Понуда за работа: Еј, ти нели знаеше англиски, неколку души сме што паднавме англиски матура 2ра година по ред, ќе ти платиме, бар за 2ка да ни решиш во август, колку факс да упишеме... Дека матурата е тешка, тешка е, поготово за високи оценки. Ама да не можеш 2г за 2ка да решиш сам, не знам дали си за да одиш на факс искрено. Све имало.
Трик прашање - животна сложувалка Како едно од нештата да биде на свое место, а тоа да не се работите во плакарот?
Ако ти е тешко, нека ти текне дека денеска некој таму вработен во администрација или дудлач на партија, не може да спие од страв дали утре ќе победат неговите и дали уште ќе живее од државна цицка или ќе го сменат со друго партиско полтронче.
Не можам да сфатам сериозно луѓе кога делат памет, а пишуваат "незнам". Се напишано им пропаѓа во вода.
Пишува барам мислење од машките членови и одговараат женски Дај читајте, не се бара женско мислење за се, тууу они важно да си кажат што мислат
Она кога полагаш со есејски писмени прашања, па 2 реченици ги вртиш цело време само за да личи дека појше си пишувал.
Што да кажам !?! И ми се зборува и не ми се зборува. Се започна случајно и брзо и се така заврши. Јас прв пишав и јас последен пишав. Можеби самотијата и изолацијата во коронава си го направија своето, можеби чисто интересот за нови луѓе во животот си го направи своето. Почетокот после мојата прва порака испратена за заебанција и чисто твоја реакција (во стил на фора за додворување ``ja mace znaes koj sum``) беше позитивен далеку од очекувањата. Едноставно твојата реакција и смислата на хумор од првиот ред ме убедија дека со тебе ќе имам бескрајни муабети. Твојата интелегенција и дискусиите на многу различни и неповрзани теми ми дадоа надеж дека можеби некоја паметна девојка тука постои во мојава околина. Сите долги муабети што ги имавме до првиот наш дејт ни одблизу не навестуваа за тоа во каква атмосфера ќе почне и ќе заврши. Секако на првиот мој минус според тебе, големо влијание одигра и ПМС-то додадено на растројството со кое што се соочуваш. Сеуште не можам да ги разберам бурните и строги реакции на комплексите кои ти биле нанижани од неправдите нанесени од твоите најблиски. Јас мислев дека ќе бидам тој кој ќе може ти помогне но сепак сфаќам дека немоќен сум во тој поглед. Ни вториот дејт не помина најдобро кога огромна замерка ми најде зошто по секоја цена не сум сакал да одам на затворени места во време кога гореспоменатата корона не знаеме од каде не демне. Иако на крајот сепак попуштив тоа беше втор голем минус за мене зошто здравјето ми било побитно наместо шемата и омиленото пиво. Третиот дејт кога најверојатно највеќе се зближивме и бевме најблизу до тој фамозен бакнеж, не знам што те предомисли пред да дојде четвртиот дејт . По сите мубаети што отпосле ми ги кажа сфатив дека не сум требал воопшто да имам свој став за било што, не сум требал за ништо да се шалам, не сум требал ништо да преземам , дури и сите покајувања што ти ги кажав дека најверојатно се мои грешки ти ги гледаше како провокација уште една причина уште повеќе да ме замразиш и тотален непријател да пронајдеш во мене. Не знам дали навредите што ми ги упати на крај кога пробав барем сам да се ставам во твојот френд зоун (за утре да можеме да направиме макар пријателски разговор )ти го нахранија егото, но сигурен сум дека се ова излезе од контрола кога се нафативме да имаме нешто повеќе од пријателство. Освен да ти посакам се најдобро во иднина и личност што се сомневам искрено дека ќе може да ги трпи сите твои екцеси , друго немам. Како што кажа и ти : ``ПриВатно и (не)догледање`` *за печатните, граматичките и останатите грешки во текстот однапред се извинувам. Емотивно сум исцеден скроз
Го слушам еден комшија веќе подолго време три мали дечиња (подалечни комшии) ги вика Заев, Шеќеринска и Груевски Прво мислев така еднаш рече ај ок, ама секој ден истото се слуша. Kомшијата живее наспроти мене и е најголем патриот, а децава живеат малку подоле и мора да поминат пред неговата куќа за да си заминат дома. Претежно шетаат со баба им и овој пред неа така ги вика, а таа ќе се насмевне и си продолжува по патот. Сигурно нема да застане да се расправа со него. Има еден длабок и дебел глас што кога ќе викне мислам цел град го слуша: -Ете ги Шеќеринска и Заев....Ааааа и Груевски бил со нив. Добар ден господаааа!!! И баш пред некој ден децава ја прашуваа баба им кои биле тие луѓе, а патриотот остана со отворена уста како не знаеле кои се Заев, Шеќеринска и Груевски?? Му беше чудно зошто деца од 2 до 6 годишна возраст не знаеле кои се тие. Па уште будала ја прави баба им дека не знаеле. Тоа е се што треба да се знае за моите комшии и земја. Чудно било што деца од градинка не се замараат со политика.
Конечно распоред за испитна во кој ќе имам само по 1 испит неделно, па и само 3 испита ми остануваат, алелуја. Кога преживеав полагање на 10 испити сесијава, нема што не можам. Значи августовско - септемвриска it is.
Еднаш ќе порачам храна и изгорена ќе ми пратат .Другпат очи не ми гледате ,така само на вас.На животно да кажам по ќе ме разбере
Remember that no matter how much it hurts right now. One day, when you look back, you'll realise it made you stronger!
Досега неколку лаборанти од исто средно познавам и ми биле така поблиски шо сме се дружеле. Кроз муабет ми кажале дека иако завршиле средно и станале лаборанти игла во рака немаат фатено 4г, ниту на пракса на клиника имаат боцкано човек. Не им дозволувале. На кукла пробувале неколку пати едвај ама не е тоа тоа. Они теоретски изучиле се што требало ама практично немаат никакво знаење. А како ќе се научат ако не им дозволуваат? Или треба да си дете на некој вработен во клиника и само тогаш да смееш ти да се научиш, а за другите не смее? И после се чудиме зошто вена не знаат да ни погодат лаборанти крв кога зимаат и шетаме со модра рака една недела... Или онлајн образованието било лошо, во живо многу доброто е па што да збориме. Сам ако не се бориш да научиш нешто, никој нема да ти помогне, дали онлајн или во живо. Себично се споделува тука знаењето. Да не утре ден станеш подобар од нив. Мизерија.
Јас, во ПМС, кога читам дебилни коментари на фб и морам да вратам на дебилните луѓе шо сметат дека жената не треба да се мажи ако неќи дете и ако сака да излези на кафе со другарки: Зато велите животот во брак завршвал. Со таков ум ќе ви завршва. Роб сигурно убо не се осеќа.