Секоја година за роденден си посакував Ајфон. Оваа година ми е обележителна бидејќи на 30 си купив Ајфон. Сега за брзо ми е роденден и немам никаква желба. Важно ми е да сме живи и здрави сите
Зашто бе секад откако ќе го пречекам некој убаво со отворено срце, ќе поделам со нив што имам ќе им ја отворам вратата од мојот дом ќе им пружам пријателство, блискост, разбирање, топлина и тие мене некој одреден период и после се менуваат и стануваат себични суштества.. Зашто, што им се случува, зашто луѓево не ценат добар пријател па и општо поимот пријателство.? Зар треба човек да е груб и лош, ладен и резервиран па за да го ценат повеќе ли? .... Е стварно неможам да ги разберам колку и да се трудам после се, и сиве овие години.. Преку глава од луѓе со маски или незнам како да ги наречам.
Колешка: Имам за учење многу, полагам уште неделава, ич немам време. Јас: И ја исто. *окапавме 30мин на мобилен правејќи муабет* Битно време немаме.
Што значи да се биде родител? Родителот прво го создава бебето, потоа се грижи за него, го бања, го пресоблекува, го храни, го учи да оди и да збори. Кога малку ќе порасне го праќа во градинка и училиште и се грижи што тоа ќе облече таму, што ќе јаде, истовремено треба да му даде и мотивација за учење и добро воспитување. Кога ќе стане полнолетно и ќе заврши средно, може да му даде насоки кој факултет да го одбере или која работа и да му биде подршка во секоја смисла. Детето и 40г. да наполни тие му се родители и треба да се грижат за него. Накратко родителот целиот свој живот треба да се грижи за детето, доколку не сакал да има деца не морал да создава. Слушам родители му викаат на детето ние ќе умреме ти сам снајди се и мачи се. Заклучок од се ова е дека не секој треба да биде родител.Прости ми боже на мислава.
Не знае запирки да користи, ама битно се расправа и мисли дека е у право за сè. Океј, спушти се на земја малку, им сметаш на авионите.
За следните достигнувања. Посакував да беа тука, да ме гледаат и слушаат. Иии...мислам дека промените ми се потребни. Вака-така не сакам да ме загушат спомени. - Не знам дали е правилното време. Сигурно ќе ме фати страв и ќе се насекирам скроз од што е толку реална ситуацијата. Од друга страна, сфаќам дека имам фобија од зборчето реално - наметнато и исфорсирано. Сепак, се трудам да не се предавам и стремам кон личноста што моментално ми е поддршка (ако не и најголема). Пуштајте среќа. - И конечно да научам дека домот го прават луѓето што имаат чист дух.
Постојат добри луѓе што прават некогаш лоши работи и лоши луѓе што прават понекогаш добри работи. Ако човек успее да направи дистанца меѓу ова, ќе победи.
Еден од моите омилени пејачи, му беше денес роденден. Ако не се решеше неславно да си го одземе животот, денес ќе полнеше 56 години. За жал, не успеа да му пркоси на животот и товарот кој беше на неговите плеќи беше претежок повеќе да се издржи. Неговата постапка, го втурна уште еден мој омилен вокал, дел од бенд кој ми ја одбележа младоста, Честер Бенингтон, следната година исто да посегне по својот живот. По повод неговиот роденден, денес е објавен еден негов cover на познатата песна од Guns and Roses, Patient. Емоции, Ежење. Слава ти, Крис Корнел.
Отидов во банка по картицата купувам домашно порано од терминот што ми го дале зошто имам испит и ми се поклопуваа термини. Најпрво, дрско ми се испонашаа зошто сум дошла порано. Реков имам испит, морав вака да дојдам порано, па ме прашаа на кој факс сум. Кажувам медицински, банкаркава одеднаш мења однос на фино, става осмех и лигавечки кажува "а, златна таа, идна докторка, така, па кажи порано, одма ќе средиме, нема гајле". Да бев иден филозоф на пример помалце ли ќе вредев? Мразам вакви луѓе што се дволични и се понашаат со личноста од спротива во зависност од тоа кој бил и што бил и шо праи у животот.
Седам и сум принудена да слушам една емисија, од оној тип, имаат тема па се јавуваат пензионери и бистрат политика. И еве веќе три пензионери по ред и се лигават на водителкава како е многу убава, како и биле другари, се осеќале многу блиски со неа... Блјак!
Досега сум поминала безброј среќни моменти проследени со славење далеку од моите. Во сите тие моменти сум посакувала да бидам дома, но, никогаш не ми било толку криво што не сум покрај нив, како сега, во овој период. Тие таму некаде минуваат низ хаос, а јас сум само посматрач од страна. Не дека нешто ќе сменев, ама сепак, барем да можев да ги прегрнам, да им кажам дека сето оваа ќе помине, доаѓаат подобри денови. Да им кажам дека сум горда на нив, на тоа какви личности се, и на тоа во каква личност ми помогнаа да пораснам. Сакам само да ги прегрнам и да им кажам колку ги сакам.
Драга психијатарке, Шо не е во ред со тебе? Дали сакаш да разговараме? Зошто мислиш на чоек со проблеми со самодоверба океј е да му речиш да не гледа како личи посекако ќе остари и ќе изгуби изгледот? Знајш дека другиот другар ако ти дојдеше на та реченица после то ко ќе одеше дома ќе се исечеше? Пошто идејата му беше да се самоубиел ко ќе е најубав? Пред два месеци на погреб ќе бев али арно реши да оди приватно јбг оти Локи да чува можи на тебе ќе налеташе. Зошто мислеше дека е во ред на чоек со проблеми со самодоверба да му речиш дека е ништо само оти е слаб и го исполнува стандардот и дебел и самоуверен е поќе од него во вредност? Зошто мислеше дека е океј да одиш на rant против младите и како нив им било полесно? Зошто мислеше дека е океј да велиш дека нема болест, болест било рак некој? Како знајш дека уствари ... нема? Би ти кажала дали има, but you know where I'm going with this. Не стигна на ред да си кажи. Зошто игнорираше кога ти кажва дека има фамилијарни проблеми? Зошто? Зошто му велеше дека ти си најдобра од колегите оти другите не би го сослушале? Сериозна беше на делот дека си ја сакаш работата? Сериозно чоек шо ги чекира сите симптоми према DSM-V за депресија е океј? Сериозно самоповредвање и самоубиствени мисли се нормални за возраста јер се бара внимание? Дали си сериозна? Зошто да? Додуша, знам зошто. Фрустрирана си. Пошто дур слушав то беше едино нешто шо се повторваше. Оти ти така праеше. Ти така се справи. Ти таква беше. Ти. Ти. Ти. Прва лекција, не проектирај. Ако проектираш - пренасочи кај друг. Не можиме да се спасиме од проектирање некогаш е посилно од нас и не удира некој пациент на полично ниво и нормално е то, вистина, ама штом го сфатиш то и гледаш дека лутина те фаќа - го пренасочваш. Го пренасочваш за твојата професионалност, и го пренасочваш за доброто на пациентот кое патем е пред се. Втора лекција, помалку зборај и поќе слушај. Али изгледа си ја скокнала, нвм. Да беше некој друг, ќе одеше дома и ќе се оффнеше. Као сфаќам, сат пред завршеток на смена. Додуша два сати порано бевме дојдени, али кај беше ти? Си рече, еден сат ме нема, сега еден сат ќе пијам кафе и оп пациент. Јбг, sucks to be you. Као, океј е, не е за кај тебе. Пренасочи. Али не. То по џеб те мава. Инаку не, не се плаши драга психијатарке нема јавно да кажам која си пошто знам дека проблеми можам да си напрам јас. Али ветувам ко ќе ти слушнам името ќе тргам луѓе да не идат кај тебе. За нивно добро. Ебате глупата ебате. Али јас кај тебе ќе се закажам. Да не ти земам од слободното време кое не ти е закажано. Ќе се закажам. Али глеј мене млати ми вода ко шо се дрзнуваш со други. Оти да не бев замолена да ќутам, немаше да остам ова да ти помини. И пак нема да остам да ти помини. Пошто живот на блиски ти го кладов в раце, а ти напрај r/roastme. Инаку сега одиме сите да се сликаме за r/roastme за солидарност пошто тебе за то те бива. Ти препорачувам сабредито. Лечи фрустрации. За неупатените, r/roastme е на редит и ставаш слика од тебе и во коментар те плукат. Ми олесна. #пмс
Ова со Дуа Липа ме изнервира од причина што подгрева омраза. И истото го мислам и за Некст Тајм и Лозано. Оти стварно не знам што да фак ќе постигнеш ако ставаш историски мапи, било да се вистина, било да не се или биле нечив план, освен што загреани типови ќе ги испокараш меѓу себе. И ахам, ради вакви како нас сме немале држава. Дури еднаш прочитав коментар од типот - Кога Александар освојувал до Индија, Норвешка и Шведска кај биле? Џабе се развиени држави кога немаат историја. Да, ние деца со СМС лечиме, плати никакви, економија раскрцана, битно Ацета освојувал. Да ми дојде сега Грк или Бугарин да ми рече Аце е Грк или Бугарин, последно нешто што ќе правам е да се карам. Оти нит знам, нит ме интересира чив е. И да дознаам, нема многу услуга да ми направи во животот. И тоа што херои гинеле во војни за Македонија, не значи дека треба да глорифицирате војни за да имаме повеќе херои (читај смрт) Ако стварно си ја сакате земјата, најдете начин да ја подобрите иднината за луѓето во неа, не да докажувате ствари што биле и поминале. Глејте кај се земји со темно минато денес, глејте кај сме ние денес. Едит - знаете во која земја од мали ги учат децата да ја сакаат земјата, да ги почитуваат лидерите и гледаат како богови, од мали историја учат само за нивната земја и што се' лидерите направиле, не им дозволуваат на луѓето да гледаат странски филмови или слушаат странска музика, на телевизија имаат канали кои единствено сервираат политичка содржина за возвишување на лидерот...? Погодивте, да не кажувам.