Видеово е од пред два месеци. Ми дојде да плачам... Иако најголем број од песните на бендот излегле кога не сум ни била родена или сум била дете, уште откако дознав за нив, не престанав да ги слушам. Џон во песните звучи како енергичен човек на сцена со вечен младешки дух во себе. И сега истиот тој човек го гледаш со побелена коса и остарено лице како споро и со променет глас ја пее It's my life... Не е истиот вајб кој го добиваш од оригиналната песна. Не е воопшто полош, но многу поинаку те погодува. Особено стиховите ....I ain't gonna live forever I just want to live while I'm alive... испеани со тој треперлив глас од човек кој душата и младоста си ја оставил на сцена ти прават една мала грутка во душа.
Од седење дома и неправење ништо човек секакви мисли го опседнуваат, кога ќе ми текне порано во какви ''депресии'' запаѓав , денес ми е смешно, од главата си пати човек.
Се договараш со другарка да излезеш и тоа на нејзина иницијатива и еднаш не може, друг ден пак не може, трет ден ја нема меѓу живите. ОК е девојко, одлучи што сакаш па побарај ме, ама тогаш не сум сигурна дали ќе ме најдеш. Преку глава ми е од луѓево што не знаат што сакаат и лажат. Еден по еден ги отстранив сите такви. Не ми е потребен тој стрес во животот.
Секогаш има светло на крајот од тунелот,само треба да поминеш низ милион ситници за да стигнеш до него. Патот е трнлив,но исплатлив.
Стравот не' спречува да погледнеме реално на нештата. Кога ќе се ослободиме од стравот, симнуваме од себе огромен товар, и ни се отвораат сосема нови, пошироки перспективи. Стравот е бесмислен. За жал, тој е најпогодна алатка за манипулација.
Потребен ми е разговор кој ќе ми ги размрда мозочните клетки, кој ќе ја разбуди фантазијата и креативноста во мене. Таков разговор имав со тебе другарке. Сакам за миг да се вратам во деновите кога зборувавме за сè и сешто, за наука, за книги, за желби и разочарувања. Имам толку многу за кажување, но нема кој да ме сослуша овој пат.
Самотијата за мене не значи осаменост. Тоа ми е време за одмор, полнење на батерии, уживање во друштво со моите чувства, мисли, бујна фантазија. Тоа ми е време кога јас сум вистинската јас. И бесценето ми е!
Во Пештани сме без струја и интернет од 15ч. Дојде 20мин прееска и толку беше. Срамота е на туристичко место да не знаат да поправат квар и цел ден струја да нема и ни 4џи да не фаќа, а да бараат цени и за струја и за смештај ко да си во Њујорк. Малце се пренециле нашиве, за толкави цени треба и да нудиш добра услуга. Мојата чудесна земја.
Уште еден млад живот згасна поради нечие невнимание,нечија себичност,нечии глупирања... Победил една болест,ама оваа заразава го утепа. Да ви се плукнам во паметот што го имате(или поточно што го немате) вие несовесните. Дали треба да умрат 99% од граѓаните за да ви текне дека вирусов е опасен и смртоносен?
Пред некој саат само што се вратив од градскиот парк во Скопје. Многу интересна ситуација ми го исполни денов и дојде како круна во последниве неколку анксиозно-депресивни денови На едно од сепарињата каде што седевме јас еден мој близок пријател, двајца познаници и девојката на едниот од познаниците, ни пријдоа прилично помладо друшто (барем на прв поглед) и нешто коментираа меѓу нив. Последната реченица што ја чуб беше : ``...... ајде барем со нив да се запознаеме и така досадно е да седиме цело време сами. ``- нешто во тој фазон. Тие беа 4 девојки и едно момче т.е. целосна спротивност од нас. Една од девојките како најхрабра истапи од друштвото ни пријде со испружена рака и првин со мене се поздави и ни се предстви како се вика Другите девојки од друството и искоментираа нешто како : ``Остави ги на раат луѓето и така безврска им дојдовме``. Мојот пријател прв се представи како се вика (инаку тој има многу слично име на моето со разлика од една буква). Кога јас се поздравив и и се представив на девојката како се викам, момчето од нивното друштво кажа дека исто се вика како мене. После оваа интерсна коинциденција и кратка интеракција најверојатно се засрамија и се повлекоа да продолжат кон паркот. Ние ги поканивме да ни се придружат доколку сакаат но тие културно не одбија. На крајот од нивниот разговор најхрабрата од нив ја слушнав како искоментира кон нејзиното друштво нешто во стил : `` .... не е тешко да се почне разговор со непознати доколку те прифатат или знаат да ти направат муабет...``. Од целава ситуација многу е јасно дека на никого не му беше а и сеуште не му е кејф отуѓеноста и затвореноста од околината или од непознатото во случајов. Само треба малку храброст и убава мисла Па оваа прилика сакам да ја искористам доколку некоја од девојките или момчето е на форумов и се препознае во случкава има thumbs up и голема поддршка за понатамошно запознавање и ширење на позитивна енергија. П.с. За утре ако сте за пиво да пиеме слободно пишете
Ако некој нешто Ве замолил/прашал/побарал фино е да излезете фер и да одговорите (посебно ако се работи за нешто битно), оти секогаш има обратна ситуација.
Не сум свесна колку сум заљубена во Скопје се дур не го напуштам на неколку дена. Не би го сменила за ниеден град.
Кога ќе останеш без некого во животот, прво и најбрзо бледнеат и се губат лошите спомени, моменти, муабети, кавги... Она што останува се убавите работи.... Убавите муабети, местата кај што започнало се, кај што се пиело кафе, прв бакнеж, местото кај што сте се чекале, скришните места што будат незаборавни спомени а крај кои поминуваш секојдневно... Само тоа останува... и ебано боли.. Се надеваш, ќе престане... ама само се надеваш... Живот... тоа е...
Изминатиот период созреав многу. Ставив крај на многу мои маани, лоши навики, и денес направив драстична промена во мојот изглед почнувајќи од косата, облеката. Се чувствувам како нова. До мене се и родителите, мирна сум и спокојна, знам дека можам да се потпрам на нив. Сега можам да спијам мирно, заслужив.
Зошто луѓето толку тешко си признаваат вина? Што ако згрешиш, што е тоа толку страшно? Јас, лично, секогаш полесно им простувам на оние што си признаваат отколку на оние што се прават светци и те лажат во очи. И повеќе ги почитувам.
Откако се вратија моите дома не дозволувам прашина да падне врз нив. Сите обврски ги превземав јас. Ако, убаво ми е. Ако сум уморна. Сакам тие да одморат. Не ми е тешко. Само тие да бидат добро. Така и јас сум добро.