Утро. Сама во соба. Потполна тишина. Ладно нескафе во рака. Поглед покрај езеро. Свеж воздух и пријатно ветерче. Рај. Си ги наполнив батериите.
И во лето да згазам боса на плочки одма ме фаќа стомак, побледувам, одам со саати вц и желудник ме фаќа. Ах туго
Мојата другарка од детство, мојата,, најдобра,, другарка ќе се венча за некој ден и не ме покани на нејзината венчавка. Најпрвин се правдаше како само мајка и и татко и ќе одат, но сега немало смисла само тие да се од нејзина страна, така да поканиле некои роднини и пријатели, но јас пак не сум во списокот. Тој ден го чекав дури и повеќе од неа, бев пресреќна и до детал ја испланирав моминската вечер. Малку е да кажам дека сум разочарана.
Ти правев сендвичи за на работа и за момент помислив дека до пред една година не се ни знаевме,ниту бевме блиски. Ти имаше сосема други видици,а јас други. Бевме странци, а сега сме едно па сладок си ми кога ми кажуваш каков сакаш да ти биде сендвичот.
Седам надвор и слушам... штурци. Звуците на вечер во лето. Го сеќавам мачево дека си се милува од ногава и се смешкам, можи за прв пат денеска... Го мразам денов, а да ме праша некој зошто, не можам точно да посочам со прст. Всушност можеби можам. Меланхолија осеќам. Би запалила цигара ама не смеам. Јбг.
Јас премногу емоционално се приврзувам кон предмети, места, нешта и чувам, складирам спомени на големо. И добра и лоша може да е оваа моја карактеристика, ама најдобра може да е потребата од промена. Долго време размислував и конечно се решив што не ми треба, само ми стои и фаќа прашина да го продавам по симболична цена или подарувам. И да, денес беше тој ден кога израдував една жена со нешто толку мало, ама од нејзината насмевка на лицето прочитав дека испадна големо. И се осетив толку убаво што некому непланирано, само од себе подарив нешто поголемо од дарот, насмевка од срце, од радост, од задоволство дека некој таму мислел на тебе, на тоа да те усреќи некако. И се прашувам зошто почесто не подаруваме тоа што ни е вишок, а на некои личности им е неопходност, а зошто уште поретко предизвикуваме и подаруваме такви спонатани насмевки? И би можела уште многу да напишам на оваа тема, особено за личностите на кои им се восхитувам и им симнувам капа кои донираат од чиста љубов, не дека имаат некои проблеми и баш помагаат на целна група луѓе со слична проблематика како нивната, туку од срце сакаат и прават промена во животот на тотално непознати. Даваат несебична љубов, делат време од своето, од времето кое би го поминале со своите блиски, дечињата, двојат од нивните усти за да споделат и тоа од чиста љубов, од оној порив кој доаѓа длабоко од внатре и поради кои знаеме зошто сме луѓе. Восхит, почит и желби да опстанете такви какви сте и потаен копнеж и стремеж да можам и јас еден ден да бидам како Вас. п.с. Заборавив да напишам дека покрај ова што го прават не сакаат никаде јавно да се спомнува нивното име и дело што ми создава уште поголем респект кон нив, ама не има нас, другите кои знаеме за сета ваша добрина и подадена рака и мотив сте ни за промена, надеж за повторна верба во човештвото, искра топлина и алтруистичка добрина. За сите Вас
Има места во кои не сум своја. Ете и ова веќе е едно од нив, најдалечна своина. Не ми носи доволно сигурност, топлина, емоции, раст. Само некое тапо чувство на припадност, а сепак несовпаѓање. Си го кажав зборот, повлеков линија овој пат. Единствено ми останува да не ја поместам, затоа што е единствена нишка на удобна промена сега. Одложена беше од памтивек, за малку заедништво нахранувано со трошки само кога измореноста од репетитивните рутини ќе здосадеше. И ако не ми затропаше на врата, додека не ме натера да видам дека можам, веројатно ќе ја одложував уште некое време за повеќе да е својствено на мене. Свесна сум дека сега само почнува. Некаде помеѓу илјадниците прашања, конечно ми влегуваат во мисла и одговорите, причините, разбиструвањата од сета магливост која се беше наслоила од денови, месеци и години изминати. Нема идеален избор, само доволно храброст и верба дека ќе успее. Од сите загуби, единствено не се живее без себе. Од сите денови, се паметат само оние во кои сонуваш со отворени очи. Ќе ги има повеќе.
Во иста година имаме епидемија, масовни револуции, масовни протести низ цел свет, избори насекаде, карања на соседи и рчкања, допрва треба да дојде економската криза како резултат на епидемијава, допрва треба откази да се делат, да паѓаат влади или старите да се задржуваат, допрва треба ураганската сезона да дојде. Уште повеќе треба богатите да се богатат на сметка на сиромашните, допрва доаѓа прежувањето. И ќе ти каже некој дека овој свет има иднина. Жално како себичноста, алчноста, егото, негрижата , омразата и остало го доведоа светот до ова дерече. Жално за внуците и правнуците кои ќе живеат во таков грозен свет.
Кокони разни, ама баш кокончиња што нон стоп нешо баботат за другите, ги има и од машки род . Никој, никој не им чини, само тие и евентуално маме-тате.. Повраќаат жолчка претпоставувам од јад дека и на другите не им е грозно како нив.. И после лигаво се шуњаат за да поентираат од кога ги ошинал некој по клун. Никад спас, освен на св. Спас.
Сакам да си го цитирам постот од пред една година и да кажам дека го дознав одговорот. Одговорот е не, се би било исто. Ти си сеуште истиот, далеку од зрела личност, воопшто не знам дали некогаш и ќе се промениш. Причината која придонесе за нашето разделување сеуште ја има. И подобро е вака. Дури ако одговорот беше различен ништо немаше да се смени. Во секој случај би било предоцна за нас. И треба да сум среќна. Треба да ми е олеснување. Наместо тоа, чувствувам тежина. Можеби затоа што изгледа дека од цела таа приказна само јас сум онаа што вистински сакала, онаа што вечно ќе се сеќава, и вечно ќе носи лузни. А готова бев да ти верувам повторно дека навистина ти е жал што така сме завршиле, и дека она нашето можело да биде вистинско. Време е да те пуштам да си одиш. Овој пат вистински и засекогаш.
Цел ден чекав другаров од факс да ми пише дека има резултати и дека положил пошо цел ден беше под стрес чекајќи и си легна пред пола саат. Тек сеа шернаа резултати во група и испадна положен дека е. Му вртев да му кажам зашо знам колку чекаше да види и сакав да го израдувам, ми се јавува поспан таков целиот испаничен "леле положив, а чекај не ме заебавај, стварно 6ка имам и положив, чекај после полноќ ли резултати има, зашо се зафркаваш со мене, сеа ќе проверам, биди на линија, само ако си се зафркавала и лажно ми праиш вака ". Отвори од компјутер и виде дека стварно е положен и слушам у позадина "мамооо, сум положил уште еден испит јеее, мирно ќе спијам сеа". Ваква еуфорија одамна не сум видела и тоа за 6ка, кој вика дека среќата не е во мали нешта. Се испорадував и ја, а и ептен сакам коа луѓе искрено се радуваат и на ситници и на се. Ми пренесе и мене од еуфоријава, се изнасмеав хаха, мислев единствена сум шо вика по мајка ми кога ќе види дека положила испити, добро е не сум била само ја таква мамина лигла.
Не знаев во која точно тема да пишам, ако не е соодветно нека ми го избришат мислењето. Потребен ми е совет за мал проблем, доколку некоја сака да одвои малку време нека ми пише во ЛП.