Уф што убаво ми дојде што се дистанцирав од многу ситуации, дискусии, губење напразно време на некои работи, што исклучив нотификации од многу места и не дозволувам никој и ништо да ме вознемирува. На душевен одмор сум!
Со дечко ми имавме денеска обврски да однесеме пријави и индекси за оцени да земеме по предмети, викаме таман ај ќе средиме тоа и ќе се видиме и ние. Одиме прво на негов факс, остави пријава во сандаче специјално направено за тоа, даде индекс на професор, одма зема оценка и за 5мин завршивме. Одиме на мој факс, едвај најдовме кај е институтот, па на влез затворено, жив човек нема у 10 сабајле, 10мин стоевме ко мисири тропајќи, заклучено, дојде една колешка и се откажа зашо не и се чекало. Му викам, а, нема шанса, доаѓам на жешково, има да најдам начин да влезам, не си одам дур не го внесам индексов. На прозор видов една единствена жива душа на институт, па преку прозор и го дадов индексот и тек којзнае кога ќе ми бил готов ама бар успеав да го однесам, да не биде џабе идење. Искачаме, дечко ми ме глеа таков зачуден и вика: "Од врата не те пуштаат, од прозор влегуваш, види ја упорноста, а и немам зборови каква неорганизираност владее кај вас, секој пат кога доаѓаме се мачиш со вакви работи, ова е стварно челичење нерви, те разбирам зошто често си у последно време нервозна". Заклучок на денот, упорноста секогаш се исплати. Добро де, речисии секогаш...
Денеска требаше да излезам во град ама ништо, толку се изнервирав сакав од сабалје да се видам со дечкоми на камера ама не бил домаабе ајде и мене кога ми тргнало нешто од рака
Како човек да докаже и покаже дека луѓето кои постојано се жалат се и повеќе од досадни? Мислам дека и позитивна и негативна енергија ми ја исцрпуваат негативците, ок е, немате само вие проблеми, многу подобро е кога човек понекогаш и знае да се пошали на негова сметка, на крај краева колку сурово и да звучи никому не го интересираат туѓите проблеми, немам ништо против, некој да сподели проб со мене, напротив , ама некој да ви се жали на секој можен збор, претеризам.
Не знам на кој јазик да и објаснам на госпоѓава позади мене дека social distance е многу битен фактор особено кога чекаш ред.
Кога сакаш да надминеш некој, успех не се стекнува со оцрнување, туку со дела. И секогаш имај на ум како си почнал, што правиш и како се однесуваш.
Кога ќе почнам повторно комуникација со личности што сум ги игнорирала, одново си ги оправдувам причините за игнорирање.
Сите знаат да речат дека само тие сите ги ислушувале и советувале кога е потребно, дека само тие го впиваат секој туѓ проблем и фрустрација, ама забораваат дека во одреден период од животот и тие се наоѓаат на обратната страна, ама пустото тоа како да го забележи некој полн со јас, јас и само јас
Кога го препуштаме срцето во нечии раце, ризикуваме да бидеме повредени, но поризично е никогаш да не се препуштиме на чувствата. Тоа е изгубено време и изгубен живот.
Она кога недела дена пред испит ти стига меил од професорка дека за порано го поместува испитот. Мини срцев удар добив, исусе, ќе има ли една недела кај шо ќе живеам без стрес оф... Зошто прават вака...?
На фемина сме собрани сите најневини, најпоштени, едноставно идеални. Кај нас чини се' кај другите ништо. Посебно во ситуацијава, ние се придржуваме кон сите протоколи за заштита, ние ова, ние она. А верувам дека повеќе од пола или седнале на кафе у кафич или јаделе во менза/кафана со колеги или пуштиле деца да си играат у парк АМА битно тука сите се светици.
Брат ми таков среќен трча низ стан и ми кажува дека симпатијата му се јавила. Го прашувам, добро зошто баш таа ти е симпатија, нешто сакав да го зафркавам малку. Брат ми: Многу е паметна, најмногу знае од девојчињата во клас, сите и се 5ки и математика решава задачи за 2 секунди, а и убава е. Сфатив дека ја свиѓам кога не знаев една задача и она ми ја реши, па и ми се насмевна. Ех, да беше се толку искрено и чисто и кога ќе порасневме.
Кога бев основно сите девојчиња ме сакаа и бараа, а после престанав да им решавам задачи по математика.
Пред некоја вечер кога бев сама сонував дека ми влегол крадец и ми го украл телефонот. Јас сум плачела и се разбудив препотена. Денес прочитав дека во Буџиба крадец влегол преку прозор во стан на први кат и им ги украл телефоните на девојките кои спиеле во моментот и не го ни сетиле. Среќа па не ги силувал. Срцево во петици ми е,порадо со клима ќе спијам неголи со отворени врати. Боже чувај не.
Најинтересно ми е кога отворам да читам ‘ Совети од МАШКА страна за сите девојки’ а советите се од девојки
Научив со текот на времето да ги распознавам вистинските од лажните пријатели. Кругот на личности околу мене го намалив. За некои ми е жал, за некои воопшто не ми е. Сами се виновни што не се дел од мојот живот. Да знаете, убаво е да си прочистувате лицемери од животот од време на време.