Ао мајко.. Уствари сите си имаме нешто шо не мачи и не праи анксиозни, али тоа не е причина да се однесуваме едни кон други со непочит! Целава ситуација со вирусот, последиците од него, навикнувањето на новите околности, не се лесно нешто за никој од нас. Место да се поддржуваме и охрабруваме едни со други, што правиме сите ние? Катастрофа...
Докторите: Сите млади ќе си идат во странство, ќе не барате, нема да има кој да ви работи. *седиш со колеги на кафе* Колеги: Дечки шо план имате после факс, тука/странство? Сите: Тука бе брат, каков живот има у Мк, какво странство жити се, за нас има работа тука, нема гајле. Btw и ја сум од тие што тука се решени да останат, не дека нешто иронично зборам. Повеќето што ги знам, бар мое друштво се со ваков став. Не е толку црно ко се што се прикажува реално.
Никогаш нема да го сфатам феноменот на мажите (уствари луѓето ама сега дека зборам за нешто конкретно ќе биде мажите) да имаат покрај себе одлична девојка, која ги сака, која е фина, премила и се заедно со години, да ја заменат без око да им трепне само зошто запознале некоја што им внела малку возбуда во животот и им станало интересно иако ја знаат кратко ама им летнал паметот... Значи, ми се гади од вакви луѓе. Како спиете мирно дур вака правите зад грб...?
Македонски менталитет: Стопанска Банка ставила оглас на фб дека бара работници. Под огласот 10 коментари. Коментарите се од типот: proverajte dali me ima za karticka. И пишале име, презиме и матичен број. Тоа е се што треба да знаете за нас како народ.
Ocd level: Не пијам кафе од темно кафена чаша, само од светло кафена. Со кој живеам јас и зошто на вакви пациенти некој им го слуша гласот?
Не знам дали само на мене ми личи крајно дрско и безобразно професор да падне на ниво да те вреѓа како немаш поим, како си положил и колоквиуми и си стигнал до усен испит, со вакво знаење факс немало да завршиш, како завршил основно, основа немал. Во ред, не го пуштај да положи ама што мора да го вреѓаш и ругаш. Цел ден не можам да ја смирам другарка ми, во шок е што и се деси, не знам како да ја утешам, нормално на никој не му е убаво вакво нешто да слушне. И не е ова првпат, скоро сите имаме по некое вакво искуство. Да ти се одмили и факс и све значи, дно. Треба психолошка проверка да им прават пред да им дадат титула професор.
Очигледно на некои луѓе форумов им служи како издувен вентил да си ги исфрлат фрустрациите врз рандом други луѓе. Друго објаснување зошто читам дрски неповикани коментари на туѓи сосема нормални постови - немам.
Понекогаш се чудам како се толку нечовечни суштества. Колку омраза имаат во себе некои луѓе. Дали тие некогаш имале потреба од нечија подршка, дали воопшто имаат пријатели, дали сакаат некого? Не знам како спијат навечер, легнуваат на перница и размислуваат како да го упропастат некому денот што следува.
Кога некој не сака да зборува тоа не значи дека не сака конкретно со некој, туку не сака со никој. Да се биде со себе е избор што треба да се почитува. Мирот и тишината се погласни и помоќни од редење зборови во празна комуникација наречена "дружење".
Стварно срце ми се стега кога ќе видам кој процент на луѓе посвојуваат домашни миленици, а кој процент купуваат. Прежално да животинки скапуваат на улица со рани, гладни и тепани а "љубителиве" си ги прчат кучињата и мачките купени за 200е +. Што убав бизнис. Истовремено, здруженијава молат за донации од 100 денари за да купат најосновни работи за оние првите, немаат ни за обични капки, си ги цедат до последен денар и личните фондови. Страшна асиметрија. Бескрајно ми се крши срцето.
Се напив неколку пијачки...сам како утка, на тераса, на ветерот... и испушив три цигари... а што убаво не пушев изминативе година и пол... Утре на работа...едвај чекам.. оваа недела ќе биде или - или ... стегам палци за она првото " или " ... оти второто тешко дека ќе го преживеам и притоа да останам при здрав разум... добро е што во таа неизвесност влегувам целосно сам па така нема опасност некој друг да настрада... оптимист сум... Нека помине како што треба и ќе се почастам тоа што си ветив... за спротивното не сакам да размислувам...
Сдк следете ги вашите деца што гледаат на интернет. Немојте да дозволите да имаат идоли како Бака Прасе. Моментално најголем бум на Балканов е неговата песна од која јас искрено се згрозив. Никаков пример е за маливе деца,а го прати најмногу млада публика.
СДК1 Уште да се научиме да не делиме совети, баш дека нема совет што делува исто кај сите. Да не си во таа кожа е муабетот. СДК2 Подобро ќе си ги гушнам предрасудите, отколку да ги пуштам. Оти? И да имаш или немаш сѐ, тие се тука. Постојани се, а чим се такви значи се вредни. Може звучи ова идиотски, ама си го пишав. Не ми е гајле.
Не можам да сфатам луѓе што се опседнати со туѓ живот. Лично јас, имам висок праг на толеранција ама веќе ова навистина не се трпи. Се нервирам што не сум безобразна и не можам да ставам некој у "место". Повеќе она знае за мене отколку јас за себе. Ужасно.
Сдк : јадничко. Мешавина од " ми се спие" и " ме боли малку главата". Ќе гледам АСМР видеа и ќе си замислувам дека се напив тироксин кој го заборавам.