличувани, менувани и надоградувани за да им помогнат на мажите да ги претстават жените како злото на светот, како да ќутењето, премолчувањето и незнаењето е нешто добро, наспроти знаењето, спротивставувањето на злото и бегање од него. Учат дека понизност е добра, дека она што не го знаеш не може да те повреди, а сѐ ова е само извртена поука на нешто многу подлабоко.
    Извртувањето на митовите носи корени уште многу, многу одамна, уште од еден од најстарите митови.
    Веројатно сите ја знаете приказната за убавата Пандора, која ја чувала кутијата во кое било сето зло и имала една единствена задача, никогаш да не ја отвори. Од една страна останува прашањето, може ли секогаш да имаш нешто пред нос и да не сакаш да знаеш што е? И, делот кој сите го игнорираат, дека Пандора не била жена која не ги послушала боговите. Пандора била пратена со цел да го однесе злото на земјата, како казна за тоа што Прометеј им го вратил огнот.
    Неслучајно "поклонот" бил жена кој што боговите го создале од земја, затоа што Прометеј го предупредил Епиметеј да не прифаќа никакви поклони од Зевс. Пандора била пратена да ја отвори кутијата, тука никогаш не дошло во прашање дали смее или не, и дали ќе биде послушна, затоа што грчките богови знаеле дека желбата за знаење и љубопитноста е дарба која тие и ја дале. Сосема соодветно, името Пандора значи "сѐ-надарена".
    Но, Пандора не е ништо во однос на приказните за непослушните жени и како сосема "неслучајно" поуката од приказните е дека љубопитноста може да биде опасна, наместо тоа дека е наше право да знаеме сѐ. Веројатно повеќето сте чуле за приказната за Синобрадиот, или Крвавата одаја. Приказна за жена која се омажила за богат маж чии жени мистериозно исчезнувале, и останала да се убедува дека "можеби тој не е толку лош" затоа што бил сосема фин со нејзе. Класична врска со насилник, чист пример за правдање на насилникот. Е, целата збрка настанува кога Синобрадиот мора да го напушти дворецот и на својата сакана и дава "целосна слобода", нешто за што многу жени во насилни врски се правдаат дека го имаат. "Целосната слобода" значи дека може да прави што сака, да оди во секоја соба, само никогаш да не влегува во собата со најмалиот клуч.
    Нејзините сестри, олицетворение на сомнежот и инстинктот ја убедуваат да ја најде собата и да види што се крие зад забранетата врата. Таму ја чека цела соба прекриена со крвта на сите претходни жени на Синобрадиот и нивните коски. Во тој момент почнува да крвари и клучот, олицетворение на сознанието, идејата дека тој сепак е така зол како што зборувале сите. Крвта од клучот ги валка и нејзините фустани, доказ дека внатрешната борба се одразува и на физичкиот изглед. По враќање, насилникот секако познава дека жена му не го послушала и решава да ја убие и нејзе, по што таа ги повикува нејзините браќа, нејзината сила, да го победат насилникот. Да го тргнат од нејзиниот живот за да може таа да живее во мирот кој го заслужува.
    Поуката на целата приказна не треба да биде дека не треба да бидеме љубопитни, туку дека треба да му веруваме на инстинктот и дека не треба да се плашиме да избегаме, да се ослободиме од стегите на отровните врски. Многу подлабока и пореална приказна, затоа што поразумно е да избегаш од натрапникот отколку да останеш кај него и да се убедуваш дека не требало да ја отвориш Пандорината кутија, или скриената врата зад која се криело "злото" во врската или во бракот.
    Кога сме веќе кај митовите, легендите и преданијата, да се осврнеме и на Библијата. Жената на Лот е една од непослушните жени, оние кои избрале да погледнат кон нешто што се случува, наместо слепо да продолжат да игнорираат некоја страшна вистина. Во моментот кога погледнала кон Содом и Гомор се претворила во столб од сол. Пак доаѓале до тоа, дека некое сознание избило на површина, ја погодило до тој степен што и се одразило врз физичкиот изглед. Но, да не заборавиме, дека и жена му на Лот се ослободила од таа насилна врска, ни таа не продолжува да го следи Лот и ќерките, а со оглед на тоа како продолжува приказната понатаму, можам да си дозволам да речам дека се спасила од една банда психопати (да не заборавиме на инцестот што следува).
    И при толку приказни за "непослушни жени", како да не ја споменеме најнепослушната од сите, Ева, онаа што исто имала "неограничена слобода" да прави што сака во Еденската градина, освен да знае. Била слободна сѐ додека и биле затворени очите. Сомнежот и љубопитството, прикажани преку змијата, ја тераат Ева да дознае, да види. И пак, по шокот на тоа што го дознала, преку срамот се покажува како тоа се одразува на физичкиот изглед. И сега, наместо ослободување од стегите на предаторот, откажување од лажната слобода која ја дал, прекинување на таа врска, целата вина се префрла на жената, затоа што сакала да знае. И цела една религија почнува со гревот на првата жена Ева, која на крај воопшто не се ослободила од насилникот. Единствено дочекала да не живее веќе во мирот кој го имала пред тоа.
    Цела една религија која се што проповеда е дека треба да останеш во врска во која се базира на насилтво. Let that sink in...
    FB_IMG_1551685624104.jpg
     
    Последна измена: 4 март 2019
    На Ketchup, violetblue, Gosh и 24 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Навистина ве боли до срж зашто јас.
    Ми се може ;)
     
    На Feminka22, cresa-jagoda и Animali им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.302
    Допаѓања:
    226.914
    Пол:
    Женски
    Гледаш видео од неколку секунди и сместа ти оди да плачеш? Вел дан. Конечно откри која ти е најслабата точка.
     
    На vitamina, Rebecca_R, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Стигнавме до 10то јубилејно издание на '' Вечерите на женските права ''
    https://www.womensrightsnights.net/...Moy0jAFAQZlKRAXoVRefhC1RU68TA2l1rW_Rfhsi_8usg
    Оваа недела натрупан распоред на активности но ќе ми биде задоволство како што задоволно ми мина овој понеделнички работен ден.
    И не не е до денот до луѓето е што знаат да го направат интересен и разубават:)
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  6. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Не се издржува веќе сам :$
     
  7. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Искрено одамна не ми се живее во Северна Македонија,стана неподносливо од секој аспект во животот.
     
    На hermosa и WildMk им се допаѓа ова.
  8. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.629
    Пол:
    Женски
    Кит Флинт пронајден мртов во својот дом, Лук Пери доживеал масовен мозочен удар.....

    После ова кое го прочитав, немам збор... ;(;(;(;(;(
     
    На theowndemon, WildMk, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Јас гледам човек, ако не си човек не те пуштам во моја близина.
    Ако не можеш да ја поднесеш мојата реалност - тогаш бегај подалеку.
    Искрено ќе ти кажам што мислам.
    Себично си гледам за себе.
    Вешто се кријам и делувам чудно.
    Без мене ретко кој може.
    Јас живеам како јас сакам и не се интересирам за друг како живее.

    У принцип на гомнојадци им вртам грб.
    Јбг реалноста боли.
     
    На cresa-jagoda, RosettaStone и "Zoki" им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Дочекавме да проповедаат што е абортус и дали е неопходен или не од мажи шо не ни можат да раѓаат. И тоа не од било кои мажиња со мало м, туку од тие подготвени први да земат, а последни да дадат.

    Да ги прашаш кога последен пат извеле дете на прав пат, кога последен пат облекле некое учениче или нараниле гладно дете, нема да знаат да кажат.

    Срам да ви е.
     
    На Ketchup, violetblue, galapce и 33 други им се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Она кога баба ти има поверни пријателки на кои може да се потпре во секое време, да направи квалитетен муабет и да си ја отвори душата без проблем, а ти со твоите пријатели до вчера си се тепал за тоа кој да го земе кусурот од 20 денари од кафич.

    [​IMG]
     
    На GoodGirl45, Ketchup, Gosh и 19 други им се допаѓа ова.
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.487
    Допаѓања:
    12.700
    Пол:
    Женски
    Понекогаш ми недостигаат деновите кога најголеми маки ми беа испитите кои морав да ги спремам. Не дека сега нешто ми фали, сега сум мнооогууу побогата го имам ова мало човече што ми влегува во бања на сред капење :rofl: :l:, ама некогаш ме фаќа носталгија за поминатите години.
     
    На Oxymoron, joy1, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.832
    Допаѓања:
    80.785
    Пол:
    Женски
    Стварно не ми се јасни оние што, кога прават еклери, ставаат одозгора ептен малку или па воопшто чоколадо.

    DSCN1358aaKB-45f346-800x600.jpg

    Јас не сум правела досега, ама со сигурност знам дека кога ќе правам, ќе имаат мноооогу чоколадо на нив.

    IMG_20160930_135555_HDR-9a519c-800x555.jpg


    Ете, знам што ќе си приготвам следно. (heidy)
    Ќе сум се откажала од благо... ма да
     
    На 8463., GoodGirl45, Oxymoron и 15 други им се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.397
    Во денешно време секаде се труби зборот феминизам.Ретко веќе кој не го слушнал овој збор.Збор кој на секој чекор се експлоатира со премногу употреба.Го гледам во разноразни реченици,надвор од контекст,да се докаже некоја поента што нема ни додирна точка со феминизам.Феминизамот не значи дека жените се посупериорни од мажите,туку дека се еднакви.Не може ако видете некоја жена надвор да кажете „видете ја оваа.Пропагира феминизам“.Ако е така,аналогно на тоа мора и мажи да се шетаат надвор голи.Феминизамот е еднаквост на мажот.А,мажот како пол отсекогаш бил мерка на паметност,сила,глава на семејството итн.Сите лидерски позиции ги заземал мажот.Ете затоа е воведен тој „феминизам“.Бидејќи полот,освен половите карактеристики друго ништо не кажува за нас.Бидејќи не може ако Станче е со IQ -10 да се споредува со некоја жена што е доктор на науки и да велиме дека е посупериорен оти е само маж.Но,сепак,21ви век сеуште не сме стигнале до степен да имаме 1/5 од правата на мажите.Прост пример се нееднаквите плати.Друго е тоа штона некои места МОРА некаде да одиш со некој маж (татко,брат,дечко) за да избегнеш дофрлувања од луѓе што се на „многу високо интелектуално ниво“.Па со свиркање,довикување безобразни епитети те испраќаат по улицата.Јас не сум слушнала некој маж да поминува од некоја си улица,а да му префрлуваат к*рва.На машките деца уште од мали им го дигаат егото до плафон да се горди што се машки.А,ако си жена не треба да си горда?Сум била сведок на тоа колку големи веселби се кога се раѓа машко,а и кога се раѓа женско.
    И така,феминизамот правилно ќе функционира само кога децата уште од мали ќе ги учиме да не делат мажи и жени,туку добри и лоши луѓе.Ќе функционира кога сите ќе ги гледаме исто.И најважно ќе функционира кога и самите ќе почнеме да ги применуваме сите работи,како за мажите така и за жените.А,не само да се шкрапа по тестатурите за феминизам колку да се победи некој аргумент.
     
    На Oxymoron, Lella, RosettaStone и 7 други им се допаѓа ова.
  15. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Прекрасен пролетен ден на крајот календарски од една зима:)
    Презадоволна сум што пролетта подрани,ај да подранеше и крајов на работново време. Бројам и чекам да се откуцам и надвор на прошетка па може ќе падне и шопинг за нешто ново од вечерва па секоја следна неделава.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.068
    Допаѓања:
    131.150
    Пол:
    Женски
    Си кажуваш твое лично мислење и одма ти скокаат со нивни коментари дека не знаеш што зборуваш и дека не си во право,а кога ти им го правиш истото,тоа не им се допаѓа и уште се бунат. |(
    :!: Е,не може така,луѓе!
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Моментални актуелни вести на скоро сите страници низ ФБ од кои во секунда добиваш дијареа, се чудиш кога си ги лајкнала тие страници и посакуваш да го деактивираш срањето наречено фејсбук.

    1. Јелена Карлеуша неутешно падна на гробот на мајка и...(фото+видео од клливите пантолони на Јелена).
    2. Саша изјави дека Јелена ќе се самоубие...(фото од јажето со кое планира да се самоубие).
    3. Никој не очекуваше дека на гработ на Шабан ќе се појави ова...ЧУДО!!!! Погледнете и дознајте за што се работи.
    4. Шаулиќ никако не сакаше да оди во Германија каде и погина, изјава на преживеаниот возач...(емотивно видео).
    5. Карлеуша ја пресекла косата и облекла црнило...(фото).
    6. Се појави вонбрачиниот син на Шабан, за кого Шабан рече дека е зачнат без љубов. (фото од ќелавиот син).
    7. Погледнете како Карлеуша плачеше и лелекаше кога ја изнесуваа мајка и...(видео).
    8. Душко со црна кошула ја држи бледата Јелена под рака да не се сруши од плачење, но во меѓувреме се случи ова...(видео).
    9. Жена му на Шабан цела недела не излегла од дома (фото од прозор како плаче).

    Еј човече Божјо (facepalm) Што да речеш, а да не заплачеш на вакви срања?
    И сеа по некоја логика треба да ги отворам "вестите"? Да го следам во живо погребот? Да гледам како некој плаче дека изгубил близок човек?
    Ова треба да е наслов што ќе ме привлече да го прочитам?
    (facepalm) (facepalm)
    Не ги можам и тие што сликаат вакви крипи работи и тие што ги гледаат со задоволство.
     
    На GoodGirl45, Ketchup, Gosh и 20 други им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Знаеш дека е дно од човек кога му е смешно кога се случуваат трагедии, само затоа што не е неговата партија на власт.
     
    На S.W.A.G, Avery, Alisa22 и 25 други им се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.874
    Допаѓања:
    173.453
    Пол:
    Женски
    Многу ги мразам балканците кога станува збор за соработка..
    Пишуваш мејл... чекаш ден два три... Пишуваш уште еден мејл, чекаш ден, два.. пишуваш на ФБ на дотичната личност дека си им пратила мејл да си проверат .. чекаш ден, два....
    ....
    .......
    Се јавуваш и им кажуваш дека е крај..завршена работа. Капут... Финито..
    Луѓе без работна култура, без грам осет, без било каква заинтересираност за сопствениот бизнис.. Па дали сте вие нормални:envy:
    Ако вас не ви се работи, не им го уништувајте бизнисот и на другите. Вашата неспособност не смее да влијае на вашите соработници ...

    Пишуваш на американец или канаѓанец... ти враќа во рок од 30мин ако е во работно време.. Па и не било толку тешко. Затоа постои мејл за комуникација меѓу фирми и мејл за клиенти. Се со приоритет...
    Глупи, глупи, глупииии
     
    На buba4e89, Ketchup, SwanMay и 34 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Сите загрижени дека српската жута штампа биле лешинари што ја сликале Карлеуша на гробишта, а во државава муабет за вадење органи им измислија, ама тие не се лешинари. :^)
     
    На S.W.A.G, Oxymoron, lovestoneddd и 6 други им се допаѓа ова.