Периодов не излегував многу од дома. Ми се променија мислите за луѓето на подобро. Денес решив да излезам и една стави протези и си отиде без да ги плати, докторката потрча по неа, а таа имаше изговор дека нема скршен денар и не знаела дека треба да се платат. Па и ги вадеа протезите. Друг се вози без карта во автобус, влегува контрола, овој вади се од ташна за да ја најде слободната, па виде дека не може да се извлече и реши да купи карта.Контролерите го симнаа, тој фино лагано си стави слушалки и почна да бега. Циркуз без пари.
Сдк Аман веќе нека си ги приберат децава по школите.... од март навака улицава во забавен парк ми е претворена. Точаци, тротинети, пискави играчки, се довикуваат од сабајле
Најнесебично нешто е да сакаш некој да е среќен, искрено онака, иако можеби тоа нема (секогаш) да те вклучува тебе. Да се радуваш за нечија среќа како за твоја...
Многу ми се интересни ова дијаспорциве. Го следат секој чекор што се дешава тука, за се имаат коментар. Избегале „ради менталитетот“ кој впрочем самите во себе го имаат во големи количини. Вашето мислење за тоа шо ни се дешава не е битно, верувајте.
Седам во дневна соба и реков ајде да слушнам што кажуваат на вести. Настани што го обележаа денот: -момче објавило на тик-ток како врши физичко насилство врз негов врсник; -искачувањето на врвот на Галичица почнува да се наплатува. ... ОК.Гасам ТВ.
Седам, читам книга и ми течат солзи. Книгата не е тажна воопшто, напротив е многу убава. Толку убава за да ја споредам со реалноста.
На денешен ден, пред точно пет години, бев примена на факултетот што ми беше прв избор. Се сеќавам колку бев среќна тој ден, тоа за мене беше еден чекор поблиску до поставените цели. После 10тина дена заминавме со татко ми да ги однесам документите и да се запишам. И после точно една недела веќе бев спакувана и сите заедно заминавме да се сместам. Тие си заминаа и јас останав сама. Оваа го немам кажано никогаш, ниту на нив, ниту на никој друг, дури ни на самата себе, ама да, не беше лесно. Сама, во голем, непознат град. Во наредниот период сфатив што значи да бидеш возрасна, независна и одговорна личност. Во наредните години имав секакви моменти, стрес и нервози, носталгија за дома, непроспиени ноќи. Ама, ете, помина. Сега сум речиси на крај, и се сеќавам на тие денови на возбуда и очекувања како да беа вчера. Уште само малку и ќе бидам уште еден чекор поблиску до мојата цел.
Комшија на колешка на мајка ми се обесил вчера.... Останал без работа, плата немал земено веќе некое време, а имал долгови. И онака живеел некој скромен живот, ова премногу му дошло. Веројатно имал и други проблеми ама изгледа беспарицата ја прелеала чашата. И гледајќи како државата кур не ја боли за тие што моментално крај со крај едвај врзуваат, тешко ми е и грдо да речам ама - во иднина ќе гледаме вакви случаи, за жал. Фамозното пари не се побитни од живот многу е лесно да го кажеш кога легнуваш во кревет најаден и облечен без да мислиш како ќе биде утре. Зашто пари не се битни за живот, не ич. Немам што да кажам. Тешко на фамилијата негова...
Јас сум ви уствари чуден човек кој некои работи како на пример “сум дала на некое машко поголема чаша,а јас сум ја земала неговата помала” не ги дефинирам како флерт туку како обична едноставна работа.
Ми недостигаат летните ноќи поминати во чилање на тераса читајќи некој роман и пуштање на мозокот на пасење. Ми фали да имам време за себе...
Дали адаптативната способност во услови на ограничена опција може да се нарече среќа кога спротивната варијанта поттикнува тензичност и дисхармонија? Во некои моменти немање избор е поголем избор од неадекватна одлука.
Си легнав у 6 и станав едвај у 10 за да го поминам цел ден учејќи. Уствари откако станав го поминав у борба да не заспијам и си паѓам врз книгиве. Да преживеам до утре до попладне и после има да спијам 3 дена и никој да не ме побарал и вознемирил!