Кога бевме деца мислевме дека на 18-19 ќе шетаме 24/7, ќе ги затвораме сите дискотеки, блабла. Реалноста: Еве ме на 18 седам со укочен врат шо ме шибаше климата директ у врат у ЈСП, имам главоболка зошто е тешко времето цел ден и не можам да станам од кревет зашо ми се спие и сум мртва уморна и до ништо не ми е дојдено. Ај па може на 88-89 ќе се понашам ко млада особа. Којзнае.
Идеш на доктор и ти вика, дојди на контрола, прашуваш што да пиеш до тогаш, ти викаат, види таму на гоогле што ќе најдеш од ден на ден се повеќе останувам без зборови од т.н. медицинава и лекари, следен пат на лекар идење само недај боже кога ќе се слупам со кола некаде, пред тоа, на гоогле што ќе најдам ајде барем, се тешам дека нема да земат провизија од препишан лек ради реда за некоја хемија, пациент помалце
Најубавата црква и музеј во која сум била,изградена во 6ти век,од денес е џамија.... кога видов како ги покриле иконите и фреските, се расплакав.
Мрзливо летно попладне, љубовни песни и пријатен хаос во главава. Затоа, во срцето е се' подредено. И јасно. Немам намера да се борам против чувствата, им се препуштам.
За разлика од многумина јас обожавам кога нешто завршува, а мразам почетоци. Мразам нови нешта, мразам да се прилагодувам, мразам непознати работи, едноставно ниеден почеток не го памтам ко нешто добро, ме изморуваат почетоците. Сакам навики, ред, комфорт и нештото веќе да ми е познато. Додека пак обожавам крај на пријателства, поглавја, врски, не знам, на се (поготово ако биле мачни, напорни, токсични...). Убаво ми е и се осеќам убаво кога нешто ќе заврши, се осеќам слободна. Ставив крај на многу работи и се осеќам ко цел товар да паднал од мене во последно време. Треба на уште нешта да ставам крај ама и ова засега е одлично.
Вечерва ми беше толку лошо, повратив се олеснив и се осетив како од мене да излезе се непотребно, непожелно, како да се исчистив од се што ми тежело. Е така сакам еден ден или ноќ што годе и да е да исфрлам се што ми смета наоколу, дел да подарам, дел да продадам. Сакам среден простор, средени мисли, спокој во душа. Ах сакам ново патување, ново полнење со позитива, сакам, можам и со внимание, огромно внимание ради короништево ќе испланирам и реализирам...еден ден или ноќ што годе и да е.
За 1ч сум на фризер и првпат по речиси 19г ќе си ја сменам бојава на косата. Сигурно ќе си бидам чудна дур се привикнам, а одамна сакам, едвај собрав храброст и ја убедив мајка ми конечно и сеа ме фаќа паника да не згрешив. Додуша ко мала бев природна плавуша, не се плашам дека ќе се утнам ама сепак се плашам као ќе ме напраи фризерот. Се надевам нема да слушнете вест "млада девојка уби фризер зошто и ја уништил косата".
Она кога величиш личност дека скршила нечие срце. А во исто време си вљубен и не сакаш твоето да биде скршено. Дека сме злобни? Злобни сме.
СДК најзлобни се оние личности кои трујат животни. Како можат,бе? Што имаат внатре? Срце сигурно не. Скапаници...
Случајно сретнав на фејзбук, приказна за едно 12 годишно девојче од Србија кое раскажуваше дека ја исмевале на училиште дека немала телефон и интернет дома. Учествувала на натпревар за пишување на состав во кој раскажувала токму за тоа и освоила 1-во место. Во видеото велеше "Јас немам ниту телефон, ниту интернет ама некои деца немаат ни семејство ама јас имам, затоа и не ми е битно дали ќе имам интернет дома." Велеше дека сака да биде наставничка кога ќе порасне. И нејзината наставничка ја даваа во видеото, и таа со насолзени очи раскажуваше колку девојчето е посебно. Не знам, ама многу ме трогна приказнава, си плачев додека го гледав девојчето како раскажуваше. Сеуште постојат добри луѓе, но за жал се поретко ги има.
Ако сакаш да се изнервираш во секунда, излези на шопинг без ластиче за коса и пробувај облека со пуштена коса на 30+ степени. Кој би рекол дека нешто толку неважно како обично ластиче би било вистински lifesaver во ваква ситуација.
Сега видов на фејзбук еден другар имаше објавено дека се преселил во Германија. Не знам зошто ама онака се почувствував као дека си отишол а не се ни поздравивме, јас појма немав дека си отишол, добро знаев дека ќе си оди ама не знаев кога. И сега кога видов, не знам некако мака ми падна, добар пријател беше понекогаш учевме заедно и ми помагаше за ликовно дека многу убаво црташе. Еех, живот.