Момче од Македонија снимало за Тик-Ток како пали грмушки Луѓево за повеќе следачи и лајкови ќе направат буквално сè. Се прашувам колку ќе беше понормален животов да ги немаше социјалните мрежи.
Спојлер Статусов малку ме насмеа и малку повеќе ме потсети дека всушност никогаш не сум посакала да одам на некоја толку ексклузивна дестинација. Можеби би ми се допаднала, но не знам зошто не ми е ниту најголема желба. Воедно ми отвори дилема каде сакам да патувам прво, откако ќе се создадат услови за тоа. Воопшто не сум личност која премногу ужива во летните одмори. Да, убав ми е и мирисот на море и шетање покрај плажа во доцните часови, но топлината во текот на денот ми е неиздржлива. Утринското изгрејсонце на плажа ми е поим за мирување и задоволство. Сите патувања во останатите годишни времиња пак, ми претставуваат едно поинакво доживување на градовите, државите, местенцата посетени. Есенски патувања имам најмалку, а би сакала да ги имам највеќе токму нив. Целиот колорит на природата, симболизам на почеток за мене, сончеви и дождливи денови, сето тоа можам да кажам дека ги претставува моите емоции на одреден начин. Си замислувам најволшебни дестинации за посета, микс од музика, уметност, архитектура, мириси, вкусови, инспирација и креативност на духот. Можеби годинава, можеби идната. Едвај чекам.
Има такви кои не веруваат во Ковид 19... Добро. Убаво е што не сте заболеле вие или ваши блиски. Си знаат оние кои завршиле во болнички кревет, си знаат оние кои изгубиле блиска личност. Нивната реалност не сте ја виделе, па сте вакви распашани. Искрено се надевам нема на лош начин да се уверите во постоењето на вирусот. Иако треба нешто да ве освести. За вас, да не останете затворени кутии. Балканштина...
Време е да ставам точка на местото на кое долго ставав запирка. Време е да ја затворам книгата, а не само да ја свртам страницата. Време е да ти простам тебе, и уште поважно, да си простам себе. Време е веќе да не се вртам назад. Благодарам за спомените, и лоши и добри. Благодарам за секоја лекција. Овојпат е збогум, а не догледање...
Кога ме будат грмотевици и звук на капки од дожд, за момент мислам дека сум во хотелска соба во Лондон.
На некои луѓе не им е јасно зошто сум била таму,не било убаво... Секој си го бира патот каде да оди,океј?!
Јас и тој сами гушнати, неговите четири мачки исполегнати на нас спијаат, на телевизија ја гледаме емисијата "Космос" со Нил Деграс Тајсон. Посовршен дејт од ова не ми текнува.
Пес, веќе ми се умира, со твоето однесување не ми помагаш да сакам да живеам. Плс, среди си однесувањето, ми треба супорт енимал. Фала.
гледам хејтаат социјални мрежи а не помислуваат дека понекогаш се корисни. Пример гледаш што објавува некој и одма ти текнува колку му е умот
Она кога ќе изгледаш едно видео, ќе прочиташ една книга и ќе слушнеш некој муабет и мислиш дека си се просветлил, си се "надоградил" и дека си излегол од некаква кутија, а уствари си се затворил во уште помала од претходно...некогаш ми е жал за некои луѓе ама па ми текнува дека мора секакви да има на светов и ми станува полесно.
Си ја сретнав матичната докторка од детство шо ми отиде у пензија после толку години и ептен ми падна мило што ја видов и многу фин муабет си направивме. На 70тина години колку е витална и активна, иста си е, па како трчаше по внуците, весела, полна со живот, значи ретко жена што толку зрачи со позитива и енергија. Ко мала бев нежна, па доста време проаѓав кај неа за прегледи, а и од настинка одма проблеми имав со ушите, па мораше да сум под антибиотик и одев да ми препишат антибиотик и да ме прегледаат секако. Е, лето бев здрава ама толку многу ја сакав и неа и сестрата што одев така да ги посетам за време на летните денови. Си играв со стетоскопот, па ми даваа рецепти и да им ставам печати, цела бев ќејфови, дури и при прегледи на пациенти некогаш ме оставаа да седам, па мали дечиња гледав како прегледуваат, мислам немаше кој не ме знае во маалската амбуланта. Седев со саати со нив, ептен ме сакаа и они, а и со плачки моите ме носеа дома и се чудеа како толку доверба имаат во мене што ми даваат да ставам печати на рецепти, а јас толку мала, нејќев да си одам од што ми беше убаво со нив. Секогаш викаше докторката на моиве "многу паметно девојче е, ќе видите дека кога ќе порасне ќе ме замени мене". Не знам дали имало дете што толку сакало да оди на доктор ко јас. Ама па убаво ми беше. Толку го сакаа и докторката и сестрата тоа што го работат, толку добар тим беа, што мислам и мене ми пренесоа од љубовта кон медицината од мали нозе. Децата на матичната нејќеле да се доктори, вика докторкава не ме наследија, на татко им биле повеќе , па се испорадува кога слушна дека навистина сум се насочила кон медицината и не згрешила во впечатокот кога сум била малечка. Поседовме 15тина минути во парк, ми пренесе од позитивната енергија, ме охрабри да продолжам да го правам тоа што го правам и цел ден сум некако расположена ради истото. Убаво е кога ќе сретнеш лик од детството што толку многу си го сакал и за миг ќе се потсетиш на тие детски денови.
Многу си љубоморна, за ич ништо љубомориш. А, колку си па провидна дека љубомориш не си свесна. Детски памет.
Кога ќе кажете Не завршете го разговорот. Секој следен збор значи оправдување што не го должите никому.
do onie sto maltretiraat kucinja ili se plasat od kuce nosete si so vas sise voda ..samo malku prsni go odma bega
Сакам да кажам, дека требаше вирус да фати и карантин со границите за сите да се стават во танга по плажите во Македонија. И не сме биле така затуцан народ, кој само у грчка, Малта и дубаи се сунча по танга и топлес, требало само граница да затвори некој. Секоја чест за храброста. "Можеме" "ќе не биде"